Вие што носите контактни леќи во боја а имате кафени очи , која боја е најприродна и ќе се познава на кафено око? Во мисла сум да си земам сега леќи во боја (со диоптер) ама не сакам некоја да е многу дречлива. Препорачајте ми нешто
Јас се бањам Коритсаки, не можам да се замислам без леќите. Биди повнимателна и нема да имаш проблем. Ако евентуално ти влезе солена вода и почне да те глоцка или пече, носи си го тоа за чување на леќите со растворче во него и огледалце, па ќе ја извадиш ако дојдеш на голем зорт. Ние со ваков проблем, мора и со овие акцесоари да сме наоружани каде и да одиме.
Здраво девојки и девојченца! Знам дека следниов текст ви се гледа малку долг, но ве молам прочитајте го зашто вашите мислења со сигурност ќе ми бидат од корист. Купив месечни леќи Bausch +Lomb PureVision2 for Asigmatism за двете очи со различен диоптер. Во оптиката купив и раствор Bausch +Lomb ReNu MultiPlus, вештачки солзи, а ми рекоа да си купам физиолошки раствор. Таму ми покажаа како се ставаат и вадат леќите па мене ми се виде многу лесно и решив таму воопшто да не ги пробувам, туку да си ги ставам дома. Арно ама, домичка убаво си се измачив додека влезе едната леќа, па потоа другата, а за вадење да не зборувам (кажете ми како вие ги ставате и вадите). Е сега да почнам да раскажувам за работите кои не мислев дека ќе ми се случат.. Првиот ден кога ги ставив чувствував ужасно неподносливо пецкање. Натурав вештачки капки, ама не помина. Вториот ден тоа пецкање како да се намали. Излегов надвор, ги прошетав леќите низ струмичкиве улици и се беше океј. Единствено очите многу ми солзеа, не знам зошто. Следните неколку денови заклучив дека леќите не ми беа воопшто удобни и пријатни во окото, ми сметаа и се чувствував како некој инсект да ми спие на зеницата. Освен тоа, при секое трепкање ликот ми се заматуваше и не гледав добро. Привремено се откажав од леќите кога сношти пред легнување ги извадив и забележав дека очите ми беа крвави.Но не од околу, туку црвени ми беа околу зеницата. Денес не ги ставив, а баш сакам да ги носам.. Се сомневам дека убаво ги мијам.... Девојки, тоа е тоа. Прашајте ме ако нешто сум испуштила и ве молам дајте ми ги сите можни совети.. Леќите изгледа не ме засакаа мене, но јас пак никако не сакам да се откажам од нив. А да, и посакајте ми добредојде на форумов зашто планирам долго време да ви досадувам. ПОЗДРАВЧЕ
Здраво Цветче и добредојде, ти посакувам пријатна дружба на форумов! Нема зошто да се откажуваш од леќите. Само трпение и ќе се навикне окото на нив, сепак е страно тело нели, а исто така и секое око бара различно време за адаптација - кај некои пократко, кај некои подолго. Јас се пронајдов во твојот пост во делот каде опишуваш за чувството со инсектот, јас го имав истото чувство само што кај мене не спиеше, ами шеташе. И бидејќи јас користам леќи веќе неколку години, одма открив кој е проблемот во мојот случај... марката на леќите! Со исклучок на претходното пакување кое беше на Bausch&Lomb, сите претходни ми беа Air optix. Разликата кај мене беше многу очигледна. Bausch&Lomb толку ми сметаа на очите што буквално на нервоза ме тераше и понекогаш ми идеше на сред улица да си брцнам во око и да ги мавнам, а додека вторите , со нив не ни осеќам дека носам леќи. Затоа совет од мене пробај ги нив, посебно дека си почетник, знам дека нив и лекарите ги препорачуваат за луѓе кои имаат прв пат контакт со леќи, а важат и како едни од најквалитетните (се смета дека пропуштаат 5 пати повеќе кислород отколку било кои други видови). Јас им се вратив пак од некни и не ги менувам за ништо!
