денеска почнав да ги носам овие, пред нив носев диспо ама не ми се допаднаа нешто премногу. е сега мислам овие се поскапи ваљда треба да бидат и подобри. инаце купени ми се парце од оптика Диоптра лептокарија двете за 1000 денари...
Најверојатно затоа што кога купував наочари во основно бев и платив помалце, пред 2-3 години беше тоа, сега не сум ги сменила наочарите од тогаш, леќи користам, а за леќите ништо не покрива фондот нив редовно си ги плаќам. Јас во оптика Елени ги купувам, а за другите не знам.
Јас знам дека фондот покрива за диоптер над 1, и покрива за одреден вид наочари само, до некоја цена. Нема врска за студент, ученик или не... Татко ми колку што знам преку фондот земаше... или порано беше тоа... Ама мислам дека прво си ги плаќаш ти па средуваш со фондот, и наочарите беа до одредена цена.
Имам диоптер -1 на едното око и -0.75 на другото, цилиндрични ми се. Мислите ли дека ке ми дадат да носам леќи? Рано ми е за контрола кај докторот, па затоа тука да прашам
Јас ги имам истите и презадоволна сум од нив, моментално ги носам и супер се. Само незнам како ти ги наплатиле 1 000ден кога јас истите ги зимам од истата оптика во Струмица ама не на парче за 700денари.
За леќи се прават специјални прегледи за да ти кажат дали твето око може да прифати леќи, со тоа ќе ти го измерат точниот диопрет и ќе ти дадат како рецепт за да си порачаш леќи. Освен тоа кога ќе ги земеш леќите треба да одиш како на обука за како да ги ставаш, како да ги вадиш и треба да го совладаш стравот на окото од страно тело, а за тоа треба време од околу 1 месец (можеби и помалку, зависи од тебе), така да секако ќе треба на доктор да одиш. Јас одам во Букурешт болницата што е во Скопје, таму имаш доктори специјално за леќи.
Фала на одговорот, ама јас мислев дали ќе ми дадат да носам со оглед на диоптерот. На едното око ми е релативно мал па затоа, а треба постојано да носам очила. Нема месец дена како почнав со очила и неможам органски да ги поднесам, со сила ги носам
Диоптерот нема врска, јас имам другарка што има -0.5 диоптер на двете очи па носи леќи. Туку штом сега почнуаш со наочаи подоро носи си наочари, навикни се на тоа имаш време за леќи. Јас пред да ставам леќи за прв пат наочарите ги носев 4-5 години. Инаку ако имаш намалена самодоверба поради носењето наочари те разбирам....Мене воопшто не ми стојат наочари и стално се нервирав ради тоа и неможев да прифатам колку глупо изгледам и со -4 диоптер јас излегував навечер без наочари и бев како изгубена во просторот, буквално ништо не гледав ,така да ако навистина не гледаш не си играј играчка со видот може само повеќе да се зголеми
Уште на првиот преглед за наочари го прашав докторот дали може одма на леќи да се префрлам и ми рече дека требало да поминат 3-4 месеци за да се навикне окото на диоптерот, па после тоа да отидам на нов преглед, т.е. посебен за леќи. Е сега, тоа со малиот диоптер не сум упатена дека јас имам така малку поголем.
ЗДраво, носам леќи и како да знам дали ми се суви очиве за да користам вештачки леќи .. инаку ништо не осеќам додека ги носам
stom ne osekas znaci ne ti se suvi,jas imam mnogu golem problem koga gi nosam lekite,mnogu mi gi susat ocite, ja prasav doktorkata za vestacki solzi i ne mi gi preporaca,rece ako gi naviknis ocite so kapkite nikogas nema da go resis problemot.
Јас прашав сега пред неколку месеци 1200 денари ми рекоа со заштита за пред компјутер,а без заштита 600 денари Е сега не знам стаклата дали се иста цена за сите диоптери
Носам наочари веќе 7 години,доста сум навикната на нив и воопшто не ми сметаат..Но со нив изгледам чудно и понекогаш се нервирам,едноставно сакам да се ослободам од нив.... Затоа сакам леќи..Ама незнам дали е подобро,освен тоа незнам како се ставаат,вадат..Може помош околу ова?? Имам 13 год...И дали сите леќи мора да се менуваат на 2 месеци? И колку чинат? Фала однапред..
Мене за чудо стаклата со заштита ми пречат. А и многу побрзо ми се оштетуваат него обичните стакла. Имам без заштита стакла стари околу 2 години и со заштита кои се околу 6 месеци, првите се ко нови, вториве се ужас, а очилата ги чувам во кутии, не ги оставам така.
Јас планирам тие да ги користам исклучиво за работа со компјутер, пошто добар дел од денот поминувам пред компјутер, па страв ми е да не си го расипам видот уште толку. Инаку носам леќи, ама многу ми ги заморуваат очите кога зјапам преку нив во екранот
Носам наочари веќе 7 години,доста сум навикната на нив и воопшто не ми сметаат..Но со нив изгледам чудно и понекогаш се нервирам,едноставно сакам да се ослободам од нив.... Затоа сакам леќи..Ама незнам дали е подобро,освен тоа незнам како се ставаат,вадат..Може помош околу ова?? Имам 13 год...И дали сите леќи мора да се менуваат на 2 месеци? И колку чинат? Фала однапред..
Носам очила со години..Имам диоптер..на едното 2 на другото 1ипол.Имам 13 години и не сакам повеќе да ги носам,изгледам грдо со нив и тоа е единствената причина да купам леќи.Ама се плашам од ставање и вадење,хигиената многу не ме плаши..и многу се зборува дека окото станувало суво со леќии!! Епа. може помош??? Не сакам да ги менувам леќите на 2 месеци..ИИ колку е цена? Фала..