Кај некои леќи, конкретно јас ги користам air optix има и код со букви испишани на леќата па доколку ја погледнеш убаво на светлина можиш да видиш дали е од предна или задна страна.
јас кога не сум сигурна се обидувам да ја подзавиткам леќата, ако се витка лесно ок е а ако не сака наопаку е
^ Јас ја ставам во дланка леќата, капнувам малку oд растворот и самата се мести( се свиткува) . Ако е од опачината се преклопува. Ете, поексплицитно.
Да ми помогне некој како се движат цените на леќите Аир Оптикс тие што се по 6 во пакувње. И кај се најевтини?
AIR OPTIX® Aqua - редовна вредност 1132 ден. пар AIR OPTIX® Astigmatism - редовна вредност 1586 ден. пар AIR OPTIX® Multifocal - редовна вредност 1493 ден. пар AIR OPTIX® Night & Day - редовна вредност 1799 ден. пар Eве објаснување кои за што се: http://www.betamedico.com.mk/mk/airoptix.asp
Може ли да ми препорачате капки за суви очи? Носам леќи и очите брзо ми се сушат, а користам прокулин капки, но не ми помагаат. После 2-3 часа чувствувам нелагодност во окото, а некогаш и за помалку изминато време од ставањето на леќите. Ви се случува ли на вас? Дали сувоста е причината?
Смени си ја течноста, ако користиш Прокулин можно е да ти е од неа. Мене докторката ми рече дека таа не ги чистела доволно (ми опиша подетално, али јас вака просто сфатив). Јас ја користам ReNu и сум задоволна. Може исто и до леќите да е, меки, полумеки и сл. Јас ги користам овие околу 8 год http://www.laatsed.com/media/catalo...eab33525d08d6e5fb8d27136e95/f/i/file_11_5.jpg 2000 ден. се, често ги има на попуст во Визија, 3 пара по 2 месеци.
Доколку мислиш на Air Optix Aqua, пакувањето од 6 леќи е околу 2500 денари. Не би знаела точно кај се најевтини, али цената горе-долу таа е (+/- 100 денари во зависност од оптиката).
Кога почнав да носам леќи пред половина година прво го купив ReNu растворот, затоа што и леќите ми беа од марката Bausch&Lomb. Потоа купив Aip Optix леќи па купив прокулин раствор бидејќи беше за 400 ден. поевтин од предходниот (си реков да го пробам). Е сега да бидам искрена прокулинов е повеќе како вода, додека ReNu растворот беше многу помрсен. Ако е така како што велиш, одма го менувам. А ќе може ли да ми кажеш како и кога ги миеш со растворот, јас неможам ред да си фатам. Во оптиката каде што бев ми рекоа можеш да ги миеш со физиолошки раствор пред ставање, но никако да ги чуваш во него. И, користиш ли капки?
@Црвче Ќе ти одговорам и јас. Под итно менувај го Прокулинот. Знам дека е евтин и одговара на сечиј џеп, но окото си знае. Заради овој раствор имаат и во болница завршено. Земи од поскапиве течности, немора да е Рену има и други. За чистење, кога ќе ги извадиш леќите капнуваш од течноста и нели ги триеш, ги ставаш во касетката (Јас секој ден ја менувам течноста во касетката). Пред да ги ставаш можеш со физиолошки да ги исплакнеш но и немора. Ако не користиш физиолошки ги земаш од касетка и ги ставаш. Ако ти се суви очите можеш да си купиш вештачки солзи. Прашај во аптека.
Каде одите на преглед ? Одев неколку години во Визија и постепено ми се накачува диоптерот еднаш годишно по -0.25, последно бев во оптиката Ицо во зелен пазар што е, да си земам нови оквири и човекот се понуди да ми направи бесплатен преглед, по што прифатив и излезе дека на едното око нема потреба да се менува диоптерот. Долго време сакам леќи, досега не сум носела, кажете ми дали е различен диоптерот од очилата и дајте некој асален офтамолог
Почетник сум со носење леќи скоро 1 недела е сега имам потешкотии при ствање и вадење. Мислам со време ќе ми стане рутина. Имам прашање денес ги носев леќите околу 5 часа и почнав да гледам матно, бело... Некој поискусен да ми каже некој совет.
Дечки каде има така поефтини оквири? Јас треба да носам цилиндрични стакла , тие знам дека се поскапи од обичните , ама бар рамките да ми се поефтини. И дали може така од едно место да купам стакла а од друго оквир?
Оквири поевтини можеш да најдеш на Зелен Пазар, во оптиките и на тезгите, од 400 денари па нагоре се движат цените, за 800-1000 денари има доста избор на модерни и убави модели. Стаклата можеш да ги ставиш и во друга оптика, не е проблем. Кажи ми колкав ти е цилиндарот, ако не е многу висок ќе ти препорачам оптика кај што ќе ти ги наплатат како обично диоптерско стакло.
И јас си носам леќи веќе година ипол и неможам без нив! Не се толку скапи, удобни ми се и имам поголема самодоверба со нив! И нема ништо комплицирано, само миење раце пред ставање или вадење и тоа е
Здраво, јас сум нова на форумов ,ме интересира дали некој има сличен проблем . Носам леќи веќе четири недели и проблемот е во тоа што постојано морам да ги поместувам за да можам да гледам добро со нив. На око не ми сметаат ,не ги ни осеќам само што цело време морам да ги поместувам бидејќи штом се изместат ( свртат) во тој случај гледам дупло,а тоа се случува многу често. Дали е тоа нормално или има грешка во мерењето за леќи? Инаку леќите се AIR OPTIX® Astigmatism
Јас ги имам истите леќи, а и истиот проблем веќе долго време. И јас сум астигматичар. Стварно незнам до што е работава. Ќе закачам некоја бактерија в око зашто постојано ги поместувам (вртам) леќите за да го избистрам видот. Во почетокот го немав проблемов, но сега ми смета. Кажи ми, каков раствор користиш?