Ете така,да ги носиш Иначе,таа заштита од компјутери,јас ја имам на наочарите,и што знам,демек штитела Мислам дека не е ништо поврзана со мачкања,освен ако не измислиле нешто најново до сега Јас имам тоа ставено во наочарите,кога ти ги прават нели,прашуваат за заштита од компјутери,од рефлектори,секакви зрачења нели,дали сакаш да ставиш,и ја не се разбирав баш во тоа па си реков да ми стават,и што знам,можда и штити,иначе се гледа во наочарите дали има заштита или не.Кај мене ако ги ставам под светло имаат зеленкасто-виолетова боја,ама тоа само под светло. И,последен пат кога бев на преглед ми кажаа дека всушност немало ништо ефект од овие заштити,и џабе демек сме ги носеле она ова,али не било штетно за нас,така да ми рекоа сеедно дали ќе ги носиш или не,бидејќи компјутерите со лцд,со рамен екран што се,не штетеле и така да,сеа ги носам ја тие заштити,и пак не се разбирам многу Важно да гледам ја
на работа носам наочари со заштита за компјутер а кога излегувам леки. Е сега има врска со стаклава со премази за зраченња. Имам дома резеврни со обични стакла. И кога ќе ги ставам и ќе седнам пред компјутер одма осеќам разлика. Побрзо ми се замараат очите, напорно ми е гледањето.
И јас исто.. Кога ме прашуваа дали да ставаат такви, викам ајде, и ставија, и исто има такво, зелено-виолетово кога си под светло. А дали се корисни, незнам баш... не осеќам разлика мешу овие, премачканите и претходните.. Инаку Душица, отиди си на преглед и види што ќе ти каже таа докторката, ако се исти носи ги, ако не нови... А и јас, кога прв пат ги ставив, некако дупло ми се гледаше, се си мислам ќе паднам некаде. И прво ме болеше и главата, ама се навикнав... И незнам како некои можат да си ги менат оквирите, во различна боја нели, и сега, не им треба време за навикнување на другиот оквир? Тоа ми е чудно малце.. Душица, носи си ги ич гајле немај што ќе рекле, битно тебе да ти е убаво.
А зашто бе дете да ти е срам да носиш очила?? Барем денеска има такви убави оквири да ти е мерак да ги носиш. Не се зезај со очилата зашто може да ти се зезне диоптерот. И јас кога ми дадаоа имав 0.5 диоптер , и тоа на 17 години и не ги носев и после за година дена ми рипна а 1,25. Така да носи си ги, не се срами. Ако ти е нешто чудно и не можеш да се навикнеш, види дали ти се добро центрирани, а ако имас астигматизам ќе треба време да се навикнеш. И запамти, нема потреба да имаш срам.
Точно така Нешто слично и мене така ми беше.Прво ми беа 0.25(лево) и 0.50 (десно) и си се зезав.. Не ги носев,ме мрзеше,па не ми стоеле,свашта.. И ми се покачија фино лепо на 0.75 лево и 1.25 десно.. И така,сеа ќе носам поголеми за казна
^^ е вака јас мислам дека има многу голема разлика меѓу очилата со премачкани стакла и оние обичните,јас носам очила многу долго време сега моментално носам леќи,а кога не носам леќи ги носам очилата...разликата кога седнам пред компјутер со леќи за пола час очите почнат да ме печат да ме жежат,а со очилата можам да седам многу подолго време.. Е сега за кој како мислам дека за тие со мал диоптер не даваат леќи,јас носам поголем диоптер и сега за сега ми е супер со леќите,а такви изговори демек се срамам да носам 'тегли' не водат кон добро..подобро да се спречи отколку да се лечи и ако не друго барем има милиони оквири за избор.
Очила носам од кога знам за себе. Од мала сум со нив и ги носев буквално цело време, само за спиење ги вадев. Кога станував веднаш ги ставав. Пред околу еден месец си земав леќи и супер ми е, не ги ни чувствувам, а и подобро ми е со нив, се навикнав. Пред спиење ги тргам, а ми ставањето и вадењето ми одзема околу една минута.
