@Daaaf Порачав Bausch & Lomb. Ништо не им фали ако мислиш на квалитет во сѓисла дека порачани преку нет. Исти се како оние во оптика што ги земаш.
Ги порачувам преку мојата оптика во Гевгелија,можеш да си прашаш во оптика,ама најдобро е прво оди на лекар за рецепта така не можат да е купат. Да да исти се. 6 леќи би требало да бидат 3 пара,и зависи колкав временски период сакаш да ги носиш,тие со 3 пара се обично за една година,а има и со 6 пара
http://prima.mk/месечни-контактни-леќи-soflens-59 Сакам да ги нарачам леќиве, но малце не ми е јасно тука каде што пишува боја светло сина, што би значело тоа?
Можеби прашањево не е за тука доколку има посоодветна тема нека се премести.Малце е глупо но ќе може некој да ми објасни што е цилиндар? Конкретно јас носам наочари и имам цилиндар,а не ми текна тогаш да го прашам докторот.
Здраво, јас сум скептик, утре одам на очно и најверојатно ќе ми дадат очила. Е сега какви очила че ми стојат и каква боја на рамка? Некој предлог? Имам кафени очи,светол тен. Според тоа боја на рамка или како се бира тоа не знам. Облoнг/long фејс, Образи -да само кога се смејам онака немам кој знае колкави..Како на сликата.
Таму каде што ќе купуваш рамки ќе ти препорачаат какви рамки би стоеле не твоето лице. А тоа дали ти стои/не ти стои ќе си процениш сама кога ќе ги пробаш.
Феминки имам едно прашање до вас. Вие што носите очила за далеку (посебно вие што сте ученици, студенти) кога гледате далеку со очилата си е најнормално, но кога треба да запишете нешто, не може на 2 секунди вади ставај очилата, бидејќи се за далеку немате ли проблем при пишување? Треба да одам на очно, закажав преглед и треба да почнам да носам очила за далеку, па ме мачи ова прашање, кога ќе гледам од табла и кога ќе треба да го запишам тоа во тетратка нема ли да имам проблем?
Имам диоптер -2,0 на двете очи и сакам да земам нови очила ама да бидат со заштита од сонце т.е. Фото греј, има некој носено такви? Нешто да ми препорача?
Можеш и да си направиш наочари за сонце со диоптер, и воопшто нема се приметува дека имаш диоптер. А секако можеш и фотогреј, тие надвор ќе ти се темни а внатре светли, обични бели
Пробав да пратам некој од страните за ова тема но изгледа не сум обрнал внимание на одговор сличен на тој што ми треба! Се надевам дека некој ке одговори..Прашање до членовите кои носат леќи..Дали е возможно да се изработат/носат било какви леќи со Диоптер -2,25?
Аха..Добро..ке проверам кај специјалисти за леќи кој што се разбират во ваква работа..Да не биди само џабе давањето пари..Фала на одговор мацо..Позз
Здраво дечки... неодамна забележав еден проблем со наочарите. Носам наочари 7 години.. од 7 одделение. Прво имав едни тие беа потешки и тие ги носев до пред 5 месеца. Новите што ги земав само оквирот е лесен, но откако ми ги ставија стаклата доаѓаат потешки.. Имам диоптер -2.75 на десното и затоа. Проблемот е што мене коската на носот скроз горе, каде што лежат наочарите, ми се искривува. Оди малку накај лево. И почнува да се приметува и ми смета. Досега не сум слушнала за ваков проблем некој да има и затоа ми е чудно. Не знам дали ќе продолжи да се искривува или ќе остане вака, а сепак и сега се познава не изгледа баш убаво. Знам дека има една опција за тенчење на стакло, за да биде полесно, но што ако е проблемов до самиот оквир, најверојатно тогаш ќе треба да земам леќи.. Дали некој имал вакво искуство ? Фала ви.
Ако знај некој нека сподели познавање За оние кој што стварно се разбират во леќи...Да не биди само да се порачаат и на крајот да не биди ништо и повторно све вретење во круг..Ако знај некој Специјалист по Оптички меки полумеки/тврди нека кажи име па да се консултирам..Позз
@BeastceMK Специјалист за леќи во досегашнава кариера за леќи не сум сретнала. Air Optix Aqua се со најголeма пропустливост на кислород. Моментално нив ги користам. А, пред нив на Baush & Lomb користев. Од двете сум задоволна. Ако немаш цилиндри итн итн не би требало да имаш проблем со носење леќи.
Еве јас го работам тоа и ќе ти кажам дека нема никаков проблем, не знам што те загрижува. Потребен ти е само добар преглед односно добро одреден диоптер