Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    96.676
    Јас зедов за 2000 ден, три пара леќи на Bausch&Lomb и задоволна сум. 5000 ден е премногу...
     
  2. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Bausch & Lomb ко што гледам е страница...Ааа од интернет ги порача или?? :^)
     
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    96.676
    Страница? Каква страница? Toa e марка леќи.
    Инаку да, од интернет ги порачав бидејќи не сум од Ск.
    https://www.facebook.com/kupilekji.mk?fref=ts еве ја нивната страна на фб, вршат достава до врата
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За колку време ти стигнаа леќите и како го изврши плаќањето? Јас ја имам разгледано странава, ама бев малку скептична :^)
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    96.676
    Да ти кажам и јас бев скептична, ама дека се изнадавав пари за леќи во мојот град, поточно плаќав дупло за истиот број на леќи, кога ја видов страната на форумов одма нарачав па си реков што биде нека биде.
    Веднаш откако ја извршив уплатата, ми се јавија на телефон, ептен културни и пристапни луѓе. Ми рекоа дека ќе ми бидат доставени леќите до петок до 12ч. претпладне, а ги нарачав во средата навечер. Така и беше. Исто така, ми кажаа дека доколку ја нема нарачката до тоа време, можам слободно да ги исконтактирам, за они да средат. Јас сум ептен задоволна!
    Се плаќа онлајн, кога нарачуваш.
     
  6. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    http://prima.mk/
    Види тука, веројатно ќе ги најдеш уште поефтини... за следен пат :)
     
    На Evaporate и Emy867 им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    96.676
    Имаш искуство ти со оваа страна и нарачки од истата?
     
  8. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Немам нарачувано онлајн пошто живеам блиску до оптиката, па директно од таму си земам. Ама бидејки веб сајтот е на самата оптика (https://www.facebook.com/prima.optics), не верувам дека би имало некакви проблеми.
     
  9. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Видете никако не може да ги стави...Ќе можам јас?? :(:worried:(facepalm)

     
  10. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    ^Треба време, никој не се родил научен, јас цел месец изгубив додека на прва да ги ставам, пред тоа ми се случуваше и по пола саат да не успеам да ги ставам. Сама никако не пробувај прв пат сама бидејки тие се нежни и можат да се скинат или било што, најдобро на почетокот само со докторот да ги ставаш тој да те научи, а ти ако си плашлива толку многу и се возбудуваш само поголема штета ќе си направиш и ќе го одолговлечиш овој процес бидејки се се сведува на губење на стравот од страно тело во окото затоа ослободи се и не се оптеретувај, кога-тогаш ќе научиш имај стрление :)
     
    На Clover66 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Барам совет од некој што носи леќи со цилиндер...
    Вака, јас сакам леќи да ставам ама докторот ми кажа дека нема да гледам добор со леќи затоа што цилиндарот е нели под агол а леќата во окото може да се измести и да ми се замаглува видот и сл. дали е ова така да ми кажете од искуство
    Освен тоа, ми кажа цена од 9.000 за 6 месечни леќи затоа што двете очи ми се различни...нели е премногу тоа?
    п.с. Во Визиа ова ми го кажаа
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Нема врска , еве и јас имам миопија со цилиндар па докторот ми рече дека подобро за тие е да носат леќи ама полутврди лечи а не меки. Јас ќе порачам полутврди леќи од Елени , коштаат околу 60 евра за 2 години
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam za latinicata od mobilen sum....Neznam zosto taka mi kaza doktorot i jas se iznenadiv. Vo sekoj slucaj ne se otkazuvam, mozebi ke poracam leki od optika od mojot grad, ke probam prvo so 3 mesecni pa ke vidam dali mi odgovaraat.
    Vrz osnova na istiot naod za ocila moze i leki da mi napravat neli?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Како сакаш , меките леки се полесни за носење а меките се менуваат така , на 3 месеца од др страна се и поскапи. Полутврдите се носат 2 години а за нив мораш да одиш прво да ги пробаш за да видиш дали окото ќе ги прифати ,потешко се навикнува окото со нив ама се носат и долго време а и тие што имаат цилиндар се препорачува тврди леќи да носат (баш заради острината што треба окото со цилиндри да ја има ) а инаку јас кога бев летово на лекар ми даде еден лист со степени за очила а потоа отидов повторно да ми препише еден др лист со други степени за лечи. Бар така беше кај мојот доктор :)
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Можеби местово на прашањево не му овде, но сакам да прашам дали знаете добар очен доктор во Гостивар, Што прави и преглед за леќи?
     
  16. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Најдобро оди си во Скопје кај професионални доктори, јас така се зафркнав бидејки овде во Струмица нема некој доктор специјалист за леќи или скоро сите се техничари (освен во државната болница) за очила што имаат завршено некој курс и отвориле на приватно. Јас лично не верувам во секој доктор ама сепак ако има добри доктори тогаш види таму, сепак побарај повеќе мислења од повеќе доктори да бидеш сиурна за диоптерот и се останато.
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Clover66

    Clover66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Што е разликата меѓу обични и леќи со цилиндер? Дали постои можност да не ми препорачаат леќи поради тоа цилиндерот?? :o:D
     
  18. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Мене докторот не ми препорача леќи поради цилиндарот, ама се распрашував и знам дека многу луѓе со цилиндар си носат и леќи. Уствари, се е до тоа ти како ќе се навикниш, и дали ќе можиш да ги носиш
     
  19. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам едно прашање (знам напнав на темава |()
    Дали вие што носите очила за далеку, со - диоптер, ги носите очилата и кога читате книга, весник и сл?



    ..се извинувам за офтопик
     
    Последна измена: 8 декември 2014
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јас не. Нормално читам.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.