Некогаш може да го згрешат диоптерот при преглед, а може и стаклата при изработка. Сепак можеби ти треба само малку да ги навикнеш. Најдобро е да се вратиш таму и да кажеш што чувствуваш за да проверат уште еднаш. Во секој случај ако и после тоа не ти е пријатно направи преглед и на друго место.
Зависи ли од големината на појавување на диоптерот и возраста на личноста тоа дали со носење наочари ке се поправи видот? Да ми објасни некој како иде тоа со поправањето на видот со наочари...
Дечки, ај малку помош, докторката ми препиша наочари со диоптер 0,5 на десното око и така да ми порача да си земам наочари со анти-рефлексна заштита и диоптер само на десното око, и се е во ред, освен тоа што кога ги ставав денес некако кога идам подот на лева страна како да се издигне, па страв ми е да не направиле нешто грешка во оптиката!
Истиот совет од погоре. Врати се таму или направи проверка и на друго место. Ете Ицо Оптика ви е добра опција
0,5 Искрено, не е нешто преголем диоптер. Дали имаш само на десното око диоптер или на двете? Мислам дека си требала да реагираш на прегледот и кога те прашувале дали е се во ред. Исто така и мене ми рекоа да прошетам и да видам дали има дупки на подот.
На десното око само, ама па мене воопшто не ме прашуваа дали е се во ред или не, а некој вика дека треба време малку додека се прилагодува, ама што знам :/
Да искрено треба време, и мене на почетокот ми беше чудно зошто и јас имам само на десното око диоптер 0,75 ама мислам дека е тотална утка, и ми треба време додека го фокусирам окото на некој предмет па затоа ќе одам кај Ицо оптика кај зелен пазар да сменам диоптер.
Убаво ти рекле Мехмет, треба време. Остави го окото нека се прилагоди, доколку и после некој период е исто, тогаш посети лекар пак.
Мислам дека е премногу оптеретен/а со новонастанатата ситуација носење наочари, па затоа и дупките се резултат на тоа. Реално, од тој диоптер толкави дупки јас не верувам. А можно е и дека е само на едното око, па сега дури се усогласи малку ќе го има тој ''ефект''.
Докторката ми рече дека десното око е "помрзливо", а јас обично ги имав овие симптоми: замор, губење на фокусот додека си читав дигитални книги на компјутер, матно(повремено) а понекогаш проследено со вртоглавица, сите други здравствени анализи ги имав направено па крајниот исход беше дека сите се супер, па си преостана уште на очно да одам, и таму докторката ме диагностицира со Компјутер Вижн Синдром, и дека мора да си носам очила со анти-рефлексна заштита каде што десното стакло ќе биде малце и со диоптрија т.е. 0.5, и така како што ми препиша така им реков нив кај оптиката, па се надевам дека они таму не направиле некоја грешка, левата страна на подот како да е на повисоко подрачје од нормалното, така да ќе почекам уште неколку дена, па ако нема импровизација тогаш ке отидам кај лекарот или кај оптиката
Само малку полабаво пристапи кон целиот процес на адаптација и кога ги ставиш наочарите не мисли на тоа и цело време таму паметот, па има ли дупки, нема ли... Не гледај надолу се малку и нагоре погледни , ќе видиш дека ќе се среди. Башка не е болест за умирање де, ќе ја биде, само опуштено.
Malku sum netrpeliv ama vo pravo ste, ke ve poslusam, vi blagodaram najmnogu na vasite iskreni odgovori
Update: денеска си бев на очно кај мојата докторка па и кажував за тоа со подот, вика дека тоа е многу нормално поради тоа што десното стакло има цилиндр и деќа ќе се навикнам постепено
Носам меки контактни леќи Ме интересира дали растворот за миење и чување на истите во кутивчето мора да биде ист? или со други зборови дали може. на пр. при вадење/ставање да се мијат со обичен физиолошки раствор , а во кутивчето да да се потопуваат со растворот кој е наменет за соодветниот тип на леќи ???Ве молам за одговор. Поздрав
Јас така правам многу години. Со физиолошки раствор ги мијам леките при вадење/ставање, а во кутивчето ставам искучиво Opti Free на Alcon. Ова ми е по препорака на мојот очен доктор, така да слободно така прави.
@MIA-SK ти благодарам за одговорот. Уште едно прашање имам . Дали кај меките леќи се разликува предна и задна страна и како тоа се препознава на нив?
Јас вака на изглед не научив да ја распознавам предната од задната страна, ама забележувам кога ќе ја ставам леќата на око. Ако е превртена наопаку, не сака да се залепи за зеницата, како што трепкаш шета горе-долу.
Koga ke probas da gi svitkas kraevite se navnatre,a ako e pogresnata strana togas svitkana kraevite se nanadvor