Јас можеби ќе бидам досадна со моето проповедање за носење квалитетни очила, ама наидов на една денешната статија што ја прочитав во Вест. И морав да ја споделам. Опасна диоптрија на пазарите - Ќори од кинески очила Очилата за вид од пазар се штетни за видот на Македонците и може да предизвикаат слепило поради различната диоптрија, која одговара само за коси очи како на Кинезите. Офталмолозите предупредуваат граѓаните да не купуваат пазарски очила со потекло од Кина, поради тоа што нивната диоптрија најчесто не е точна и не одговара на зениците на Македонците. "Растојанието меѓу зениците на пациентот не одговара на растојанието на центрите на стаклата на пазарските очила, кои во најголем дел се од Кина", вели Наум Трпеноски, очен лекар во Градската болница "8 Септември" во Скопје.
Јас носам полутврди или гас пропусни контактни леќи. До пред три години носев меки контактни леќи повеќе години наназад, но излезе дека полутврдите се поадекватни за мојата диоптрија и моите очи. Носам Boston VII а сега треба да нарачам нов пар на леќи. Ако некој има некакви прашања поврзани со користењето на контактни леќи може слободно да ме прашате, имам поприлично искуство со нив.
Очила носам уште од 6 години мислам дека. Оштетувањето на видот не ми е ниту од компјутери, телевизори туку наследно. Не ми претставуваа некој комплекс. Многу редовно ги носев. Ги вадев само кога миев лице и пред спиење. Но пред една година ставив леќи. Ги ставив од многу причини. Требаше на физичко да ги вадам, па тие таму иако се во такво кутивче пак се гмечат и што ли не. Па кога росеше по малце или врнеше снег, очилата ми беа лом. Кога некој ќе ме поттурнеше или во гужва тие ми паѓаа. А да не зборам колку очила имав сменето, од што како мала кога си играв ќе ми паднеа и ќе ми се скршеа. Со леќите ми е мнооогу поубаво. Значи како прво бев во две Оптики. Во првата докторот ми рече дека сум била многу мала за леќи. Диоптерот ми бил комплициран. Во втората отидов по препорака на пријател на татко ми. Докторот ме прегледуваше цели 2 ипол часа. Многу темелно ме прегледа и ми го одреди точниот диоптер што не беше случај со другите Оптики. Ми одреди ниво на солзење на окото или ниво на влажност на окото. Незнам како точно се вика. Во предвид ја земаше и големината на окото и се. Кога заврши со прегледот ми кажа дека можам да носам леќи и моите години немаат никаква пречка се доколку одржувам правилна хигиена и сум свесна за последиците доколку не го правам тоа. Моите се силиконски, меки и се шестмесечни. Ги носам секогаш кога сум надвор од дома. А кога сум дома и пред компјутер носам очила. ! Значи годините немаат никаква врска со ставањето на леќите. Се е до хигиената и грижата окулу нив.
Деновиве ќе одам на очно,па сакам конечно да купам леќи.Имам прашање до тие што носат леќи-за колку време отприлика ги навикнавте? Премногу ли ви сметаа? Тешко е да се вадат/ставаат? Решена сум да ставам,ама некако страв ме фаќа,да не ги фрлам само парите,да не не можам да ги навикнам.
Лук, јас лично не се навикнав, две години речиси се мачев со нив, стави/вади, па ме чешаа очите, не можев да се шминкам заради нив, леле оток ми беа, искрено. Мое мислење е дека поради моите алергии си видов мака со леќите, затоа што ме чешаа очите. Сега си земав наочари и раат, леќи веќе во блиска иднина - не. Да не те обесхрабрувам, цела моја поширока фамилија носи леќи 20 и кусур години и ништо не им е. Знам многу колеги, колешки, пола група на факултет носат леќи и никако не им сметаат. Јас те советувам да пробаш,ако не бива, наочарите не ти бегаат.
Јас веќе 3-4 години носам леќи и многу брзо ми се навикнаа очите. Воопшто не е тешко да се ставаат и вадат, ама си бараат посебна грижа. Инаку јас кога бев прв пат да земам на очно ми дадоа од нивните да пробам и прво ми ги стави докторот за да не си истерам око , а после ми дозволи јас да пробам и да си ги ставам. Значи би требало детално да ти опишат и покажат како се ставаат и вадат. Е сега ако ти дозволат таму да ставиш еден пробен пар, ќе видиш како ќе ти изреагира окото на леќата. Можеш едноставно да си купиш само 1 пар леќи што траат 2-3 месеци (или помалку) колку да ги испробаш.
