Дали е вистина дека со контактните леќи побавно се зголемува диоптерот? Spoiler вака имам слушнато па да си прашам
Кај мене не е беше точно ова иако и јас така имав слушнато, а и офтамологот така ми кажа кога ги зимав првиот пат леќите. За 4 години колку што ги носев диоптерот ми се зголеми за 1, баш пред некој ден најдов неколку рецепти, кога сум почнала прв пат бил -2,50, а последниот пат -3,75.
Кај мене случајот пак е друг,јас постепено од +2,50 сега сум на +1,50,значи постепено ми се намали диоптерот,сега повеќе од година време стагнирам на +1,50,ама се надевам дека еден ден ќе дојдам до 0,00 а иначе леќи носам 3 години.
Да. Мене диоптерот ми се зголемуваше по 1 цел диоптер годишно се додека не ги ставив леќите. Сега е само за 2 поголем од тогаш, а леќи носам веќе 25 години
Грешка имаш разбрано. Наочарите ми се -2 , а леќите -1,75. Дури добри се и -1,50. Тоа е така затоа што растојанието помеѓу очите и наочарите е поголемо, отколку очи-леќи.
хахаха...немам лошо разбрано, милион % сум сигурна, мноооооогу години носам наочари и леки и наочарите ми се СЕКОГАШ со помал диоптер од леките!
Кај мене секогаш леќите имаат помал диоптер, наочарите не само што се појаки, туку и окото брзо ми се заситува, и колкав и да е диоптерот после 2-3 недели јас пак лошо гледам (што не е случај со леќите). Индивидуално е, но сепак во поголемиот број случаи ќе има разлика - на крај на краиштата и помеѓу леќи од различни производители може да има потреба од корекција на диоптерот и да се јави разлика (ова посебно за луѓе со појак доптер), а не пак со наочари како сосема различно помагало.
Баш се заинтересирав и побарав на нет. На бугарски сајт го пишува истото дека ако наочарите се пример -1 леќите -0,75.
Женски , јас сакам да носа леќи, веќе носам очила 2 год ама за надвор сакам да си носам очила за сонце и со тоа нели и леќи. Утре ќе извадам упат за кај Ѓулистана таму ми рекоа дека немало гужви па сега јас дека имам астигматизам и миопија на едното 2 на другото 1,75 па кажете ми вие што порачувате од нет т.е. од ибеј како да порачам со астигматизам леќи
Денес бев кај др-Бојан Стојановски на преглед реков дека сакам да земам леќи , ми објасни меѓу тврди и меки што е разликата и колку чинат , па одбрав тврди плус не се скапи плус се носат две години а и ми рече дека тврдите се подобри за окото одколку меките, разликата била што тврдите потешко окото се навикнувало на нив но не е битно , е сега ке одам во понеделник на пробување , па скам да прашам што точно се прави и дали се наплаќа нешто? И дали ќе може да ми го даде ливчето и да си одам од друга оптика да си ги нарачам зашто не сакам баш од таа оптика да нарачам што тој соработува зашто многу се посаки таму леќите поготово моите зашто јас имам и астигматизам.
Да точно е. Во јануари ги ставив леќите, пред неколку дена бев повторно на втора контрола и воопшто не ми е зголемен, а имам гооолем диоптер така да одлично. Наредна контрола и ќе земам зелени леќи конечно.
