Мене старите наочари што ми беа, оквирот беше црн, пластика. После 3-4 месеци оквирот почна да ми се лупи па да не купувам нов повторно, зедов црн лак за нокти и го поправив оштетеното Звучи малку чудно, но многумина тоа го прават
И мене рамката од наочарите ми се излупи, и не знаев со што да ја обојам, па зедов со црн фломастер . Ама потоа, не знам што се случи, ми се сокапа рачката, па си купив нова рамка. А, сега ако се изгребат ќе ги поправам со лак.
Пред некое време ги фалев аир оптикс дека се стварно добри и му дозволуваат на окото да дише и не се ни чувствуваат на окото. Ми се случи да ги носам и повеќе од 12 часа 2 дена по ред и немав никаков проблем, ни замаглување ни ништо. А со другите леќи после 3 часа се ми беше замаглено. А за цената и овие си се поскапи 6 леќи односно 3 пара се 3000-3300. http://www.airoptix.com/contact-lenses/aqua.shtml Ако ти одговара цената ти препорачувам да ги пробаш.
Не сакам да правам тука реклама и несакам да бидам погрешно сфатена. Девојки посебно тие што сте од Скопје(па и немора да сте ) ако сакате препорачајте ми поефтина оптика во Скопје. Сакам да си купам нови рамки,па да не бидат цените астрономски оти овде кај мене во градов све е прескапо најобичните се по 50 евра. Ако не сакате да ми пишете тука во темава,ве молам ЛП. Oднапред благодарна
Dioptra има на приземје во ГТЦ и во Лептокарија. А инаку, овие Dispo леќи (во жолто пакување) ги продаваат ли на парче? Сестра ми ги користи, ама она купува 6 пара за цела година и ги плаќа 3000 ден. Сакам да ги пробам, ама не знам дали ќе ми годат, па не сакам да купам цело пакување.
Јас користев Диспо 3 пара за 1400 ден. ама некако не ми се погодоји, Зависи најверојатно од окото или серијата на производот. Оптичарот ми даде некои не знам како се викаат нешто Био ама еве веќе 4 дена ги немам извадено и топ се. Само ми рече дека се многу поскапи. Вика поноси ги па ќе направиме цена оти 2 пати му рекламирам Диспо.
^ Да, затоа сакав да ги земам на парче, бидејќи ми е страв дека нема да ми одговараат. А различни диоптри носиме со сестра ми, па ќе не можам да и ги дадам на неа. Затоа сакав да ги земам за проба, ама не знам каде ги продаваат на парче
Леле овие Диспо и мене не ми се погодени, а најдов дома едно кутивче со 3 пара и си реков ај пак ќе почнам да ги носам,ама ц. Лани ми рекоа да престанам да ги носам бидејќи ми рекоа дека може да имам алергија од нив, од друго излезе алергијата наводно, ама незнам некако пак ми зацрвуваат очите, непријатност осеќам после подолго носење... Штознам изгледа ќе треба да ги прежалам и да си купам Air optix барем проверени ми се, поскапи се, ама со око нема играчка, тоа е.
Јас Диспо ги прогласувам за најгрди леќи што сум ги користела. Имам делумно осетливи очи, од нив бев ко да не сум спиела 100 дена потечена и вкрвавена во очите. Плус некако ептен ги осеќав кога ги носев и ги фрлив.
Многу су среќна со новиве.Петто утро станувам без проблем ,а не сум ги извадила.Ана Каренина ќе го прашам оптичарот за овие што ги носам за на парче и ќе ти пишам ЛП уште денес. Позз.
И јас тие ги користам и искрено ја по 15-16ч ги носам, наочари не сакам. Сабајле во 7-8ч ги ставам вечер пред спиење 1-2ч да речеме накај 23-00 ги вадам и така да долго време ги носам... И немам проблеми, црвенило имав 2-3 пати затоа што имав нешто во окото трепка или не знам што, ама со прокулин капки ми помина. Препорака од мене за аир оптикс :up: П.С Не им правам реклама само ги препорачувам!
Како тоа Фондот покрива за наочари?!?! Прв пат слушам! Те молам објасни ми што покрива Фондот, какви документи треба да се спремат, каде да се однесат, итн,итн. Треба да си купам нова наочари со диоптер, па да знам, ако може-нешто барем да искористам.
Вистина луѓе дај кажете како покрива фондот??? Оти јас лани ко ги земав наочарите,по сите оптики каде што прашав ( добро две се во градов мој -_- ) рекоа дека немаат никаква врска со фондот за здравство и дека тоа само порано така се покривало,сега повеќе не.
Фондот покрива доколку диоптерот е над 1, но не важи тоа за сите оптики. Плус не важи за сите, него за ученици, барем мене ми бараа потврда за редовен студент. Јас кога си направив пресметка дека дури и со тоа што го покрива фондот стаклата би ми се фатиле над 1000 денари, искрено не ми беше исплатливо да трчам натака- навака, кога во било која оптика за истите пари ставам стакла. Инаку важи и за леќи, но доколку докторот ги препорача ако пациентот не поднесува очила, а леќите се неопходни.