Се изнапишував и паднал форумот. Значи мене секогаш ми дава рецепт докторов, не знам зошто таков случај, да не си грешка? Со години одам кај него, без А4 лист со детална анализа и диоптрија не сум излегла. Леќи само еднаш купив преку нив од Орбис а таму и беа најевтини, но после од интернет почнав да си нарачувам и немав никаков проблем?! Инаку за цени, гаспропусните и не се согласувам дека се поевтини од меките. Многу параметри влијаат на сето ова. Инаку гас пропусните генерално се и прав тип на леќа, многу помалку предизвикуваат алергии, проблеми, и дозволуваат кислородот да минува низ нив со одреден процент на пропустливост.
И ти од нет порачуваш? Која цена ти излегуваат ваквите леќи ? Зборуваш за тој доктор одма во таа зградата на први спрат до ЈБТ ,со сини очи што е хехе нз зашто така мене ми правеше,а и моја другарка оди кај него и немала некој проблем,можеби и денот не му бил
Не може да се јават потешкотии , само ако прв пат се ставаат леќи задолжителен преглед за диоптер од причина што може да има некои помали промени во диоптерот, поради бремноста т.е поради хормоните во бремноста. Јас сега пред една недела бев на детален преглед на очите и си прашав се што ме интересира.
Само што дознав дека треба да го сменам диотерот, па леќите ми останаа неотворени. Ако некој носи диоптер за далеку лево око -4, десно око -3,5 имам 3 месечни херметички затворени меки леќи FW OPTIMA од најдобрата фирма Bausch&Lomb. АКо на некој му одговара овој диоптер нека ме цитира тука или нека ми пише пп да се договориме.
Девојки и јас решив да ставам крај на очилата и да си купам леќи... Очилата ги ставив пред речиси две години..прв пат бев на преглед во оптика зенит (студентскиот гоце делчев) тогаш мн мал ми беше диоптерот и др.брижита ми рече нема потреба за очила (-0.25/0.50) но бидејќи јас имав потреба од очила ( мн наеднаш ми др појавија проблеми со видот,во рок од два месеци) по некое време пак закажав преглед но матичната ми закажа во румунска (букурешт) кај машкиоѕ доктор, нз како ср викаше...тоаш не ми остави некок голем впечаток,и тој ми викаше немаш потреба ( а диоптерот пораснат 0.50/0.75) и на мое барање ми напиша рецепт за очила...Во меѓувреме не сум била на преглед (со исклучол на вежби од факултет,каде измерив дека ми е зголемен диоптерот минимално) Сега одлучувајќи се на овој чекор, бидејќи не сакам на улица да ги носам наочарите ( а тоа е проблем при излегување, возење,шетање) сакам да направам преглед да ми се одреди диоптрија за леќи, арно ама незнан за каде да се одлучам... Државна, букуешт или некои од приватните установи? ајде ве молам за совет
Девојки ќе ве замолам ако може да ми препорачате некои оптики, планирам да зимам леќи а од старата оптика воопшто не сум задоволна..Фала однапред
Се одлучив за наочари место за леќи, пред се зашто немам толкаво трпение за леќи и конечно си најдов предобара рамка за очила. Од комлекси дека не ми стојат наочари од -0.75 стигнав до -2.00 така да ги носам постојано од сега па натака. Рамката е на Oliver peoples само една колеција постара од најновава инаку обликот е ист само за многу малку помали, и со потемна бојата-темно кафено со крем светло. Задоволна сум, колку време ги маткав покуфери, ранци, ташни без футрола и не се скршија ни изгребаа. Али и за парите треба да се добри.
Јас носам очила и сега саκам да сменам и да си κупам леќи, саκам да пρашам од κој доκтоρ сте најзадоволни за пρеглед?Дρугаρκа ми е κаκ таа Данκа и ептен е незадоволна, па саκаме и двете да ја смениме, совет?
Девојки ке ве замолам ако можете да ми препорачате некој доктор за леки. До сега одев кај Данка во Букурешт и не сум задоволна од неа. Инаку носам полутврди леки. Бв во Европската и ми рекоа дека не работат со полутврди.
http://grouper.mk/m/skopje/deal/vizus-lekji-rastvor-pregled-1 Девојки, вие што сте со искуство со леќиве, дали се исплати зделкава? Оваа недела имам веќе закажанп преглед во државна за леќи, секако ми е во план да земам, а гледам акцијавс уште два дена е, па се мислан дали да ги купам? Знсете ли колку чинат инаку леќите? Растворот дали е добар и колку би ми траел тој раствор од 90мл.. Фала ви на одговорот
Која е разликата помеѓу обични и леќи со цилиндер? Добив информација дека ЛЕЌИ ЗА ЦИЛИНДЕР ЧИНЕЛЕ 7000 ДЕНАРИ,НО ЗА ЕДНА ГОДИНА. Дали е ова точно и дали има леќи со цилиндер што се носат по 2 месеци како обичните?
Леќите со цилиндар се поскапи, ама нив смееш да ги носиш само ако имаш потреба од такви, зашто тие се посебен тип на леќи. Колку што сум запознаена, вакви леќи (или стакла за очила) носат луѓе што имаат астигматизам. Цилиндрични леќи имаш и со помал рок, тоа сум сигурна, зашто баш пред извесно време купував леќи со купон, имаше и цилиндрични што важеа за 3 месеци ми се чини. Ама вакви ќе земеш само ако очниот лекар ти рече дека имаш потреба од нив.
Користи ли некој Диспо Био леќи? Тоа се меки леќи. Лесни ми се за ставање на очи, ама за вадење.... Некој што ги користи, да сподели искуство?
Ахахаха лелееe...Како е можно,не сум слушнала?! Јас пак си реков овие до Романија на очно.. ..How stupid of me!..
Бев на контрола во петокот диоптерот ми е покачен ужасно ме интересира дали со овој дипотер и агли можам да носам меки леќи заборавив да прашам докторот