Моите се далеку поскапи, 3 пара ме чинат 5500 денари, а ги менувам значи еден пар на 2 месеци. Овие што гледам со нмив матни ги ставив пред неполн месец, и ги рпемив и со вода и со течност, отстојаат и пак ништо. Ги имам во очи, ама како да ги немам. Јас не знам зар може рокот да им е поминат, а ги носам 15 дена? Инаку денеска дојдов со нив на работа, видов не бива ги извадив, ама пак беа премногу залепени за окото. Не знам до што е, ако не бива ќе ги фрлам ке отворам ново пакување.
Смени ги најверојатно се оштетени веќе, може и кај нив да има утка. Ете неажечко правило, се што е скапо поквалитетно е. Морав да редактирам. Лелеле ми се пренесе и мене твоево за леќите. Матно ми е се, ама ги носам 1,5 месец не постојано.
^ Најубаво прашајте си во оптика за проблемот што ви се појавил. А сакав да кажам за периодот на носење на леќите. Порано месецните ги носев по 3 месеци, но еднаш ми се појави инфекција од надносени леќи а секогаш си водам хигиена за нив и од тогаш ги носам најмногу 2 месеци. И уште едно искуство на сестра ми со носење леќи во боја, таа долго време носеше леќи во боја значи некои 6-7 години и сега и се појави некја инфекција на очите и не смее да носи повеќе во боја. Значи и предеолгото носење леќи во боја не е убаво.
Јас минатиот месец 3 дена повеќе од 2 месеци ги носев и си добив инфекција. Е сега не знам дали беше од тие 3 дена плус или не. Ако видам мака друг пат ќе ги нарачувам во оптика каде може пар по пар да се порачуваат и земаат. Да се износи еден, па да се порача друг и така. Катастрофа е, баш се скапи и уште да ги фрлам пред време. Тоа се пари фрлени џабе.
Јас сабајлево си порчав оти оние 2 пара што ми беа сум ги фрлила со се кутија мислејќи дека е празна. Сега пак 3 пара пак 1400. Ама вистина од 1 месец не може ни ден повеќе да ги носиш. Сега сум со очила и очите ме чешаат ама од леќите.
^^ Tanjamm и Daleron, имате цилиндер па по нарачка ви ги носат, или само обична диоптрија имате? Зашто, ако немате цилиндер, купувајте си еден по еден пар, јас некогаш дури и една по една леќа купував (имав таква среќа да ме фаќа дожд многу често, па ми пукаа леќите од водата, и тоа секогаш наизменично, никогаш двете одеднаш ). Јас до пред некое време ги користев Диспо, некоја израелска марка, и супер ми беа (коштаа 600 денари пар). Од Мај па наваму пак носам Bausch&Lomb (месечни), демек помалку го сушат окото, ама искрено, не осеќам таква разлика, исти ми се со претходните.
Не бе обични се ама каква сум забегана ни марката не им ја знам некој софт беа ама кој да ме утепаш не се сеќавам, ај денес ќе ги земам па ќе ви пишам која марка.
Моите се софлекс диспо биоторик и со цилиндер се. Аххх маки големи со леќи. Кој си има добар вид не знае кој благодет е тоа.
^^ Епа тие се најверојатно, само некако ценава или ја покачиле или не е секаде иста, што воопшто не би ме чудело Јас ги земав 1 пар за 600 денари, гледам Daleron по пониска цена ги купува. Кога сум веќе во темава, едно прашање ако може Пред да се селиме овде, бев на преглед за диоптерот, ми препорача да носам постојано -1,75 и леќи и наочари (до тогаш леќите ми беа едната -2,0, другата -1,75) додека сум дома и додека не работам, ама да сум носела Bausch&Lomb леќи, и воопшто носењето на леќи колку можам да го сведам на минимум, повеќе одмарале очите со наочари Јас не чувствувам така, носам наочари 19 години, до ден денес не можам да се навикнам на било кои диоптриски наочари до сега и на тоа дека имам рамка околу окото, дека ми смета нешто на носот, и дека многу ми го ограничува видното поле. За разлика од наочарите, на леќите се навикнав само неколку дена од кога почнав да ги носам пред 12 години, не ги осеќам буквално, и многу подобро гледам. Како е кај вас? Сте осетиле кога повеќе ви се заморува окото, со леќи или со наочари?
Овие леќи што ги постирав погоре ми се најубави, зашто му дозволуваат на окото да дише повеќе и може да се носат без проблем дури и повеќе од 12 часа, за разлика од нив бауш анд ломб почнуваа да ми сметаат после 5 часа носење.Со повеќе луѓе што ги носат имам правено муает и сите најмногу ми ги фалеа па ги зедов и јас. Ако на некој не им смета цената ги препорачувам. Еден специјалист ми кажуваше дека леќи не е препорачливо да се носат повеќе од 12 часа и затоа е најдобро да се комбинира леќи и наочари затоа што окото не може да дише.
Јас си носам наочари . Повеќе луѓе ми имаат кажано дека со наочари изгледам поубаво и дека ми стојат наочари. На почетокот кога дознав дека треба да носам наочари, не сакав. Си мислев дали да земам леќи, но едноставно страв ме фаќа кога ќе размислам дека ќе треба да ставам нешто во окото .
Со странава не, ама ги користам Диспо и по таа цена. Ок се. Уствари Диспо био се 1440 а тие јас што ги користам на странава се 1600.
Па не знам, колку се големи шансите да се згреши диоптер ? Дали може на пример доколку е заморено окото да покажува поголем диоптер и слично ....