Не, ништо такво не приметив.. Освен што ми крвават очите.. Едноставно е: ми сметаат во око и не можам јасно да гледам со нив. Веќе кажав дека се сомневам дека добро ги мијам со растворот. Дали и ти мислиш дека треба да ја сменам марката?
@Emy867 и јас ја имам истата дилема. Се бањам со леќи ама никогаш не и главата, се плашам да не ми влезе вода па да добијам некоја инфекција на окото. Викаш не е проблем а?
Мене не ми било проблем, сепак треба да пробаш... Ако не, трчање надвор од вода и вадење . Јас сум со ставот уште од старт кога почнав да ги носам дека ќе продолжам да функционирам како и пред нив, така и правам.
Јас со леќи на плажа не одам, цело време ќе ги мислам, малку да дувне ветер ќе трчам назад во апартман за да ги исчистам. Башка сакам да пливам, да нуркам, некогаш и отворам очи под вода за да видам кај беше школката што сакам да ја земам За мене во такви случаи најдобро решение се наочарите за сонце со диоптер. Ги вадам кога влегувам во вода, ама тогаш и не ми требаат толку.
Ох, наочари носам од пред 2 години, значи оваа ми е трета. Изгледа сум имала проблем уште во 5-6 одделение, ама сум интервенирала 1-2 години покасно, зошто не знам, постојано сум седела прва, втора редица максимум. Проблемот се јави кога ме седнаа на последна, фала и' на класната. Значи супер ми беше со очилата, ги носев, многу повеќе се бендисував со нив, естетски некако ме надополнуваа. Вчера бев на преглед и диоптерот ми се зголеми за 0.25 на едното и 0.50 на другото, не е баш мал диоптерот, ама тоа е. Не правев редовни прегледи, затоа што докторот каде што ми ја одреди првата диоптрија не ми ни кажа ни пак беше заинтересиран па направив грешка и истиот диоптер го носев неколку години се' додека не ми годеше повеќе. Е, сега вчера си зедов и леќи, дома сама си ги ставав, зашто сестра ми носеше двомесечни па ќе ми покажела таа и само ги купив, таму не ги ставав. Се измачив можеби 1 час, но ги ставив некако. Вечерта имав проблем околу ваѓањето, па сестра ми ги изми рацете и таа ми ги извади. Денеска за 15 минути ги ставив, па ќе ги вадам сама, колку и време да ми зафати. Е, сега зедов пробни за 3 месеци, па после ќе видам дали ќе продолжам со нив, никогаш и не сум преферирала леќи, меѓутоа сакав да пробам, а и сакав на одмор да гледам убаво и без да ги вадам диоптриските очила, но потоа сфатив дека не можам да се капам со нив, инфекција, вода... како и да е, па исто ми се фаќа. Ќе комбинирам овие 3 месеци, леќи- наочари, ќе ги сменам стаклата на претходните рамки и тоа е. Едно прашање, уште сум во пубертет, носам диоптер - , дали има шанса да се оправи или после 18 ќе мора ласерска операција? Затоа што слушнав дека се лечи само +.
@Црвче Овие што ти ги дале тебе се крути да речеме, И јас така ги осеќав. Земи си Air Optix леќи, супер се, ги носам 4 - 5 години. Можеш да ја смениш и течноста, може алергија да ти ствара. Купи reny течност. Исто така може леќата наопаку да си ја ставила. Кога ти е на прстот леќата треба да не се познаваат рабовите.Ако ти се прави како чинија значи е наопаку. Тоа мн боцка во окото.
Јас носам 13години леќи и на одмор сум била со нив и во вода и си се бањам со нив и немаат гаље Инфекција неможеш да фатиш освен кога ќе ги отвориш очите малку може да запече од солена вода во море али ништо страшно. Само незнам за гледање во вода пошто јас и без леќи не сум нуркала под вода така да во тој случај незнам дали би имало проблем доколку отвориш очи во вода, можно е да паднат
И сега велите нема проблем доколку влезеш во море со нив, единствено тоа беше причината затоа што и ги ставив, да можам на плажа со нив, ама не ми се ризикува, што знам.