Контактни леќи или очила?

Discussion in 'Здравствени проблеми' started by OrdinaryGirl, Jun 26, 2010.

  1. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Joined:
    Apr 14, 2011
    Messages:
    117
    Likes Received:
    169
    А цената на леќите како се движи, и дали можете да ми кажете нешто повеќе за тврди, полутврди и меки леќи? :)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,129
    Gender:
    Female
    Значи најважно е што ќе напише оптичарот.
    Ако е некој необразуван, може да ти тупне и некои безвезни леќи погрешно центрирани и со лош диоптер, па да те зезне за сите пари.
    А цената на леќите варира, во зависност од тоа колку долго може да се користат и изработката.
    Моите леќи на пример се двегодишни, зошто имам астигматизам, полутврди се, и една ме чини околу 3000 денари. Од друга страна па, има меки, за месечна употреба што чинат 1000 денари.
    Затоа тие што сте заинтересирани, најдобро е да се консултирате со оптичар, какви леќи ви одговараат, и потоа ќе си прашате за цена.
     
  3. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    184
    Likes Received:
    71
    носам очила скоро 9 години, а и добро ми стојат, но може понатака би ги заменила за леќи.
     
  4. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    843
    Likes Received:
    765
    И јас долго носев очила, околу 4 години ама ги мразев и неможев да се гледам со нив. Затоа си појдов на офталмолог и кажав дека сакам да пробал леќи. Прво ми дадоа да пробам да видат како ќе лежи на окото, дали ми одговараат и сл работи. Потоа си купив и носам леќи без никаков проблем веќе 1 и нешто. Светот ми стана поубав со нив :D
     
    ViKtOrIjA21 and Rock-a-Fella like this.
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2011
    Messages:
    1,392
    Likes Received:
    1,383
    Јас вчера си купив наочари, и премногу сериозно изгледам со нив. :|
    Ќе ги носам на факултет, морам бидејќи ништо не гледам. :worried:
    А ако се полоши ситуацијата, се зголеми диоптерот, тогаш сакам леќи...
    Аман, уште не се ослободив од протезите, па и очила-NERD! -.-
    sh*t happens -.-
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,981
    Носев и леќи и очила.

    Леќите се нешто, не знам, генијално измислено. :D Секоја чест за тој што ги измислил. Само, мене ужасно многу ми пречеа, не се случи да ги носам два дена последователно. Веројатно тоа се случуваше или заради алергијата или заради Диане35. Да да, пишува на Диане35 дека е можна нетолеранција на контактни леќи. Се случуваше на сред час на школо да морам да ги извадам, или пак ако ги ставев за да испаднам, не можев да се шминкам со нив. :x

    Затоа,си купив наочарчиња. Таман ми се, не се жалам, изгледам многу... хм, урбано со нив. :rofl: Повеќе ги гледам како моден додаток отколку како помагало. Денес има секакви оквири, не знаев што попрво да одберам. :lol:

    Би сакала некој ден да одам на ласерска корекција на видот. Е тоа е лекот за мене. 8)
     
  7. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2011
    Messages:
    377
    Likes Received:
    98
    леките се нешто измислено за подобрување на видот. искрено мене ми се подобри иако многумина ми велеа несе подобрувал минусот . финтата е тоа што треба да се издржат тие 2 недели со пецкање црвенило итн . па потоа нема ни да се осекаат на очите . многу практично си ги ставаш наутро и до вечер мака немаш си гледаш супер не те боли главата и не забушаваш во носењето .
    тоа е моето искуство со меките леки
    поздрав
     
