Какви ти се рамките? Пластични или метални? Можно е да е до рамките, а стаклата може да се потенки и полесни само што се поскапи. Пиши ми приватна порака ако сакаш да ти објаснам подетално и не се секирај, за се има решение
Тоа го работиш? Се занимаваш со леќи или? Хм..Мојот таканаречен проблем што на некој начин и то како ме загрижува е препораката од Очен лекар во врска со било каков вид на леќи..Поточно кажано не постојат леќи за мојата диоптрија..Јас барам друго мислење од други лица за да се уверам 100%..Доптријата е 2.25 а можно и поголема до кај 2.3 мах..Наочари сум ставил само 3 пати во 26години.. Има решение/можност за изработка според тие пропорции или не!?.Во охрид има жена која многу ја фалат и се занимава со леќи но незнам име ниту некој што бил..Човекот кој ме информира за то изгубил контакт со тие што биле кај Таа личност..Ако има некој информација нека пиши..!позз
@BeastceMK Како мислиш нема леќи а твојата диоптрија? Постојат леќи со обичен диоптер а има и со асигматизам (цилиндер). Постојат меки и полутврди (силиконски), порано имаше и тврди но мислам дека сега се исфрлени од употреба. Најмалиот диоптер што може да се носи со леќи е -о.25. За да носиш леќи треба да ти ги препорача очен лекар, кој претходно ќе ти изврши преглед на окото и ќе ти каже какви леќи можеш да носиш. Диоптерот на леќи и очила. А штом може да ти препорача леќи значи е и специјалист за леќи. Бидејќи спомна Охрид од таму знам една докторка Анче Киселинова и ординацијата и е на Туристичка.
Мило мие што одговори а се надевам дека си во право за твоето мислење и ке се распрашам све подетално во најбрз можен период..Да реков нема леќи за мојата диоптрија по консултација со Очниот лекар во државната болница во Битола.,.Го цитирам докторот тоа што ми го кажа убедувајќи ме дека со таја диптрија која ја имам нема леќи... но сепак не го послушав и се присетив на форумот и реков да прашам..А пред да се префрлам на форумот Еден колега ме советуваше и ми рече дека леќи се дават со диоптрија над -4,0 и нагоре..И сега реков ако некој најди информација за специјалист по леќи претежно од Охрид според одредени задоволни луѓе да го потврди горенаведеното да бидам потполно сигурен тогаш Во ред! ако не здравје..Тое то, Искрено.Не очекував одговори но сепак мие драго што има некој да го прочита прашањето и да ми одговори..
@BeastceMK Е што диоптер имаш ти? Баш ме чуди што така ти рекол докторот. Распрашај се за оваа докторкава што ти ја кажав. Има многу задоволни од нејзе.
Кажа погоре 2.25 мислам. И многу ми е чуден муабетот со нема такви леќи со тој диоптер, кога еве од каде што ги земам јас гледам има.
Аха. Не сум го запазила тоа. Јас имам диоптер -2.25 и носам леќи со тој диоптер. Мислам дека е најдобро да си се консултира и со друг доктор.
Диоптерот мие 2.25..Јас инсистирав за леќи а добив негативен одговор од тој доктор, а кога почнав да се распрашвам прво што ми рекоја е за докторката од Охрид..А чудно е што го имаш истиот диоптер а носиш леќи додека за мене ме обедуват дека нема!! lol?Ако знајш како да воспоставам контакт број емаил адреса/facebook и да закажам термин од докторката тогаш супер,,Инаку од каде ги нарача за тебе и каков тип се?
http://healthgrouper.com/mk/profile/akiselinova/Др_Анче_Киселинова Еве. Леќи можеш од prima.mk да си порачаш, бесплатна е доставата. Едит: Не знам како се викаше докторот, но од Битола беше, јас со очила бев појдена, сакав чисто информативно за диоптер да видам до каде сум да не се мкнам до Скопје. Почна да ми вика зошто воопшто носам леќи, итн итн, кој ми ги дал леќите, во Систина врска немале итн итн. Заврши прегледот и моја нога не стапна таму веќе. Па по ова што го пишуваш ти, се си мислам за истиот се работи.
Еве друга членка ти ги даде информациите. Кај Анче можеш да направиш преглед и со упут од матичен лекар. А леќи има и кај докторкава. Јас ги земам по отики зависи кај ќе најдам во моментот а имам нарачувано и од ибеј. Јас кориатам вакви како на сликата
Одлично фала ви на 2те..Се работи за докторка..Не сакав да споменувам име да ширам дезинформации на некој начин да ја нарушвам нејзината репутација по интернет портали и ткн....Можно е да не е запознаена доволно и ми дала такво мислење по последната консултација на преглед , па затоа и почнав да се распишвам по форуми..Фала уште еднаш па ке ви пишам што сум направил..Позз имајте супер недела! Уште едно прашање поставив погоре..еве го истото подетално..Каков тип на леќи се..Дали тоа зависи од мене што ке одберам за носење или од специјалистот?..Колку време на ден можат да се носат истите..Колкава е цената и ткн..Ова за мене е тотално ново да се искажам поточно сум како noob!..
Меки леќи се моите. Има годишни леќи и месечни. Јас овие што ги носам се месечни, се менуваат на 1 месец но јас ги носам по 2. Во пакување одат по 6 и по 3 леќи. Овие со 6 леќи се околу 2500 денари (во зависност од оптиката). Не се препорачува да се носат подолго од 12 часа, но јас би рекла дека носењето по 7-8 часа ми е нај ок. Мора да ги одмараш очите со очила, што значи по дома со очила а надвор со леќи (најпрепорачливо ти е ова). За грижа на леќите мора да користиш и специјална течност и се движат од 500-1000 ден. За типот на леќи ти ги одредува специјалистот, но бидејќи немаш голем диоптер највероватно ќе ти дадат меки леќи. За се подетално ќе ти објасни докторот/ката, како и обуката како се ставаат, вадат и грижата околу леќите.
Како што реков веќе, потребен ти е само точно одреден диоптер. За жал можам да ти препорачам добар офталмолог само во Скопје, па ако си во можност посети го др. Ристовски. Кога ќе го имаш одредено диоптерот пиши ми го и ќе ти објаснам кои леќи можеш да ги користиш
Ќе ве замолам да ми препорачате добар очен лекар во Скопје каде што можам да одам со упат од матичен. Потребен ми е детален преглед, па би ви била многу благодарна
Диоптерот мие одреден..-2,25...Уште не сум оден на специјалист по леќи..Не ми останва слободно време..Се нешто излегва недпредвидено..Не сум отишол ни на фризер и покрај тоа што сум неколку дена на одмор!...Па секоја информација од било кој на форумот по ова тема е добредојдена ти само напиши/ете што мислиш//мислите..Позз
Сум пробала и очила и контактни леќи. Дефинитивно мојот избор се контактните леќи,бидејќи имаат многу предности во однос на очилата. Моментално користам AIR OPTIX и сум презадоволна.
А каде поточно во Бисер? А растворот знаеш од каде можам да го купам? Прв пат ќе носам леќи, па не сум многу упатена околу целата опрема
Не знам колку ќе ме разбереш. Од булеварот кога влегуваш продолжи право, помини го едно за чанти, слики (такво нешто се продава) и ќе ја видиш од десна страна е. Ќе ја најдеш сигурно не е запикано, се гледа. Имаа и фејсбук мислам, отвори да видиш отприлика како им изгледа излогот Течност од аптека земи си.