Здраво, Јас носам Air Optix леќи веќе неколку години и никогаш до сега не сум имала проблеми, но веќе еден месец очите ми стојат како отечени и чуствувам дека секој ден ми се повеќе, бев на лекар кај таа Данка, кај неа се прегледувам ми вика контролирај ги бубрезите, крвта, и дека немам проблем со очите, ги правив тие анализи и сите ми се Ок. Сакав да ве прашам дали вие што носите леќи некогаш сте имале ваков проблем, дека се плашам да не ми прават несто проблем леќите па од нив да ми се појавил отокот. Однапред Ви благодарам
И јас ги носам долго време, сум немала таков проблем. Сум слушнала дека испакнати очи се симптом за проблеми со тироидната жлезда. Евентуално тоа ако не си испитала. Али ова од рекла казала, нејќам да те паничам.
А вие сите што носите леќи подолго време, колкав временски период ви пребаше да се навикенте на истите? Јас еве сега земав Air Optix, ама овие се трет пат како ги земам, првите два ич не ми беа погодени. Е сега овие ми се окза гледање, ама некако како темно да ми многу со нив. Дали и вие сте имале ваков проблем? И некако пред компјутер ми е многу тешко да гледам со нив. Со наочариве немам проблем, ама тоа е претпоставувам заради тоа што наочарите имаа заштитен слој или...?
Јас носам леќи може 6-7 години. За привикнување ми требаше најмногу месец дена, не се сеќавам точно, одамна беше. Ама ти како што викаш подолг временски период ги носиш. Јас мислам дека не ти одговараат тие леќи, барај други. Јас носев прво Ciba Vision некои, ама не бев задоволна. Со совет со докторот, сигурно ќе најдете решение.
Не се сеќавам точно, ама мене можеби ми требаше недела - две за да почнам да ги навикнувам. Мене многу ми пречеа на почеток, како што трепкав, така ги осеќав во око. Осеќав како да го гребам очниот капак со рабовите на леќата. Ужасно чувство. Прво мислев дека не ми одговараат леќите, ама после се привикнав и сега немам проблем. Истите ги користам со години, сега не ги чувствувам воопшто. А пред компјутер само со наочари (со стакла со заштитен слој). Мене мачно ми е со леќи, се напрегам цело време
Девојки мене ме интересира за тие рамките што ги продавале по Зелен Пазар ( така мислам беше) ме интересира пластични се или има и метални? Искрено јас немам разгледано,но како што имам слушано од други демек биле прилично скапи достигнувале цени и до 1500 денари.. Па затоа ме интересира квалитетот? Или ако не предложете ми некоја поефтина оптика во Скопје,значи барам рамки најмногу до кај 2500 денари,а притоа да се квалитени.. Фала
Во Оптика Ицо на Зелен Пазар имаш тоа што бараш. Ефтино и квалитетно. Секако зависи од моделот цените се од 400 до 3000 (со исклучок на Гес, Гант и слични брендови)
@Anna-Banana @Minnie-e на зелен пазар оптика Ицо ги држи повеќето од тезгите, па дали ќе влезеш во оптиката или ќе гледаш низ тезгите исто е. Оптиката ја има и во трговскиот Бисер. Јас пред две години си купив рамка од Ицо, ја платив 2500, рамката не е мрдната,метална тогаш си одбрав и не ми е криво за парите, но имаше и убави многу поевтини рамки. Мене ми беа први па не знаев што сакам како и да е, не се лоши од каде и да ги земеш,нормално сама ќе си одбереш па цената си го носи и квалитетот, (барем на пазар, не зборам за брендови). Сите тезгаџии имаат договор со некоја оптика па и стакла ќе ти понудат. Јас стаклата во М&М во бисер ги правев последниот пат, а првите заедно со рамките во Ицо.
@male и @Minnie-e значи уствари сите тезги се од некоја оптика? Само што во оптика на пример поскапо ќе ги платам рамкиве? Од тоа што успеав да сфатам. Инаку не сакам некој бренд,сакам само да се квалитетни И ме интересира колку пари е во Ицо местење на стакла?
Па не дека баш сите се на некоја оптика (можно е да има некоја во заднина) но сите имаат "договор" со некоја оптика, и ќе ти кажат ако сакаш и стакла остај го ливчето за 2 саати или утре дојдо готови ќе ти бидат ( си ги праќаат по карго нтаму-наваму јас ги распрашував еднаш) од ицо тезгите, кога ќе те видат заинтересирана ќе ти речат дојди во оптиката поголем избор. Цените надвор и цените внатре им се исти за ист модел на рамки. Поскапите само внатре ги има (брендовите). Стаклата ми се чини беа 600 денари обични без заштита, па имаше 900 и 1200( не сум сигурна за овие две, јас обични си земав, бидејќи не работам на пц со нив и сметав дека не ми треба, сепак избор си е тоа). Прошетај, разгледај во секој случај нема што да изгубиш а ќе бидеш колку толку во ќар
Леќи,дефинитивно. Туку каде можам да најдам леќи во скопје,онака убаво сини а да се познаваат и колку чинат ?
Ицо имаат неколку тезги а цените на истите модели се исти 400-3000, така да подобро ти е да влезеш директно во оптиката бидејќи има повеќе избор. Стаклата они ги изработуваат кај нив во оптиката компјутерски и затоа и се брзо готови. Од 600ден и нагоре зависи какви. И не верувајте баш на сите за соработката со оптики
@Anna-Banana Јас имав пластични оквири од 500 денари од зелен паза па издржаа 2 години и ги скршив и тоа по моја вина инаку ќе терав уште со нив. Исто и стакла имав од таму и сум задоволна. И металните се исто така добри, и има голем избор. А и продавачите на тезгите се доста пријатни па ќе ти помогнат во изборот. Ако сакаш поевтини оквири и да не се некоја марка, мислам дека на зелен пазар имаат најпристапни цени, и тезгите и оптиката Ицо тука.
https://www.facebook.com/ico.optika?fref=ts Искрено не знам дали прават прегледи но еве ти линк па прашај си.
Сосема погрешно е да вршите преглед за диоптер во оптика и тоа само компјутерски. За одредување на диоптер се оди на офталмолог, кој откако ќе ви го одреди објективниот диоптер, треба да ви одреди и субјективен диоптер оној со кој ќе гледате оптимално убаво, треба да ви изврши и детален преглед на очите, очен притисок и сл. Не се играјте, ова го кажувам од искуство. Многу фактори влијаат за одредување на диоптер, не е само седни измери и толку
Апсолутно се согласувам со @Agatha , компјутерскиот преглед во оптиката го прават оптичари кои само си набавиле апатат за мерење диотер, но тоа не им дава за право да ви го одредат. Има луѓе што школо учат цел живот за тоа и се доктори офталмолози каде прегледот би ве чинел од 60 денари ( во ЈЗУ-букурешт, или државна или други некои) до 300 па и повеќе во приватните амбуланти. Не се ставајте во положба да си го оштетитр додатно видот, сепак компјутерот приближно го пдредува диоптерот,но тие што биле до сега на мед.преглед знаат дека се ставаат и како пробни очила со диоптер врз основа на кои се носи одлуката. Компјутерот одредува диоптер на едно па на друго око, а овие очила важи правилото на природата бинокуларен вид (со две очи кои се надополнуваат)