  8. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2011
    Messages:
    181
    Likes Received:
    109
  9. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    198
    Likes Received:
    39
    Јас имам долго искуство и со леќи и со наочари. Веќе 4 години како носам контактни леќи и сум презадоволна, а претходно носев 2 години наочари и многу ми сметаа (бев принудена да ги носам постојано наочарите дека имав 3.5 диоптер и се ми беше матно без нив) Ко прво наочарите ограничуваат да гледаш низ рамките, а со леќите се отвора цело видно поле. Кој носел може да ја примети разликата. Друга работа што многу ме нервираше кај наочарите беше тоа што ако сум искочена надвор и заврне, ти прска дожд во очи и се натопуваат наочарите треба да ги бришеш на секој чекор.. тапа работа.. Трета работа доколку отидеш на одмор негде и посакаш да се бањаш во море, езеро или слично мора да внимаваш да не ти се натопат дека нема да гледаш или да не ги изгубиш. Четврта работа и доколку не си во вакви услови едноставно несакајќи да ги допреш стаклата на наочарите одма треба да ги вадиш да ги чустиш и петта работа доколку си на журка некоја треба да внимаваш да не те мавне некој и да ти се скршат и уште ред други работи.
    Од друга страна со леќите ми е супер. Користам месечни дека ми е најхигиенски, користев порано годишни али тие не издржуваат повеќе од 2-3 месеци ако ги користиш секој ден по цел ден ко што ги користам месечните. Со месечните имам и спиено навечер и патувано во автобус по 15-16 саати и воопшто не ми сметаа, немав никаков проблем. Само се сушат кога ке се разбудиш сабајлето али не е страшно, само им ставаш неколку капки од течноста и уживаш. Со леќите можам и да се бажам и во море кога одам на одмор и супер ми е. Секако треба да се внимава да не ги загубиш во вода и нормално не смееш да гњуриш со нив без маска за под вода. Треба да внимаваш многу на хигиената, со чисти раце да ракуваш со нив и да користиш специјален раствор, но тоа после долго време употреба ти станува навика и не ти е никаква потешкотија да го правиш.
    Инаку леќи не се препорачуваат за луѓе со мал диоптер, не знам зошто но тек кога ми се покачи диоптерот над 3.0 ми дозволи докторката да носам леќи. Затоа пред да решите да користите леќи обавезно обратете се кај доктор.
    Ако имате некои прашања слободно прашајте ме :)
     
    magnolia likes this.
  10. woow

    woow Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2011
    Messages:
    187
    Likes Received:
    88
    Веќе 9 години носам леќи и сум презадоволна. КОга прв пат приметив дека нешто не ми е добро со видот, испадна дека едното око ми има баш сооолиден диоптер, а другото око многу мал. Единствениот лек беше да носам леќи, затоа што наочари беше невозможно да се усогласат рамките со стаклата за двете очи.
    Секако, пред да ми одредат какви леќи треба да носам, прво прегледуваат дали твоето око може да поднесе леќи (одредуваат диоптер, кривина на око и што знам уште не). Потоа ми одреди докторката да носам меки леќи годишни, но потоа ми ги смени на месечни.
    Денеска благодарение на леќите функционирам одлично секаде, и никој не може да ме примети дека уствари имам толкав диоптер. Што се однесува на хигиената, не е некоја филозофија.Нормално на сабајле кога ќе си ги измиеш рацете, веднаш за неколку секунди ќе си ги ставиш леќите, и раат си цел ден. Исто и навечер. Не гледам никаква тешкотија околу тоа.
    Дефинитивно леќите се спасител на тие со голем диоптер. Да не се тие, замислете какви наочари би носеле, боже сачувај тегли (зборувам за мене)... :(
     
    Feminkaa likes this.
  11. neltu

    neltu Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2011
    Messages:
    45
    Likes Received:
    9
    Јас знам нешто повеќе за оптиката, бидеќи тоа и ми е струката. Па еве ќе ви кажам нешто повеќе.

    Кај користењето на овие леќи најмногу внимание треба да се обрати на начинот на нивното користење, хигиената и рокот на употреба. Не е ретка појава да се инфицира окото и да дојди до појава на конјуктивис (воспаление на очните капаци). Леќите се употребливи од 6 месеци до 1 година, во многу ретки случаеви до 2 години. Козметичките леќи ги има во сите бои и форми

    Поточно леќите се делат на меки и тврди.

