Air Optix Astigmatism Дали тоа значи дека неможам воопшто да носам леќи или ќе треба да сменам некои други?
Air Optix-от важат како најдобри поради нивната пропустливост на кислород. Ама штом си пробала со повеќе средства, а состојбата е иста, пробај смени леќи. Мораш да ги исцрпиш сите варијанти за да видиш дали е до очите или до леќите.
Кој би ми го препорачала? Дали можам да земам еднодневни па така да ги пробувам бидејќи не ми се исплаќа да давам неколку илјади а да не можам да ги носам како што ми се случи сега со овие..
Некоја од вас дали ги има користено леќиве со диоптер на Freshlook colorblends? Дали сте задоволни? Јас досега ги користев на Air optix и сум задоволна , до пред 1 година ги користев истиве Air optix colors , ама бидејќи ми се некако скапи (2 пара леќи ги земам 50 евра) сакам да пробам од другиве.
Сестра ми ги носеше ама пред многу години. Во споредба со леќите во боја на baush & lomb изгледаат многу поприродно. Но знам дека на почеток додека ги заносеше имаше проблем со ставањето, некако потешко се лепеа на окото, но после една недела носење се си беше во ред. Порано беа најпознати леќи во боја А спомна дека 2 пара ги плаќаш 50 евра. Незнам колку поќе ќе ти се исплатат овие, зашто по 1 пар се во пакување.
Здраво. Јас имам проблеми со видот едното око ми е 1.75, другото 2. Наочари не сакам и не можам да носам па се одлучив за леќи. Лани земав еден пар безбојни, но одма се откажав бидејќи страшно ме нервираше ставањето и ги носев само три дена. Сега сфатив дека морам и повторно земав но во боја. Еве веќе три недели ги носам,но многу ми е матно.Повеќе ме напнуваат него што ми помагаат. Мојата докторка ми рече дека од таму каде што ги имам земено ми го згрешиле типот на леќата (наместо air ми дале fresh) и дека поради тоа ми е матно, а од таму каде што ги земав ми рекоа дека тоа нема врска,туку било до тоа што леќите биле во боја, зеницата повеќе ми се ширела и ми фаќало од страните каде што е бојата. Ме збунија тотално и сакав да прашам дали некој до сега го имал овој проблем со леќи во боја. Да не земам по 100 пара, не знам што да правам,а сакам да носам во боја..
Здраво, може да ми кажете некоја продавница што одредува диоптер? Сакам да сменам стакло на наочари што веќе ги имам. Сакав да закажам преку мој термин кај некој офтамолог ама се чека по месец и нешто... И колку ќе ме фати? Знам дека отприлика е само 600 за стакла. Фала!
Зошто не си земеш од оние леќи со кои можеш и да спиеш? Имаат продолжено време на носење до 30 дена и ноќи, е само што не знам дали од тие има во боја.
Јас имам и леќи и наочари. Леќите ми се одлични и дотолку не ги осеќам што ми се случило дури и да заспијам со нив. Знам дека не треба и ги знам последиците од истото. Хигиена оддржувам по пропис, иако морам да признаам дека ме нервираат ритуалите околу истото. Ама и покрај тоа, последниве два дена имам проблем. Кога ги носам леќите е се во ред, ама кога ќе ги извадам, ме печат очните капаци, очите ми солзат и ме чешаат. Тоа трае некој си саат време и после е се нормално. Немам црвенило, немам други проблеми. Ова не ми се случуваше на почетокот. Можеби немам доволно влажност. Не знам. Слушнав и дека имало таблети за чистење леќи, се ставале во растворот. Наочарите ич не ги сакам и многу ретко ги носам. Најчесто по дома или кога брзам, па немам време за ритуалот со леќите.
здраво, пред неколку дена направив офтамолошки преглед. лекарката ми рече дека имам диоптер -0.5 ама кога дома ги видов резултатите, во колоната кај што пишува Ci (што претпоставувам дека значи цилиндер) има напишано 0.5 и малце се збунив. па се прашував дали можеби некој од вас е искусен во тој поглед и би можел да ми помогне за да не настанат понатамошни недоразбирања. ќе прикачам слика од резултатите. фала ви однапред
Тоа е колоната за цилиндер. Веројатно имаш астигматизам. Нема да има недоразбирања, оти во оптика точно ќе разберат што пишува. Докторката требало да ти каже дали ќе бидат со или без цилиндер. Ако сепак си во збунки, консултирај ја пак.
Колоната е за цилиндар, ама докторски ракопис е, развлечено е. Убаво си има пишано Десно: -0.5 , лево -0.5. Немаш цилиндер. Само развлечено е напишаното.
На десното имаш цилиндар, нема диоптер само цилиндар на 160 степени. Левото ти е со диоптер, без цилиндар. Нема да има проблем оптичар да ти го прочита, јасно е.
Имам проблем кога ги вадам леќите. Очите ме печат многу и страшно многу ми солзат. Се е во ред додека ги носам. Изгледам како демон кога имам шминка. Од солзењето. Имал ли некој сличен проблем?!