Може не е баш за тука прашањево али ајде,да не знае некој колку би чинел преглед на очно без здравствено осигурување (преглед во смисол контрола,дали се зголемил диоптерот или не)?
Зависи од цената што си ја зема докторот на приватно, отприлика 600 - 800 денари мислам дека се движат цените. @kate89 Бидејќи е ист диоптерот исти се, но откако ќе почнеш да ги користиш ќе си одредиш која ти е лева која десна и ќе си ги ставаш на исто око. Препорачливо е да не ги мешаш.
Користам безбојни леќи со диоптер -7 и сега сакам да си купам во боја, но во оптиките ми велат дека леќите во боја ги прават само до -6 и ништо повеќе.Во Бугарија ми рекоа до -13.Дали користите леќи во боја со толку голем диоптер или знаете за некои оптики кои продаваат леќи со диоптер над -6?
Интересно...Kажи ми ако сакаш во која оптика ги купи/нарача 6 леќи за 2500 денари...Јас се распрашав и порачав еден пар леќи за 2000 денари...1к по леќа..Баш ме интересира ако не е тајна..Поз
јас леќите ги порачувам од оваа оптика од Албанија лиѓето се премногу професионални а цените на леките се багатела за разлика од кај нас... контакт број имате на фб страната.... Најдобро ти е прокулин солзи
Сеа моментално ми текнува само оптика Елени во ГТЦ. Ја правеа муабет оптика ИЦО на зелен пазар. Оптика Зеис во Битола. Оптика ЛМ од Струмица прашував имаат значително поевтини леќи и има уште една страна http://prima.mk/контактни-леќи?pagenumber=2 Да не испадне само реклама им правам. Не не им правам туку имам земано или имам прашувано. И цените им се околу 2500-2600. А ти незнам какви леќи имаш земено но ако се од овие месечните си ги платил скапо. А ако се од тие годишните, тогаш е ок цената, знам има и поскапи.
Не рекле џабе доколку не се изгориш нема да знајш!..Едномесечните коштаја толку 2000 и ги порачав. од оптика од друг град..треба да ги земам штом имам време...А прашав за годишни и ми рекоја дека чинат околу 10000д...5к по леќа..Ко за малер ако ти загини едната отидоја 5к во вода..!!!!Кажи ми ако сакаш каде има поефтини да не лудам сегде со цени до небо! овие месечните ми се засега во ред ама ме замисли кога рече погоре 3 пара за истите пари додека јас ги зедов еден за таја цена.. Доколку можите и другите што читаат и имаат поефтини по 3 пара еден или појке пишете..Позз имајте супер недела
@BeastceMK http://prima.mk/air-optix-aqua-6-леќи-во-кутија Ја има оптиката и во Сити Мол. Достава до дома за 2 дена. Не плаќаш ништо плус.
@BeastceMK Во оптика Елени ,во гтц, 3 пара леќи чинат 1600 денари. Од месечните се и се на Air optix. Од таму ги зедов пред неколку дена. Прочитав и за растворот пишувате. Може комотно да ги миете со обична инфузија од аптека, нема потреба да го плаќате растворот толку скапо 700,800 денари. Инфузијата ке заврши иста работа.