ПОМОШ! ОДАМ ВО ЕВРОПСКАТА ОЧНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ И ДОКТОРКАТА МИ ПРЕПОРАЧА ЛЕЌИИ ЗА ДА НЕ МИ СЕ ЗГОЛЕМИ ДИОПТЕРОТ ВО ПУБЕРТЕТ.МРАЗАМ НАОЧАРИ,ГРДА СУМ СО НИВ АМА ОД ЛЕЌИ МЕ ПОЛАЗУВААТ МОРНИЦИ..ПОМОШ! НЕЗНАМ КАКО СЕ СТАВААТ,ВАДАТ,ШТО Е СУВО ОКО,КАЈ ДА НАЈДАМ СОЛЗИ ТОГАШ,КАКВИ СЕ РИТУАЛИТЕ СО ХИГИЕНАТА,КОЛКУ ИМ Е ЦЕНА,НА КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ НОСАТ...??? ИСПАНИЧЕНА СУМ КРАЈНО! ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ ГИ ИСКУСТВАТА И МИСЛЕЊАТА..ФАЛА ОДНАПРЕД
Што толкава паника, не е толку страшно полека. Кај што ќе ги земеш леќите ќе те научат се што треба и ќе ти кажат како да ги одржуваш. Вештачки солзи ќе ставаш ако има потреба, а можеш да ги купиш во секоја аптека. Има различни леќи за 1 месец, за 2 претежно се за 1 месец.Обично одат по 3 пара во кутивче ама ќе побараш каде има по еден пар за да видиш дали ти лежат на окото. Мене едни не ми се погодија па сега земав друг вид. Цените се различни, зависи која фирма, врати се една страна назад има многу мислења што ќе ти користат. http://www.airoptix.com/contact-lenses/aqua.shtml
Фала многу! Ми олесна колку-толку . Има некои коментари,да ти е страв да помислиш потоа..хихи За недела ќе одам на контрола.Сакав да речам дека не можам да ги менувам леќите на 2 месеци,сакам за подолго.Всушност ќе се посоветувам со докторката..Најмногу ме загрижува вадењето и ставањето.Сите велат дека е полесно отколку што изгледа..па ќе видиме.Кажете ми дали (бидејќи често ми се случува) смеам да се чешам во окото кога на пример ќе ми влезе нешто? И дали тоа ја загадува леќата? Овие се многу глупави прашања за еден "почетник" како мене..Daleron фала ти многу.
Тоа заборави ќе ја отераш леќата позади око. Само нежно може да се почешаш, на крај на краиштата ако чувствуваш нешто дека те боцка ќе ја извадиш ќе за замиеш со течноста и пак ќе ја наместиш. Јас кутивчето за леќи и една мала течност си ги носам секогаш во ташна.
Хехехе ќе ти се залепи леќата за око и после? Без око! Читнав негде дека не се препорачувало да се носат леќите подолго од 12 часа..И да е така и да не е,би си ги задржала и очилата.Кога имаш избор и тие не се толку лоши. Немам некоја болест на очите,ниту преголем диоптер..на едното око 2 на другото 1,5 или така нешто.Докторите велат дека имам здрави очи.
Кога прв пат бев да ги купам леќите бев на предглед, па после требаше пак да одам да ги земам и да ги пробам таму. И мајка ми на работа ајде дедо ми со мене. Отидовме таму, ми покажува докторот како се ставаат дедо ми плаче Пробувам сама он уште толку Што ли си мислеше човекот дека ми се случува појма немам. Пред да почнам да носам леќи ми беше страв трепка да си извадам ако ми влезеше во око, сега без да гледам си чепкам Не е страшно ни ставање ни вадење. Не е страшно и малку да ги подзаборавиш подолго во око. Не слушај туѓи искуства, секој за себе. Јас имам и позитивно и негативно ама до окото си е. Мене ако ме почешаше око го потегнував на надворешниот раб и трепкав ко блесава.