мене ми дадоа да носам наочари не е нешто голем диоптерот 0.50 (мал-голем јас уште се осеќам ко некоја си ќора баба без нив) иначе според мене поубаво е наочари (незнам дали така мислам затоа што убаво ми стојат )
Јас носам леќи веќе 2 и пол години и можеби не е за верување , но се навикнав на нив во првите пола саат. Не ми претставувааат проблем ниту кога се шминкам, ниту кога нуркам со нив, се бањам и сл. Ми викаа демек коа ке дува ветер ке ти пречи , но не е така. Ми пречи само некогаш кога седам премногу долго пред компјутер или тв, но во тој случај си ставам капки(вештачки солзи ) за да ги навлажнам и повторно се е во ред Така да, за мене само леќи постојат
Нема потреба од плашење јас носев леќи и се навикнав одма на 1 саат многу се лесни за носење. сега ги извадов оти ми се подобрија очите
Зар е можно со носење леќи да ти се намали диоптерот до тој степен да немаш никаква потреба од нив? Јас кога бев на очно, докторката ми рече дека со носење очила или леќи единствено може да се спречи покачување на диоптерот, ама не и дека би можело да се намали
Па кај секого е различно,на некој му одговараат на некој не.Премногу нежен орган се очите за да се носат со сила и покрај иритации или слично.А сега има толку голем избор на очила што не е проблем секој да си најде по негов вкус.А во однос на позитивни и негативни страи...па ги имаат и двете.Со наочарите мислам дека повеќе се замара окото затоа што има простор до стаклото па потешко е фокусирањето (барем така имам слушанто),а со леќите не диши толку зеницата,па затоа треба да се вадат од време на време и покрај тоа што со некои леќи може и да се спие.А знам и при ветер многу пречат,ама па и наочарите се прават лом кога има дожд,така што ни едното ни другото не е сјајно ама кога мора тоа е.Подобро со нив него без нив
Mалку е старо мислењево ама ај сепак ќе си искоментирам. Ова е точно, но внимавајте овие очила не се продаваат само на пазар, и не се однесува на сите очила (рамки) кои се продаваат на пазар. Се мисли на готови изработени очила чија цена (зависно од рамката) се движи од 100 до 300 ден. Тука добивате и рамка и стакла кои се со иста диоптрија на двете очи и немаат цилиндар или сл. Значи на пример +2,50 на десно и на лево око. Пластиката (стаклото) им е нешто слична на таа на шишињата од сокови што е и растојанието кај сите нив е различно (што е многу важно). Но сепак мислам дека никој од форумов (посебно девојчиња) не купуваат такви очила, тие повеќе ги купуваат постари луѓе кои сакаат да поминат поефтино, а сепак и рамката е многу не квалитетна и се крши а кратко време. Инаку нивната намена е да се употребуваат само привремено, на пример ден, два додека чекаат да се изработат нивните (квалитетни) стакла. Во врска со антирефлексната заштитата од компјутери, телевизор, неонски светла и сл. верувајте дека има голема разлика. Јас, (а и многу други) имам очила без диоптер само со заштита, и ги носам пред компјутер, за гледање телевизија, некогаш за учење, посебно навечер, и на факултет кога има презентации, бидејќи ми се заморуваат очите, а немам диоптер
Нема шанси од носење леќи да ти се намали диоптерот толку многу. Како што кажа АнаКаренина, може да ти се стабилизира и затоа обично ги препорачуваат во пубертет затоа што тогаш диоптерот најмногу се покачува. Иначе Лук малку подоцна ама сепак да ти одговорам Се е работа на навика и пракса. На почетокот и докторката сигурно ти кажала се носат по неколку саати и полека,полке се зголемува времето на носење. За ставање и вадење ќе се научиш не е никаква филозофија. Јас носам леќи од прва средно и се сеќавам првиот пат кога ги ставив бидејќи на лекар ми ги ставија, одев до дома со главата наназад затоа што ми беше страв дека ќе ми паднат. Во секој случај верувам ќе се навикнеш не е никаква филозофија. Е сега јас имам едно прашање за оние што носат леќи. Во последно време многу ми се сушат очите и лесно ми се зацрвенуваат. Прво мислев да не е до шминката ама не е до тоа, и без шминка ми се зацрвенуваат. Некои капки имате да ми препорачате или идеја зошто се јавува ова?