Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Компјутерот ја одредува моменталната диоптрија и никако не значи дека треба да се препише тој диоптер. Ако во некоја оптика ви го дадат само тоа ливче тогаш не е во ред. Во Ицо конкретно ти даваат да пробаш ама си прават пресметки и не ти го даваат тоа од компјутерот.
     
  2. sanjaas

    sanjaas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    дали некој знае колку време откако ќе ги отворам леќите , ке можам да ги чувам во кутиче без да ги носам
     
  3. sanjaas

    sanjaas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    кажи ми дали првите неколку дена матно гледаше со леќите во боја, затоа што јас си купив и првиот ден матно ми беше ми кажаа дека морало окото да се навине затоа што се подебели од безбојните, и дали знаеш на пример несакам секој ден да ги носам тие во боја затоашто си имам безбојни за секој ден и дали смеам да ги оставам неколку дена без да ги носам во кутиче со течност
     
  4. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    @sanjaas Не неколку дена туку некое време ми беше чудно со тие во боја, едвај се навикнав. Нормално дека смееш, можеш колку сакаш време да ги оставаш во кутивче.
     
  5. sanjaas

    sanjaas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    а дали се продолжува времетраењето на леќите ако ппомалце ги носиш, или тоа не игра никаква улога
     
  6. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Како што сум правела муабет со доктори ми кажувале дека ако помалку ги носиш може да го продолжиш рокот на носење. Сепак разговарај со некој стручен да ти објасни поубаво :D
     
  7. sanjaas

    sanjaas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    фалаа ќе прашам , јас кога ги земав прашував глупости како на пример длаи можам да си плачам со леќите наместо да прашав за овие работи :D
     
    На Eli23 и M.laDy им се допаѓа ова.
  8. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Изгледа сите имаме помалку или повеќе глупави прашања во врска со леќите, мислам дека треба да издадат некој прирачник за употреба на леќи! :D
    Инаку прво ставате леќи, па се шминкате така? И после прво чистите шмикна па вадите леќи? Со кое средство ја чистите шминката, тоа ми е мостерија, се ми се чини дека ми е недоволно исчистена маскарата и дека така ќе ги оштетам леќите?!
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Да, Agatha прво ставам леќи па се шминкам, во спротивно дефинитивно си ја размачкуваш шминката.
    За вадење, лично јас, прво ги вадам леќите па чистам шминка со тоа што окото доволно ќе го раширам за да леќата воопшто да не дојде во допир со маскарата и тоа е тоа.
    Инаку, не можеш да ги оштетиш леќите од маскарата и да ти се измачкаат со црно ќе ги исплакнеш со водичката или физиолошки раствор и нема да имаш проблем.

    Да споделам и дека и мене лекарот кој што ми ги препишуваше леќите ми кажа дека ако ги комбинирам леќите со наочари, т.е ако помалку ги носам, можат да ми траат повеќе.
    Јас леќите ги носам само надвор, по дома строго наочари, така да ги носам подолго, користам едномесечни Air Optix Aqua а истите ги носам до 3 месеци. Можеби звучи многу подолго, ама немам проблеми, но, иако и после тие 3 месеци не чувствувам потреба да ги сменам, сепак ги менувам од што сепак не е добро да се носат предолго едни исти леќи.
     
    На Eli23 и Agatha им се допаѓа ова.
  10. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42
    Феминки имам едно прашање за вас :) Сакам да почнам да користам леќи и ми треба дијагноза за тоа какви леќи ми одговараат мене. Бев во неколку оптики но ми кажаа дека немаат таков апарат, па ако знае некоја да ми каже во Аеродром каде имаат таков апарат за да отидам на контрола?
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Дијагноза за леќи нема.
    Очила ако носиш ќе ги замениш со леќи и готово.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42
    па бев на неколку места за да прашам и ми рекоја дека треба нов диоптер да ми се одреди за леќи бидејќи диоптерот на леќите не бил ист со оној на наочарите(обично бил помал оној на леќите поради тоа што тука не постоело растојанието од окото до стаклото на наочарите) а за одредување на каков тип на леќи ми одговараат имало посебен апарат(така ми кажаа). Имам -2 диопетер и сакав да појдам прво на лекар за да ми кажат за да не преземам на своја рака сепак око е.
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јас имам -2 и носам леќи -1,75 само на тебе е каков тип (фирма) на леќи ќе употребиш. Верувај дека и да одиш на такво испитување само парите ќе ти ги земат. Леќите се тие.
     
  14. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    42
    значи да го купам истиот диоптер од очилата?
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Можеш.
     
  16. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Обавезно да појдеш кај доктор да ти каже што диопер да носиш. Можеби ќе ти изгледа џабе фрлање пари бидејќи постои можност истиот диоптер да ти го даде, но не за џабе постојат специјалисти за леќи. Ќе добиеш совети за одржување на леќите. За Аеродром не знам но во оптика Геталдус на Камени Мост вршат преглед за леќи и прегледот е без пари доколку купиш леќи од таму. Или со упут да одиш во Воена болница.
     
  17. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Ако земеш леќи со истиот диоптер како наочарите ќе те боли главата ненормално. Леќите секогаш ги препишуваат со помал диоптер, затоа што го нема растојанитето меѓу наочарите и окото. Не се прави сама доктор, оди си на специјалист - офталмолог, ќе ти препиша точен диотер за леќи. И без разлика на тоа, не значи дека окото ќе ти ги прифати тие, не значи дека ќе можеш со нив. Јас цела година се прилагодував на различни диоптри на леќи и на различни производители на леќи, има многу фактори од кои зависи како би ти реагирало окото.
     
  18. Cosmo-Girl

    Cosmo-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    јас пред два дена ги сефтосав и знам дека ке речете рано е, почекај да се навкнеш ама истите проблеми ги имам. далеку гледам релативно чисто, ама блиску не можам да фокусирам, матно ми е и многу голема нервоза ми прави и почна глава да ме боли. молам за совет, дали сите го имате истото поминато на почеток или некој ги немал истите маки... :(
     
  19. Cosmo-Girl

    Cosmo-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    ве замолувам да ми препорачате добар доктор за леќи, тие докторките од букурешт не доаѓаат предвид заедно со оптиката елени, а за др благоја стојановски кај јбт има многу поделени мислења. не знам кај кој доктор да одам, сум била во визија ама некако не сум многу задоволна од докторката, прегледот беше површен, краток и ништо не ми објасни, а сум била и кај др антонела во медика плус и поради неа потрошив 6000 ден на леќи што никогаш не ги носев. ве молам пишете ми ги вашите искуства и препорачајте ми очен доктор што работи со катрони зошто само давам пари и пак не сум задоволна... :(:(:(
     
  20. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Jas bi ti go preporacala dr.Ristovski odam kaj nego so godini i sum prezadovolna, a predhodno odev vo bukurest kaj Kamilova ali katastrofa so taa optika Eleni postojano ogranicuvase. Ednas zemav leki od dr optika i lom me napravi pa odma cao prijatno :) otvori na google ke ja najdes stranata na doktorot inace vo kapistec se naogja kaj cveten pazar :) I pregledite se celosni na poveke aparati, meri i ocen pritisok.Jas sun prezadovolna samo neznam dali raboti so kartoni jas odam privatno
     
    На Cosmo-Girl му/ѝ се допаѓа ова.