За ставање, вадење и слично немаш гајле, при самото купување на првиот пар леќи ќе ти покажат како треба и за една до две недели ставањето и вадењето на леќите нема да ти одзема повеќе од минута. Што се однесува до очилата, веројатно не ти се допаѓа како изгледаш со нив пошто не си нашла соодветни рамки кои му одговараат на твојот облик на лице, очи, фризура и слично. Бар денес има огромен избор на рамки за очила со солидни цени, па верувам дека секој може да најде некои со кои нема да изгледа „чудно“. Јас леќи носам околу 3 години. Претходно уште 7-8 години носев наочари со сличен диоптер како твојот, ама ги носев наочарите редовно и во првите 5 години диоптерот ми се зголеми само за 0.25 (и јас кога почнав да ги носам бев во пубертет). После тоа почнав нередовно да ги користам и во рок од две години ми се покачи за уште 0.5, за што нормално сама сум си виновна. Причината што престанав да ги носам редовно е што баш како и ти, не си се допаѓав како изгледам со нив. Си мислев само да почнам да носам леќи и наочарите више нема ни да ги погледнам, ама не испадна баш така. Си ги користам сега паралелно и наочарите и леќите. За излегувања, за на факултет и слично леќи, а по дома наочарите. Ма да понекад кога се брзам или ме мрзи да ги местам леќите, знам и по цела недела да си терам со наочари. Мој совет е да си најдеш некои добри наочари кои ќе му одговараат на твојот стил и изглед и да си ги користиш за по дома, за на училиште и слично. А леќи можеш да си купиш за повремена употреба, за излегувања, прошетни, свечени пригоди... Ако не ги користиш секојдневно и тримесечните леќи може да ти потрајат 5-6 месеци, па нема да мораш често да ги менуваш. И битна напомена: Ако се решиш да земеш леќи, мораш МНОГУ да внимаваш на хигиената. Обавезно миење на раце пред ставање/вадење, чистење и одржување на самите леќи, на кутивчињата во кои се чуваат итн. И мало невнимание знае да доведе до сериозна инфекција, пошто сепак нели, очите се деликатни органи.
Фала најмногу! Навистина ми значи.Читав сечии мислења и испадна дека најдобро е да се користат и очила и леќи паралелно.За една недела сум на контрола,па ќе видиме како ќе испадне. Подобро е кога имаш избор..Најбитно ми беше да не носам наочари на полуматура.
Хихихихи страшни се дедовците Инаку јас досега не сум користела наочари со стакла со заштита од тоа зрачење незнам што..Вие сте пробале? Навистина ли заштитуваат?
Јас носев такви ама нема којзнае какво дејство на заштита. Сепак ако си во пубертет ти и да сакаш и да не сакаш диоптерот ќе расте, а и не треба да претеруваш со компјутери и мобилни (поготово оние што премногу зрачат). Абе леќи си се леќи инаку и јас почнав со леќи од истата причина за полуматура и моите сфатија дека е подобро со нив и си продолжив, ама треба и наочари бидејќи тие леќите се носат само 9 саати и ги оптеретуваат очите така немој да ги фрлаш наочарите
И јас ставив леќи на 12 години, помала од тебе. Немам никаков проблем, наочарите еднаш неделно дали ги носам, сега во декември во боја ќе си земам, без 3 месеци ги носам година дена. Moj совет земи леќи, ем нема више да ти расте диоптерот, а и поубава ќе бидеш на изглед, а во пубертетот тоа ни е битно нели. На почеток ми беше тешко да ги ставам да ги вадам, а и многу ситни очи имам, докторката ми рече, толку години сум докторка, толку мали очи не сум видела. Инаку леќите треба 2 месеци да се носат, ја по 3 ги носам, 6 леќи т.е 3 пара за 3000 денари, за 6-7 месеци ми вршат работа. Првиот пат кога ги земав ми се скина едната леќа по 1 месец, па нови си отворив. И пази на хигиена, бидејќи пред неколку месеци добив инфекција од недоволна хигиена хаха како ме болеа очите уфф и ми солзеа и ми се собираше бело околу очите, ама со капки за 3-4 дена ми пројде.
