Повторно јас... земав денеска леќи па сакав да прашам во врска со одржувањето бидејќи заборавив да ја прашам докторката. Дали секое сабајле треба да ја менувам течноста во кое се чуваат, дали треба да се мие тоа кутивчето во кое што се чуваат со вода или директно се менува течноста и дали леќите од кога ќе се извадат треба некако да се избришат или само да се стават во течноста? Ај ве молам некоја поискусна ако сака да ми објасни. Благодарам однапред.
^ Јас обично при секое вадење на леќите од кутичињата ја менувам течноста. Ама можеш по неколку денови да ја оставаш, не е страшно. Кутичето не е пожелно да го миеш со вода, туку со самата течност. Јас дури и дланките ги поминувам со течноста, поточно оние прсти со кои ја фаќам леќата и делот од дланката на кој ја ставам леќата за да ја измијам. Кога ќе ги извадиш леќите, измиј ги со течноста и стави ги во кутичињата. Не ги ставај директно без да ги измиеш, во случај да се закачило нешто на нив (на пример остаток од шминка).
Како сте задоволни од Прокулин средството за леќи? го користел ли некој? На акција е во еурофарм, кошта 264 ден. Ама не сум го користела до сега.
irena Јас ја користам, искрено не забележав разлика помеѓу оваа течност и тие што ги купував претходно по 800-900 ден. Сега се чудам како сум можела да давам толку пари. Добро што кажа за попустов, секако ми треба ново шишнце
Докторка има кажано дека воопшто не е добра за користење оваа течност, дури некои благодарение на оваа течност имаат стигнато и до болница. Значи не ја произведува алкалоид туку ја увезуваат течноста од некате а овде само ја пакуваат во вакви амбалажи. Од едно шише ништо нема да ти се случи но ако ја користистиш повеќе време не дај боже може да предизвика некоја инфекција на окото. Лично јас ја користев додека не знаев дека не е добра и не бев задоволна, како да не ми ги чистеше доволно леќите. Јас го кажав тоа што ми го имаат кажано за течноста па твое е дали ќе сакаш да ја користиш или не
Jас имам искористено повеќе од 3 шишенца такви и уште ништо не ми е, а и не верувам дека Алкалоид би си дозволиле да стават свој печат на нешто така неквалитетно.
И јас ја користам, до сега никаков проблем не ми направила. Некоја девојка имаше пишано за Диспо леќите - другарка ги користеше и после 4-5 саати носење очите и се вцрвенуваа и мораше да ги извади. Сега си користи и таа Bausch & Lomb ( имам слика ставено неколку страни наназад) и е задоволна. Сакав да прашам, да не знае некој дали има во Оптика Ицо од тие ‘‘ пинцети‘‘(пипети) за ставање на леќи? Знам дека на фејсбук страна од некоја оптика налетав на таква слика, ама се утепав барајќи не можам да ја најдам сега.
АОSEPT раствор за леќи користел некој? Ја гледав понудава на Групер, одговара за цената, па сакав да си го купам комплетот. Пред некое време купив купон од истата оптика, само што понудата беше за еден пар леќи и Solo Care. Сега гледам слична понуда ставиле, плус уште еден раствор. Пишува дека со АОSEPT растворот доаѓа и некаков си уникатен сад за чување. А гледам и дека е малку специфичен за користење. Долу пишува важни препораки за користење: 1.Никогаш не користете друг сад за леќи. AOSEPT PLUS мора да се користи со специјалниот сад во пакувањето. 2.Затоа што на растворот му треба време да се неутрализира, никогаш не ги вадете леќите од садот пред да поминат 6 часа. 3.Никогаш не ги плакнете леќите со AOSEPT PLUS пред да ги нанесете леќите во Вашите очи. Ако сакате да ги исплакнете леќите употребете стерилен физиолошки раствор. 4.Никогаш не капнувајте AOSEPT PLUS директно во Вашите очи. Го користел некој?
Баталете ја оваа Прокулин, капките се ок ама течноста не дефинитино. Цели 3 месеци се мачев со очите правев пауза од леќи, не знаев што ми е, ми се вцруваа одеднаш за саат два тоа поминуваше. Прво ме лечеа од бактериска инфекција, па видоа дека и покрај сите капки мене истото ми се случуваше, направив брис од око и испадна негативен. Па некои солзни канали сакаа да испитуваат и конечно ми рекоа да почнам постепено да ги носам почесто леќите, за да се види дали е можеби алергиска реакција. На крај испадна дека на течноста ми реагираат очите, па се лечев уште цел месец со капки за алергија.
Па сите луѓе не се алергични на иста супстанца, еве на некои им е добра и немале никакви последици, вклучувајќи ме и мене. Тоа си е индивидуално.
Јас го користам Прокулин веќе подолго време и никакви проблеми не сум имала до сега. Ја имам прашано и мојата докторка и ми кажа дека е добар растворот, имала задоволни пациенти што го користеле, додека па на други очите им ги сушел, сепак индувидуално е тоа.
Девојки, дали има некои леќи што може да се употребуваат подолг временски период и да не мора да се менуваат на 2-3 месеци. Не сум информирана многу на темава леќи и би ве замолила некој што користи леќи да ми пише. Благодарам. Инаку носам очила, но не ги сакам воопшто.
Има леќи за 6 месеци но овие што се менуваат на 2-3 месеци ми се некако похигиенски а со цената се тука некаде. Овие месечните во зависност од фирмата ги добиваш по 2 или 3 пара во пакување што значи и нив ќе ги носиш 6 месеци само што ќе ги менувс на 2-3 месеци.
makedonkamak тие јас што ги користам се за 6 месеци, во кутивчето има 3 пара, секој се носи по 2 месеци (можеш и по 2 и пол да ги тераш) и се 1900-2000 зависи каде. Во две оптики бев (Геталдус и нз како беше другата) и овие ми ги препорачаа, сините десно. Ги користам од 8мо одд.