Извини ама не за џабе ти ги набројував оптиките. Убаво си пишав дека таму по отприлика се по таа цена, сега мозда за 100-200 ден варираат. Некои од нив ги има на фб и вршат достава по карго. Еве и линкови ќе ти ставам https://www.facebook.com/OptikaEleni/?hc_ref=SEARCH&fref=nf , https://www.facebook.com/OptikaLm/ Овие два и во претходниот пост имаш уште еден. Поздрав.
15 dena Од оптика елени леките јас што ги носам се 6600 ден а од албанија 3550 со карго на домашна адреса..Исто оптика Елени е една од најскапите оптики во градов..а и персоналот е катастрофа услуга 0
Ако во ред јас сум избрзал грешка а и не сум обрнал поголемо внимание...во памет ми се вртеше само да ги земам..е на форумот утврдив дека сум ги зел скапо..заедно со растворот..А можи биле толку скапи поради цилиндарот или нема тоа врска?..Како и да е Ке знам за друг пат и ке прочитам подобро и подетално во горе наведеното од сите вас.Ајде кога веќе сум се распишал да прашам и за годишните колку чинат или одат по иста цена по таја што ја напишав погоре?Користи некој или не е препорачливо поради цената и ткн? Позз
Значи има различни фирми на леќи, различни типови леќи, а цената покрај тоа од која оптика е зависи многу и од ова. Секако голема улога игра и диоптерот, тие со цилиндар се поскапи... Инаку ти до сега не спомна дека имаш цилиндар, бидејќи тоа менува многу работи. Сега можам да ти кажам дека можеби навистина нема леќи кои се соодветни за тебе. Можеби е до цилиндарот, дијаметарот, базната кривина... Така што кога коментирате за леќи обавезно кажете го целиот диоптер а не само сферата.
Малце е комплицирано поради цилиндарот..можеби поради тоа офтамологот ме советуваше и ми давапе одговор дека не постојат такви за мене..Но има постојат и се прават по порачка заедно совграден цилиндар..е сеа се поскапи тоа е то..или такви или наочари што сум скептик за тие или па операција надвор од земјава..Фала на одговор имај убав викенд позз
Само што бев на прглед за леќи за потврда на диоптерот и докторот одма ме праша дали сум бремена дека според најнови истражувања се сметало дека леќите сметаат на плодот. Од памет ме извади, бремена сум 5ти месец, а леќи носам повеќе од 10 год. Слушнала некоја од вас вакво нешто, јас прв пат слушам дека сметаат.
ЗДР на сите..Имам едно прашање покрај многуте горе кои ги напишав, но ова е нешто што повеќе ме загрижува и ме интересира..Порачав месечни/торични леќи со Астигматизам..Се привикнувам на ставањето и на вадењето но имам проблем..На далечина изгледа све супер дури и се замислувам да не ги вадам воопшто но од близина кога седам пред компјутер или читам било што пред мене ми се гледа матно..Додека со наочарите го немам тој проблем...Зошто ми се гледа матно од близина со леќите..Има некаква грешка или тоа е нормално..? Ваше мислење? позз
Мислам дека не е соодветствува прашањево на темава,ама сепак ке прашам со надеж дека некој искусен ке ми одговори.Дали течноста за одржување леќи ќе ја изгуби својата функција ако биде заборавена 24h отворена(што ми се случи денес), и дали има можност да навлезат бактерии,бидејки леќиве ми е кажано да ги користам со претерана педантерија?
Истото и мене ми се има случено да заборавам но се си е во ред едноставно ако ти е страв купи си нова течност
Не би требало да навлезат бактерии и слично но ако си скептичен околу тоа дали сепак има внатре навлезено одкако си го оставил тубето отворено тогаш земај ново..Јас на твое место сигурно би зел..Без некое размислување...Затоа што и покрај тоа што течноста чини 600 денари константно се става на леќите па ако во некој случај има бактерии тогаш ке ги има и на леќите воедно и ке бидат во контакт и со твоето око или очи..Сепак се работи за очите..Најубо ти сам знајш како и што..Позз
Ќе замолам некој искусен за одговор.. Се одлучив да носам леќи бидејќи имам висок диоптер за далеку, денес ги зедов леќите се на Air Optix. Е сега дали кога нема да ги носам леќите т.е. преку ноќ треба да стојат во касетките со растворот или без? На упатството пишува 'Никогаш не ги чувајте леќите само во физиолошки раствор...' Дали се работи за овој раствор што доаѓа со нив нели за секојдневно чистење или се работи за некој друг, малку сум збунета
Во течност за леќи ( Aosept, Renu, OptiFree, Avizor..) треба да ги чуваш, во спортивно ќе се исушат. Физиолошки раствор е оној за инфузии.
Некои ги промиваат со него, некои капкаат пред да ги стават леќите. Јас само течност купувам не можам 4231 шишиња само за леќите да чувам. Петта година ми е и немам никогаш користено физиолошки.
Јас многу години користам Опти фрее и физиолошки раствор, ќе ти објаснам како и зошто се користат. Во кутивчињата каде што ги ставаш леките задолжително мора да ставаш опти фрее, не смееш да ставаш физиолошки раствор. Физиолошкиот раствор се користи само за да се измијат леките пред да се стават во кутивчето и пред да се стават на очи. Физиолошки раствор не мораш да купуваш, тој се користи само за да се заштеди, да не го трошиш опти фрее-то. Порано опти фрее беше околу 1.000 денари, сега е околу 600, а физиолошкиот раствор е под 100 денари. Ако сакаш да заштедиш, купи си физиолошки, ако не ти е проблем нон-стоп да даваш по 600 ден за опти фрее, не купувај физиолошки раствор.
Значи физиолошкиот раствор можам да го користам за миење на леќите додека опти фрее само во касетките за додека си стојат во него? А физиолошкиот раствор нема некаков ефект врз очите, да не ги суши или нешто? (Не сум упатена можеби звучи глупаво прв пат ми е да носам леќи). Инаку денес ми е втор ден ги носам неколку часа за да се навикнам. Но вчера откако го извадов почна ужасно да ме боли главата, и очите ми беа малку крвави а и сега забележувам додека ги носам дека ми се малку крвави. Не ми има ништо влезено во очите цел ден сум дома, дали е сето тоа нормално? И уште едно прашање, колку дена смеат да стојат затворени во касетките со опти фрее ако се одлучам ете да ги паузирам затоа што сакам да менувам помеѓу нив и очилата па до кога смеат да се чуваат така? Фала ти многу на помошта, докторот ми објасна се но за некои работи заборавив да го прашам малку бев нервозна цело време мислев како ќе се прилагодам
@MayDiamonds Најсигурна и наједноставна варијата ти е да ги миеш леќите со течноста што ја користиш за касетките. Доколку паузираш можеш било колку време да ги оставиш во таа течност, нормално претходно измиени.
На колку време се менува течноста најнормално? Мене ми е рекоа можам секој ден но не е и задолжително,може и еднаш неделно. Уште не ми е јасно баш, јас вака правам ги чувам леќите во касетките со опти фрее значи ги вадам од нив ги ставам на мене и кога ќе решам да ги извадам само ги враќам во касетките со течноста која ја менувам пред да ги оставам во нив. Не знам дали точно правам