Ааа за инфекцијата..кажи ми дали претера со нехигиена па ти се појави или малку нехигиена ја предизвикува? И кажете ми дали ако си ги носиш и наочарите паралелно со леќите,дали леќите можат да ти потраат подолго? И како да знам кога веќе да не гиупотребувам и да земам нови?
Секако помогна. Сечие мислење е добредојдено.Инаку наочарите би ги носела за по дома,а леќи за на школо и за излагање.За хигиената и јас не сум некоја што многу пази ,многупати ме мрзи да си ги измијам рацете пред јадење.Ама се е навика,кога ќе се навикнеш веќе не ти претсатвува одговорност.Инаку како ви е без леќи/наочари би се снашле на школо на табла? Јас потешко.
Ај малку помош... Леќи со диоптер -1.50 и - 2.50 со цилиндер -1.25 на двете очи, каде би ми препорачале да нарачам, колку би ги чекала и колку би ме чинеле. До сега кај што се јавив да прашам, ми викаат дека треба да се чекаат по месец дена, што мене ми е баш чудно....
@starfish , нека не те чуди. Нашиве оптики не држат на лагер леќи со цилиндер, додека нарачаат, додека им стигнат....толку ги фаќа. Јас немам цилиндер, моите секогаш ги има, но знам по другарка ми, она носи поголем цилиндер, плус нешто друго, не знам што, она мислам дека и повеќе чекаше од месец дена. Не знам како се вика оптиката, знам само во близина на Јосип Броз била.
Јас користам и леќи и наочари. Уште од мала носам наочари, а во средно почнав да носам и леќи. Сега како студентка практикувам да ги носам наочарите кога учам, а леќите секојдневно за на факулет или на излегувања
Која цена отприлика се цилиндричните леќи? Во една оптика на Рампа ми кажаа груба цена околу 9000 денари што реално е многу.. Прашувам за поголем диоптер (-2.75 и -3.50)
Кај нас во Македонија ако не се лажам мислам дека вакви леќи не произведуваат, ги порачуваат од странство. Јас кога прашав за полутврди ми векоа 3-4 недели бидејки ги земаат од Италија. Инаку тие со цилиндер се обично по скапи од обичните, мислам дека под 1 000- 1500 нема да најдеш, а за порачка можеш да земеш од каде сакаш. Консултирај се со докоторот која марка најмногу би ти одговарала.
Се консултирав на неколку места и ми кажаа, бидејќи ми се за краток временски период, може да бидат и без цилиндер леќите. Е сега, ај кажете ми која е нормална цена за обични леќи со диоптер -1.50 и - 2.50, за три месечна употреба максимум?! Зошто мислам дека малце претераа, ми нудеа едни за 5.000 денари.... Премногу е тоа за вакви леќи, со оглед на тоа што имам носено мнооогу поголем диоптер со слична цена. Нема логика.
Јас ги земам од Оптика Ели во Бисер 350 ден. една леќа. Пар се 700 и можеш да земеш со различен диоптер, не прават проблем. Инаку да си прашам за мене: Од што може две леќи по ред да ми пукаат? Значи едната ја носев месец дена и ја извадив ништо не и беше, другиот ден во кутивчето ја најдов кај што и фали делче на крајот Купив нова, ја носев цел ден и ноќта ја извадив од убаво поубаво, највнимателно што може и другиот ден во кутивчето беше распукана на два дела. Не знам дали да идам да барам да ми ја смени зашто точно 12 саати ја имав носено леќата, ај да ми беше суво окото или да ја вадев насилно, да ја тегнев во ред ама од ништо бе да пукне Се нервирам два дена идам со една леќа