Девојки, Оптика Ицо во среда ќе отвараат уште една оптика на зелен пазар и ќе има од -30% до -50% попуст. Одредување диоптрија, рамки, очила за сонце, леќи... Знам дека темава не е за попусти, ама може да е од корист
^ Ко што сум малер овој месец со леќиве, една скинав, купив нова, сега викендов ја загубив другата, ова убаво ќе ми дојде
Сакам да си купам нови наочари (со диоптер), па бидејќи одамна немам купувано, сакам да ве замолам да ми кажете каде се во градов има оптики со добри (и најнови) модели, цената не е битна. ФАЛА однапред!!!
Од препрана возраст започнав да носам леќи(11-12) и се навикнав на нив дури ако прескокнам ден без да ги ставам чудно е, едноставно навика, за среќа се прилагодив на нив. До сега носев безбоојни оваа недела ке си купувам во боја (мислам редно беше) е сега прашањата: Дали е истата рутина за леќите во боја и проѕирните? Отприлика има ли разлика во цената (во боја да се поскапи)?
Од препрана возраст започнав да носам леќи(11-12) и се навикнав на нив дури ако прескокнам ден без да ги ставам чудно е, едноставно навика, за среќа се прилагодив на нив. До сега носев безбоојни оваа недела ке си купувам во боја (мислам редно беше) е сега прашањата: Дали е истата рутина за леќите во боја и проѕирните? Отприлика има ли разлика во цената (во боја да се поскапи)? [/quote] Штетно е, може да предизвикаш инфекција/иритација на окото. Како е дури можно ако е скината да не те боцка,штипе.. Јас така веднаш фрлам
Рутината е скроз иста, а за цена не се сеќавам веќе долго само проѕирни носам, со тие во боја по некое време кога ќе се видев во огледало имав осет ко да ми се пластични очиве
Не гледам на далеку, треба да одам на преглед, сигурно ќе треба да носам наочари или леќи... само не знам што ми е подобро... што би ми препорачале да земам?
StEfAnIjA-84 Јас мислам или само наочари, или наочари и леќи, бидејќи леќите може да се носат по околу 8 часа, а остатокот од денот ако го поминеш без ништо само полошо ќе си направиш. Плус, некогаш ќе те мрзи да ги ставаш леќите. Можеш да купиш на пазар наочари поевтини што ќе си ги носиш само дома. Не се секирај, не се шкарт, туку имаат и оптика, таму само продаваат рамки.
До сега сум била кај тројца доктори и сите истото ми го кажале. Има и леќи со кои може и да се спие, али јас зборувам за тие што се користат најчесто, 2000-2500 ден. за три пара по два месеци.
Едно прашање до оние кои носат леќи со траење од еден месец. Значи докторката ми рече да земам нови на точно еден месец и секако така направив, еве сабајлево почнав нови - но ме интересира дали секогаш се држите строго до датумот или си дозволувате неколку дена плус? Бидејќи иако помина месец, јас не чувствував никаква промена кај старите, ниту ме пецкаа очите, ниту имав црвенило, ништо, си ја вршеа работата добро како и првиот ден... затоа ме интересира. Информација плус, користам DISPO меки леќи, во жолто кутивче... Инаку, ми беше жал сабајлево кога требаше да ги фрлам старите, бев емоционално приврзана со нив, ги чувствував како дел од себе, и буквално ми беше жал да ги фрлам...
E имало и такви супер, јас такви на еден месец ќе земам овие на два месеци ми се и ми се појавува црвенило на очи, солзење, а и еден соученик исто ко мене него не му даваат веќе леќи. Јас моите ги менувам на 1 месец преку сила 1.5, во јуни одам одма на лекар. Мама ги носи и по 3 месеци (има исти како моите на 2 месеци) нема никаков проблем, така да ако и ти можеш носи ги и по 2 месеци. И мене ми е така жал, недоносени ги фрлам, какви маки трпам само за наочари да не носам сите ме прашуваат зошто плачам, зошто ми е ќеф бре.
Мене докторката ми рече дека со оглед на тоа што не ги носам цело време леќите (отприлика 10 часа дневно), можам да го продолжам рокот и наместо еден месец да ги носам два, освен ако не осетам некоја неудобност. Така правам веќе повеќе од 10 години, и засега не сум имала никаков проблем.
Здраво феминки. Веќе три години како носам очила и сега имам преголема желба да ставам леќи, но имам многу прашања па дури и страв ме фаќа да не тргне нешто наопаку. Сакам да ве прашам дали навистина е потребна премногу голема хигиена, да се избегнуваат зачадени простории итн. Можеби ќе ви звучи смешно но дури и се плашам дека кога ќе ги ставам може да ми останат во окото па да ми предизвикаат некое трајно оштетување или сл. Па може ли некоја да ми објасни нешто повеќе за нив и да ме охрабри малку бидејќи не сакам повеќе очила? Дали може да се шминка откако ќе се стават леќите или навистина не смее да се користи шминка? Инаку имам диоптер -3 на едното и -2.75 на другото.
Ако ти е за охрабрување од 12 години носам леќи значи веќе 4-5 месеци. Од почеток и мене ми беше страв, ама не се грижи леќата не може да остане во окото. Мене проблем што ми биле црвени очите ми била недоволната хигиена еве сега веќе недела дена по советите на мама стално рацете да ги мијам, бидејќи некогаш заборавав и леќата обавезно да ја мијам и течноста секој ден да ја сменувам, јас по 3-4 дена во истата ги чував и еве сега супер ми е. Не се ни осеќаат леќите само што сонцето пречи на нив па носи си наочати за сонце. Мој совет да си земеш леќи ни можат да ти наштетат ни ништо, само можат да ти помогнат. Поздрав.
И јас исто така носам од тие леќи,а мене напротив докторката ме охрабруваше ако можам повеќе да ги носам леќите,си купив вештачки солзи,па им го продолжувам траењето,ми се случило и по 2 месеца да ги носам,но зависи до временските услови,секако се осеќа кога веќе неможеш да ги носиш леќите,почнуваат по кратко време откако ќе ги ставиш да ти се мати видот,да ти се непријатни за носење
Имам едно глупаво прашање. Си бендисав едни многу убави наочари во една продавничка,ама диоптерот им беше +3,е сега јас сакам да си ги купам и да ги однесам во некоја оптика да ми ги смена,затоа што не ми одговараат. Прашањево ми е дали би ми ставиле стакла кои што ми одговараат мене,оти наочариве немат да бидат од оптика купени и сигурно не се квалитетни. И ако би ми направиле такво нешто,колку од прилика би чинело местењето на стаклата дали тоа дополнително се доплаѓа,или све си оди со цената од стаклата? Однапред фала
Зависи каде ќе ги менуваш, најверојатно ќе ти ги сменат, ама мислам треба од доктор да имаш потврда за диоптерот, да можат да ти ги сменат. Прашај ќе ти кажат, а ако се убави купи си ги, па најверојатно ќе ти ги сменат.
Таму каде што си ги нашла сигурно изработуваат и стакла. Инаку тешко дека ќе најдеш, освен ако имаат на истото место (другото кај што ќе отидеш) рамка со исти стакла.