    Тврдите контактни леќи се поставуваат да го прекријат централниот оптички дел на рожницата.
    Основни причини за нивна употреба се висока миопија (кратковидост) ,астигматизам, голема анизометропија (двете очи имаат различен диоптер) и афакија (око без леќа).
    Поставени на рожницата овозможуваат подобра острина во однос на обичните очила.
    Негативности на тврдите леќи се во тоа што не допуштаат доволно кислород до рожницата, и притоа температурата се намалува за 2 степени, и сето тоа доведува до инфективни оштетувања на ткивото на рожницата. Со цел да се спречи оваа појава се употребуваат леќи со помал пречник и максимално носење до 16 часа.

    Со меките контактни леќи се решени некои од погоре наведените недостатоци. Низ нив се внесува доволно кислород, се еластични и многу тенки. Можат да се носат и до неколку денови без вадење. Недостатоци му се тоа што лошо го корегираат астигматизмот и може да дојди до појава на некаква инфекција.

    Разлики кај очилата и леќите.
    Кај острината на видот - класичните леќи (очила) не можат да се постигнат целосна корекција на рефракционата аномалија. Додека кај контактните леќи се постигнува подобра острина на видот кај високите рефракциони аномалии.
    Видното поле - класичните леќи (очила) имаат ограничена ширина поради оквирот. Додека кај контактните леќи видното поле е скоро како кај нормалното око.
    Големината на сликите на ретината - класичните леќи (очила), минус леќите го намалуваат ликот а плус леќите го зголемуваат. Разликата на дипоптрите меѓу двете очи може да се поднеси доколку е до 3.00 диоптри. Додека кај контактните леќи на ретината се ствара слика приближна на големината на нормалната.

    Се надевам помогнав до некаде. Ако треба совет пишете.
     
    Marcey likes this.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,173
    Gender:
    Female
    Јас сакав нешто да те прашам. :$
    Јас од октомври лани негде носам наочари, затоа што матно гледам од далеку.
    Едното око ми е 0.75 а другото 0.50 мислам дека. Ама наочарите малце ме нервираат кога ги носам, многу се заматуваат, треба многу почесто да ги бришам.. И сакав да прашам за тој диоптер какви леќи се носат? Тврди или меки? И колку од прилика им се движи цената? :$
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,524
    Gender:
    Female
    Еве јас ќе ти одговорам, ако може ;)
    Мислам дека за толку мал диоптер не можеш да носиш леќи, не се ни препорачуваат леќи за толку мал диоптер. И јас на твои години почнав да носам наочари, почнав со диоптер -0,50 на двете очи. Наочарите ги носев само во школо на час, за да можам да читам на табла, и дома кога гледав телевизија. Кога одев на редовни контроли, прашував за леќи, меѓутоа повеќе доктори ми имаа кажано дека е мал диоптерот за леќи, и дека ако не дај Боже се покачи, тогаш би можело да се размислува за леќи. За некоја година диоптерот ми се качи до -1,50. Имав 21 година кога почнав да носам леќи. Веќе со толкав диоптер секако дека дозволуваат да носиш леќи :D И оттогаш ми е супер. Леќите мене лично ми се големо олеснување, воопшто не се тешки за одржување и не е воопшто брцање во око или не знам како уште го коментираат ставањето и вадењето на леќите во око. Ќе ти биде језиво само првите два дена, и толку :D Е сега прашуваш дали тврди или меки леќи.....Тоа не зависи од диоптерот, туку зависи од тоа тебе окото каков тип на леќа ти поднесува. Или барем мене докторот така ми кажа.... :D Кога ќе се решиш да носиш леќи, ќе одиш на лекар кој дополнително ќе го утврди диоптерот за леќите, и дали тоа би биле тврди или меки леќи, затоа што диотерот на леќите никогаш не е ист со оној на наочарите, секогаш е за нијанса поголем.
    Сепак би ти препорачала уште некое време да си носиш наочари, зашто си уште мала, освен тоа и диоптерот ти е многу мал за да го оптеретиш окото со леќи. Уживај додека имаш толку мал диоптер.... :D

    Цената на леќите е различна во зависност од тоа дали се месечни, тромесечни, шестмесечни или годишни. Месечните леќи коштаат околу 750 денари, годишните кога ги купив последен пат беа околу 3000, меѓутоа тоа беше пред 4-5 години, така да не сум сигурна дека им е сеуште истата цена..Течноста за леќи се движи од 300 денари до 900 денари, зависно која ја користиш.