Аиии кај си нашла кај мојот екс-доктор да одиш?! Абе катастрофа е овој, татко му беше закон, а овој везе нема од живот, не па од областа што ја работи! Можеби, некој е задоволен од него али јас лично не! Инаку до пред 2 години јас кога одев кај него на преглед, мораше дали наочари, дали леќи, дали нов диоптер, (нови стакла) од нивната оптика да се купат и земат! Си еб*ле мајката, на мене и на ред други си тераше ку*от, на секој можен преглед: “Аааа.. нова диоптрија, ќе ја зголемиме“ И за колку да се зголеми? “Одговорот беше ЗА ПОЛА“ хаха абе ајдее Башка у таа ординација а и у оптиката работат све на д-р Благоја децата (и овој син му моронов вклучително) ... таа па шо е “како на рецепција“ божем колку е одвратна ауу колку се пуваа фујј ... еднаш некој ја побара на мобилен, а само јас чекав у тоа чекалната за преглед и ми вика: “Леле срце, душо ти реков, ми рече те молам јавувај се, примај повици, закажувај кога има слободни термини, отварај им врата незнам ова, она.. јас за 10мин се враќам“ ... јас останав вака ! Значи подитно смени си го очниот лекар, гарант ќе ти даде погрешна диоптрија (ја да не го сменев, ќе носев 10ка сеа најозбилно )
Да ти кажам искрено , незнам веќе кај кој да одам , одев кај Данка во Букурешт ама таа неа компјутер ми го згреши диоптерот и плус не виде декаимам астигматизам и си носев погрешни очила, потоа одев кај нејзина колешка исто таму ама таа има одвратно понашање и одма ја сменив , потоа мислев кај Ѓулистана во кисела вода да одам ама матичната ми рече дека таа грешела диоптери и ми го предложи овој и со односот ок беше ама тоа што викаш да ме праќа тој кај што ќе сака да купам леќи е тоа на сила неможе да ме натера секако. Јас ќе отидам на проба во понеделник ќемси пробам па ќе му речам дека ќе размислам и да ми го даде ливчето па ќе си одам на др место
Аии, гледам и ти имаш лошо искуство со офталмолозиве, Јас одам у Визија (еве веќе година и пол) и супер ми е.. немам главоболки веќе, немам промашена диоптрија (за разлика од кога одев кај овој) сеа у Визија скапичко е така малце, малце повеќе! али не се џабе викаат “колку пари, толку музика“ нели? ?! плус и кога е у прашање здравје боље ќе платам и тродупло ама ќе знам дека ќе одам кај асален доктор и пред ќе ме третира солидно! и очилата ми се од самата оптика и таманка ми е! задоволна сум, тоа е и најбитно! а ти ако ти е ок кај овој, тогаш остани не е спорно! (јас моето искуство го кажав, незначи дека кај сите ќе е, или е така!) Оди у понеделник и види шо ќе направиш, нормално дека неможе да те присилува тоа у никој случај, ако инсистира ти ете така речи му као да си го земеш ливчето и дека ќе одиш друг ден!
Колкав ти е диоптерот? Мене докторката ми рече дека смеам само меки леќи да носам, тврди во никој случај не биле за мојот диоптер (-1,75 и -2). И еве веќе две години ги носам и диоптерот не ми сменет. Користам прилика да споделам искуство со течноста Proculin. Ја земав на ризик бидејќи многумина се жалат од неа, ама не забележав никаква негативна реакција.
Користаки, и во Оптика Ицо прават прегледи, знам дека кажуваше дека таму наочари имаш правено, па прашај си таму да видиш што ќе ти кажат. Иначе искрено јас сум повеќе за меки, баш ми е чудно што ти препорачал тврди. А кај Ѓулистана немојте некој да ве лаже да одите
Па диоптерот ми е 1,75 и 1,25 + со цилндар на левото око 50 степени. И јас бев за меки но тој докторот ми рече дека почесто може да се јави проблем кај тие што носат меки отколку тврди леќи ,а ми рече и дека тврдите биле добри за тие што имаат цилиндар бидејќи даваат поостар вид. Инаку веќе не постојат тврди леќи овие што ми ги препишаа се гас пропустливи полутврди. И мајка ми носи такви веќе 30 години па досега и она немала некој проблем.. Разгледував низ оптикиве , ми одговараше цената во оптика елени но бидејќи ќе доаѓам во мк дури во зимата а леќиве додека г нарачаат се чека 1 месец,така да најверјатно ќе си порачам од ибеј
И јас одам во визија повеќе од 5 години, инаку од мала имам проблеми со видот. Пред да ми кажат за Визија, идев во ГТЦ кај некој лекар, не ми ни текнува кој беше, ама утка ми правеа во диоптријата, имав проблеми, мислам никогаш не ми беше погодена. Откако почнав прегледите да ги вршам во визија немам ама баш никаков проблем, стварно е скапо ама се работи за здравје. Башка мислам сега намалиле малку на цена
Вчера бев на преглед кај др Стојановски, пробав полутврди леќи, се осетив како да имам трепка во окото ама верувсм тоа ќе помине со носењето само се изненадив како сакаат да ти наметнат баш од определена оптика да купуваш кога реков дека сакам прво да разгледам и на др место за цена не ми ни даде рецепт за леќите туку ми рече кога ќе размислам да ставам да се вратам кај нив. Очигледно не се разбравме и јас мислев дека рецептата ми ја дал но кога отидов во друга оптика да прашам за цена ми рече како докторот се испонашал скржаво со мене и нрмално се вратив да си ја барам рецептава. Кај шетав ваму таму по жешково па уште таа секретарката со кратка коса и очила почна да ми држи предавања како морало од оптика Орбис да порачам , а јас претходно си реков јасно дека сакам од друго место да земам. Мајка ми имаше земано тврди леќи по грешка од оптика Орбис и отиде кај Данка и таа и рече дека згрешила мајками што зела од таму и кпга ги стави леќиве и се лизгаа буквално од окото ,сега може ги смениле секако ама мајка ми од нив не беше задоволна. И многу им се високи цените така да дефинитивно ќе порачам од ибеј