Јас кога ги вадам од очи ги мијам со течноста малце, па ги ставам во касетката. А течноста во касетките ја менувам на 2-3 дена.
Јас при секое ставање /вадење ги мијам со течноста малку , а во касетките течноста обевезно ја менувам секоја вечер кога ги ставам леќите во нив. Мене ми е ризично да ги држам во истата течност повеќе денови.
Да! Со физиолошкиот раствор ќе ги миеш леките пред да ги ставиш и откако ќе ги извадиш, а Опти фрее ќе ставаш во касетките. Не е ограничен бројот на денови колку смеат да стојат леките затворени во касетките со опти фрее. Јас при секое ставање и вадење ги мијам леките со физиолошки раствор, а во касетките Опти фрее-то обавезно го менувам секоја вечер кога ги ставам леките во нив. Не сакам да ризикувам да ги држам во истата течност повеќе денови. Имам едно прашање за тие што носат и леки и наочари. Кога одите на преглед, дали ви определуваат ист диотер на леките и на наочарите? Мене на последниот преглед докторката ми препиша многу појак диотер на наочарите во однос на леките. Кај претходниот доктор што одев, секогаш леките ми биле со појак диоптер од наочарите. Сега сум збунета! Има ли некакво правило? Какво е вашето искуство? Фала однапред за одговорите!
Зависи. Не мора да се ист диоптер. Мене леќите и наочарите ми се различен диоптер, наочарите ми се малку појаки. А мислам дека и правилно е леќите да се со послаб диоптер за да не „блешти“ многу кога гледаш (во зависност од големината на диоптерот).
До одредена граница леќите се препишуваат со помал диоптер од оној на наочарите, а над тоа се со иста вредност. Зависи од диоптерот и од леќите. Моите се за -25 послаб диоптер од начоарите.
@MIA-SK фала ти многу Инаку поставив прашање но никој не ми одговори, еве неколку дена ми се случува кога ги носам леќите очите ми се закрвавуваат внатре на белките ми се појавуваат како црвени линии (не знам дали добро објаснив) Дали е тоа нормално во почетокот додека да се навикне окото? Да не можеби очите не ми ги прифаќаат леќите или пак ми се јавува некоја иритација од Опти Фрее бидејќи пред да ги ставам ги мијам со него? Многу се плашам, од што може да е Инаку не чувствувам никакво пецкање ниту дискомфорт кога ги носам, само црвенилото..
Ако скоро си почнала да носиш, тогаш им треба ма очите време да се привикнат. Има капки за очи што го намалуваат црвенилото, али не ги ставај додека се леќите на тебе.
Каков вид на леќи носиш? Пробај на почетокот да ги носиш по пократко време , дур окото не ти се навикне.
@Elence93 @GoldenRose. Еве ги леќите и растворот Ги носам отприлика по 6-7 саати. Како се викаат капките да ги земам?
@MayDiamonds добри се овие и не би требало да е реакција на нив. Капките ми се Прокулин, не солзи, туку другите, ќе знаат во аптека ако им кажеш дека ти е за црвенило.
Од кој раствор за леќи сте задоволни?Порано користев Renu и ми беше супер ама го нема во помаливе градови и се префрлив на Prokulin ама некако во последно време не ми се допаѓа како да ми се' суви 'очите а досега немам користено никакви капки за навлажнување а носам леќи веќе 8 години.Се мислам да земам OptiFree ☺
OptiFree или Ao Sept. Renu можеш од Прима да го нарачаш, бесплатна достава има Ќе ти ставам линкови од сите три http://prima.mk/opti-free-expres-355-ml http://prima.mk/ao-sept-plus-360-ml http://prima.mk/renu
Јас носев очила па по 2 год сакав да сменам и зедов леќи. На почетокот мислев дека е ради тоа што не сум навикната ми пречат толку многу, после сфатив дека едноставно имам премногу суви очи и дека не можам да се навикнам. Пак се вратив на очила. Инаку диоптерот на леќите е помал.
И двата ги имам пробано но Рену мене ми е подобар, бидејќи и јас имам суви очи. Сега го користам BioTrue на Bauch&Lomb веќе 1 година, и ми е незаменлив.
Дечки ве молам за помош вие поискусните... Како што кажав погоре имам проблем со крвави очи кога ќе ги ставам леќите веднаш ми се вцрвенуваат. Прво мислев дека е до течноста, ја користев Opti Free Puremoist па ја заменав со Avizor Unica Sensitive по препорака дека е наменета за доста осетливи очи ама црвенилото повторно се појавува. Пробав и да ги мијам леќите само со физиолошки раствор пред да ги ставам но и тоа не помогна. Зедов капки Avizor Lacrifresh и ги ставам врз леќите додека се на мене ама и тоа не ме спасува од крвави очи. Отидов кај докторот ме прегледа на таа машината, ми рече црвенилото било нормално и ќе поминело само било потребно време да се навикнеле очите. Ги носам веќе еден месец, но не повеќе од 6 часа, бидејќи и да сакам не можам, очите ми стануваат жар. Откако ќе ги извадам тие црвените како линии поминуваат за неколку часа освен една како црвена точка на левото око која ја имам откако почнав да ги носам леќите. Некако не ми се верува да сето ова е нормално се плашам дека нешто ќе ми се случи на очите, премногу сум испаничена докторот и не ми изгледаше баш убеден во тоа што го зборуваше.. Не знам.. Што да правам, дали да почекам некое време или да барам чаре кај друг лекар?
@MayDiamonds , можеби едноставно очите ти се преосетливи за страно тело во нив. Друго не ми паѓа на памет. Какви леќи користиш?