    Поздрав, се надевам барем малку ти помогнав. :) :*
     
    Elennaa likes this.
  14. neltu

    neltu Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2011
    Messages:
    45
    Likes Received:
    9
    Благодарам green.eyes.

    Да елена тоа е точно што го напиша green.eyes.
    Дали леќите ќе бидат тврди или меки зависи од твоето око. Мислам дека најдобро ќе ти каже лекарот.

    Ти имаш анизометропија, која е многу мала, ти препорачувам да носиш очила бидеќи диоптерот ти е многу мал за леќи, па и да ти кажам имаш и милион стакла од кои можеш да бираш. За заштита од сонце, заштита од пред компјутер итн. ( тоа се заштитни слоеви кои се ставаат на стаклото ) а ако не сакаш не ни мораш да ги ставаш.

    А цената на леќите е онаа која ти ја кажа green.eyes.
    Поздрав.
     
    Elennaa likes this.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,173
    Gender:
    Female
    Фала ви многу и на двете. :bow:
    Моите се за заштита иначе од компјутер, како и да е фала. :)
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2011
    Messages:
    1,034
    Likes Received:
    884
    Носам очила веќе 5 години и веќе некако преку глава ми се дојдени.Немам комплекс од очилата,напротив многу убаво ми стојат,но ми здосадија и сакам да си купам леќи.Единствено што ме загришува дали моите очи можат да поднесат леќи? :worried:
    И едно прашање до сите кои имаат искуство со леќите:Дали покрај леќите може да се шминка окото,или шминката им смета на леќите? (Знам глупаво е прашањево,ама морав :$ )

    Благодарам однапред.
     
  17. neltu

    neltu Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2011
    Messages:
    45
    Likes Received:
    9
    Леќите можат да ги контаминираат со нивнита масла некои бактерии или нечистотии кои ги има во козметиката.
    Еве ти неколку совети.

    Ставај ги леќите пред да нанесуваш шминка и вади ги пред да ја исчистиш шминката. И секогаш миј ги рацете пред да ги допираш леќите.

    Гледај да ставаш се помалку шминка во очите. Пример маскарата можеш да ја ставаш само на горните трепки.

    Избегнувај шминки како на пример здебелуавње на маскарата на окото или оние сенки со металик сјај, чии честички можат да навлезат во окото. Ако овие честички дојдат до леќата и корнеалната површина може да дојде до инфекција.

    А ако го повредиш окото додека ставаш шминка најдобро е да појдиш на лекар. И да ги следиш неговите совети за ставање шминка. Може да ти направат некои тестови за бактерии во окото.

    Се надевам бев од помош. :D
     
    Look likes this.
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Јас носам очила од 7 години...го наследив астигматизмот по фамилијата на мајка ми...Најискрено не сакам леќи, јас сум личност која не може без да се „чачка“ во очите:$така да подобри ми се очилата :)
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Joined:
    May 25, 2011
    Messages:
    1,979
    Likes Received:
    7,105
    Носам очила од 3 одд. така да навикната сум на нив, и не би можела да носам леќи, не сакам такви работи, златни очила :)
     
  20. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Joined:
    Apr 14, 2011
    Messages:
    117
    Likes Received:
    169
    Дали знаете дали се продаваат посебно само по 1 леќа? пред еден месец зедов од меките леќи во боја без диоптер кои траат до 1 година, но ми се скина едната од непазење, и сеа сакам да земам само една да не земам 2 за џабе. ако има некоја вакво искуство нека пиши што побрзо, фала однапред :)