Женски да ве прашам леќи за диоптер околу 3 месечни, 6 пара отприлика колку би чинеле? И ако имате некои добри ординации да ми препорачате и каде се наоѓаат. Фала однапред
Јaс земaв леќи oд Елени oптикaтa air max , 3 пaрa зa 6 месецa oкoлу 1700 ден кутијa. Знaчи aкo имaш рaзличен диoптер мoрa дa земеш другa кутијa сo др диoптер плус 1700 ден и тoa тие сaмo зa 6 месецa. Јaс би ти препoрaчaлa oд ибеј дa си пoрaчaш јaс нaреден пaт oд тaму ќе пoрaчaм дуплo се пoевтини и истите ги имa. Амa нaјпрвo дa си oдиш нa лекaр јaс кaј др Дaнкa вo букурешт oдaм
Женски знаете ли како се движат цените на наочарите на бит пазар сакам да си земам и да ги сменам стаклата со диоптер ?
Имаш многу убави на зелен пазар и со пристојни цени. Од оние ретрото, модерните де најскапите се 600 денари има и за 150 и на повеќето тезги ако купиш од кај нив и им дадеш наод ги прават.
Meне ме интересира квалитетот на стаклата на Зелен пазар. Јас досега сум купувала само брендирани очила со антирефлекс стакла но сега сакам да купам некоја ефтина рамка но со стаклата не би ризикувала. Има ли некој искуство да сподели?
Јас направив баш таму. Ми понудија секаков вид, пластика, антирефлекс и не знам уште што не. Така да ако ги правиш овде во Скојпе сите користат ист материјал. Повеќето пазарџии имаат и оптики. Едит: Исто ќе ти ги направат и во било која друга оптика само поскапо ќе ги платиш. Имам и вакво и такво искуство.
Јас рамки секогаш од оптики си земам. Не верувам дека оние на пазар се со исти квалитет. Имам рамка од 2008 година, и на неа 3 пати стакло ми менуваа. Сеуште е иста, нити искривена, ниту ништо. Инаку и оптичарите знаат да излажат демек не се фаќа стаклото на таа рамка, само пари да ти земат.
Стаклото се движи од 800денари најобичното до 2000 денари она со сите можни заштити и уве филтри и истанчено. Јас моментално носам со уве застита (без онаа заштитата за зрачењето од комп.) околу 1300 мислам бека беа.
Феминки да ве прашам нешто во врска со леќите...некое време користев очила па леќите не ги ставав...завчера сакав да ги ставам, но бидејќи подолго не ги имав ставено течноста беше испарена и тие беа свиткани..(заборавив дека испарува течноста ) им ставив течност и почнаа да се враќаат во нормала...сега незнам дали може да ги ставам или да ги сменам? Несакам да си направам некој проблем со видот...ве молам ако некоја имала ваков проблем да ми помогне. Благодарам однапред
@s.w-e.e-t.y најверојатно се исушиле во меѓувреме, немој да ги ставаш. Може вака на лик се вратиле во првобитна состојба, ама не верувам дека се добри. Подобро купи нови, не ризикувај.
Феминки, дали мора да се оди на детални прегледи за да се утврди каков вид леќи треба да користиш или можам сама да ги купам зошто си го знам диоптерот. Инаку бев на очен лекар денес и одма ми даде упат за во Скопје во некоја Румунска болница. Тамо на испитување да сум одела и на секакви чуда и на крај да се утврдело што треба да употребувам. Сега не сум баш во можност по клиники да одам. Диоптер имам на десно око - 1, а на лево - 1.25. Совет? Не сум баш многу информирана околу темава и затоа ми треба помош.
Јас ја напнав темава ама морам уште ова да го прашам дали знае некој во оптиките на зелено пазарче што се да ми направат проверка на диоптер да не одам по доктори...и која цена е тој преглед
Јaс би ти препoрaчaлa сепaк нa лекaр дa си oдиш, првo лекaрoт ќе ти oдреди кaкви леќи ќе нoсиш меки или пoлутврди истo тaкa ќе требa дa прoбaш леќи пa ќе те гледaaт дaли oкoтo ќе ги прифaти леќите или не пa ќе ти пoкaжувaaт кaкo дa ги вaдиш и стaвaш сепaк нa пoчетoк не е вooпштo леснoб кo зa прв пaт oди пa пoтoa сaмo ќе си купувaш леќи
Зависи колку си спретна. Нормално е дека со кратки нокти е полесно, ама еве сестра ми нема гајле и со подолги. Само треба да внимаваш, особено при вадење.
Девојки, дали некоиј има искуство со леќи за време на бременост, дали може да се јават некои потешкотии?
@koritsaki Не сакам да те разочарам, ама јас избегав од Данка. Јас имам исто сферен со цилиндричен диоптер, кај данка одев со години и не ни ми кажувала дека имам цилиндер и сферата ми ја зголемувала нон стоп!!! Ми ги упропасти и очите и се. После неколку сменети офталмолози спас најдов кај др Стојановски во Центар кај ЈБТ гимназијата. Тој сепак ми даде гас пропусни (rgp, полутврди) и ми пресмете и цилиндер и се што треба. Второ, Данка освен што ниту еднаш не ми даде соодвете диоптер со кој ќе гледав убаво, таа и со тоа Елени затоа што соработува ми направи сцена. Значи одам јас со рецептот на Данка во Елени и леќите ги нема на лагер треба по порачка, и викам океј, ај викам ќе проверам на друго место па ќе се вратам. Одам неколку дуќани поназад во Орбис, ем на лагер, ем поевтини и ги купив. Одам кај Данка и гледа таа декларација замисли и на мене веќе возрасна на 20 и кусур години се дрзна да ми се дере како сум ги купила од друго место, како сега она нема одговорност за мојот вид и леќи и уште забелешка ми пиша во тоа тефтерот купени од друго место!!! За Данка, јас ќе кажам СЕ најлошо. @green.eyes иста прикаска!
girl1985 знам Данка дека е таква во врска со купувањето на лекиве , да ти кажам искрено јас веќе од ибеј ќе ги порачувам зашто секаде ми е многу скапо (меките се многу поскапи од полутврдите мајка ми полутврди носи веќе 30 години) неможе некој да ни кажува од каде да купуваме леќи нели е така инаку можно е да греши диоптер зашто нема компјутер и мислам дека многу точно неможе да опедели како со компјутер.. и јас имам цилиндер ама ми рече дека е доста мал и нема да пречи сега за сега ако носам ваков тип на леќи а ако нешто ми се покачел тогаш и мене ќе ми даде полутврди леќи. Имам одено и кај тој доктор до ЈБТ школото ама и од него не бев нешто задоволна , инсистираше од таа оптика да ги купам леќите и упорно не ми даваше рецепта за да одам леќите да си ги порачам и јас сум по потрага на доктор да ти кажам кај 4-5рица имам одено и никој асален да ми се погоди.