Јас ја користам оваа течност скоро цела година и до сега ми нема направено никаков проблем. Сметам дека кај секого различно делуваат различните раствори.
Има некои на 1 год се менуваат, ама поскапи се и лекарот одлучува кои се најдобри за тебе, кои ќе ги препише.
Да дефинитивно, тоа е точно секој реагира на различни супстанци. Јас лично почнав да ја користам оваа течност уште кога излезе на пазарот, најискрено ме привлече цената дека стварно има драстична разлика со оние другите што ги купуваме од оптики. После 1 и половина год. може и повеќе време на користење ја добив оваа реакција на очите и баш поради тоа што имав искористено шишиња и шишиња од оваа течност, ни на крај памет не ми текна дека може да имам проблем со неа. Се додека после многу поминати офталмолози, отидов на преглед во Систина и докторката ме предупреди за тоа дека течноста е најверојатниот причинител на алергијата. Но, ете гледам дека на некои од вас докторите и ја препорачувале, така да се е индивидуално.
Знам дека ќе ме искарате ама да си прашам: На одмор препорачливо е да ги носам леќите? Ај нема да идам под вода, ама за во вода? Некако не ми се иде со наочари на плажа. А сакам да си гледам околу мене што се случува
Мене докторите ми кажаа во морска вода може, во езерска никако. И секоја година си ги носам. Е сега малце печат на моменти од солта, али проаѓа. И се разбира нема да нуркаш и слично
Јас зошто нуркам, ќе одам на плажа без леќи без наочари, навикната сум си јас, леле кога ќе ми текне како сум мижела демек за подобро да гледам, абе убиствен поглед беше тоа. Можело комотно на улица кола да ме мавне. Јас сакам да ве прашам за леќите во боја, не било препорачливо да се даваат на поголем диоптер, а зошто?
Веќе носам очила три месеци ми препорачаа леќи ама не сакав и сега без очилата неможам.Дали знае некој колку пари се леќите за очи во боја а колку обичните и кои се подобри?
Тие во боја со диоптер се мислам 2000 за два-три месеци, а овие се 2000 за 6 месеци. Докторите не ги препорачуваат тие во боја, особено ако имаш поголем диоптер, зошто е тоа така не знам.
Е добро ако е така ме израдува. Не дека имам преголем диоптер, ама сепак се осеќам ќораво без нив Можно е да си ја згрешам лежалката да му се тупнам на некој
Хахаха е ако де, ширење нови познанства Јас да одев на одмор без леќи немаше ни до плажата да стигнам
Јас си ги носам на плажа и во вода. Не сум нуркала со нив оти и обично не нуркам. Јас имам поголем диоптир и прашував за во боја али за мојот диоптир немаше. Ќе чекам да ми се намали па ќе си земам такви. Едвај чекам.
Неколку станици на назад сте го коментирале растворов и сакам да потврдам дека воопшто не е добро да го користите верувајте.Можеби од едно месечно користење нема да покаже никакви иритааци,ама подолго време ако го користите ќе видите,очите можат инфекција да ви фатат,а притоа ќе мислите дека тоа е од предолго носење на леќите но не така.Може да си направите огромни проблеми со очите и леќите,па после од мравка слон.Затоа ве советувам немојте со овој раствор,навистина е поефтин ама е ептен штетен,гледајте си го здравјето.
Се' е до начинот на одржување, не до течноста. Течноста треба секој ден да се менува, а леќите да се мијат како што е објаснето. Исто и да не се носат леќите цел ден. Исто и внимавање при користење шминка. Веќе неколку потврдивме дека сме немале последици после користење долго време, јас лично 7 години користам леќи, од кои барем 4--5 години ја користам течноста, па видете вие колку шишенца имам користено. Како што спомнав претходно, ако е поради течноста до сега ќе се жалеле доста луѓе и ќе се интервенирало.
Ако некој има нарачано леки по интернет, ве молам пишете ми ја веб-страната. Сите ми викаат дека биле дупло поевтини, ама немам време да сурфам...
Девојки, како ги чистите наочарите? Ги миете со топла/ладна вода, сапун/сјај? Ги чистите со алкохол или нешто такво? Затоа што сестра ми е убедена дека во последно време не гледа толку добро со наочарите колку со леќите, па се чудев дали може од погрешна грижа самото стакло да смени диоптер
Носев некое време очила, но престанав бидејќи ми беа неугодни и поматно гледав од нив. Сега бидејќи видот ми е уште понамален, моите ми велат да си земам леќи. Но, за да земам леќи, треба ли претходно некоја година да имам носено очила, нешто? Јас поима немам.
Не треба, нема никакви предуслови. Единствено треба да проверите како ти реагираат очите на леќите, ама ова кај лекар Јас имам едно прашање: дали има течност во помали шишенца и колку им е цената? Ми треба за патување, големово не ми се носи, а да претурам во друго некако не ми оди
Има помали од solo care и мислам дека се околу 400-450 денари. Не сум сигурна ама мислам дека е околу 90 милилитри.
Јас наочарите (со диоптер и за сонце) ги чистам со крпчето што го даваат кога купуваш наочари (не знам како да ти го објаснам, мало, коцкасто, обично е црно или сиво). Но, одлична работа вршат и влажните марамици што се продаваат по маркетите (јас ги купувам најчесто во Кам маркет), што се специјални за чистење на наочари. Не се скапи, запаковани се по едно, за една употреба се, можеш во ташна да си ги носиш, јас имам: дома, на работа, во сите ташни, во кола и во сите кутии од наочари. Супер се, ти ги препорачувам! Инаку, најчесто очните доктори (барем мојот доктор) секогаш ми дава различен диоптер за наочари и за леки - наочарите ми се секогаш послаби од леките. Не знам зошто , но секогаш така прави. На сестра ти (најверојатно) и е зголемен диоптерот, па тоа повеќе го осеќа кога носи наочари.