Капки немора. И мене еден период ми се зацрвенуваа. Можно е да е од умор, па ставај облоги од камилица на очите. Провери го рокот на течностите, или веднаш набави си нови. Пробај да ставиш од апченцата за да ги исчистат леќите од протеини. Ако ништо од ова не дејствува, одма оди нови леќи да нарачаш! Ама одма, затоа што ако подолго време ти се случува ова можно е да дојде до оштетување на окото! Што се однесува до диоптерот, со леќите само стагнира. Може да се намали единствено ако се работи за минимален диоптер, минимална корекција.
Јас од 3то одделение почнав со наочари и диоптерот ми беше -1,0 на едното а -1,5 на другото око. После постепено ми се зголемуваше диоптерот, а кога бев во пубертет многу брзо одеше тоа. Мораше да се премине на леки и од средно почнав да носам....па така од 2ра година средно до сега има околу 8 години како што користам леќи. Одма се навикнав на нив, дури и првото ставање неможев да му дозволам на докторот да ми брцне и да ја стави па реков: "ај докторе кажете ми вие како треба а јас ке си ја ставам" Сега бидејќи ми е стабилизиран диоптерот со леќиве и не ми се зголемува повеќе, застанав на -4, размислувам и за ласерска корекција, ама тоа е веќе друга тема. Ако треба да се даде некој совет за леќи или очила, јас би рекла дека се е индивидуално. Наочарите се една приказна, но со леките е друго, мора да се пази, на рокот, на растворот за одржување, на хигиената... И не е секогаш "што сакам јас" туку што за окото е најдобро
Баш и јас ја препрашував докторката за ласерка корекција, знам дека треба стабилен диоптер, што мене лично уште не ми е, но ме интересираше што како. И она како што ми кажа и ласерската корекција не е 100% успешна. Во стил, се препорачува за работници затоа што кај со леќи не знам на пример дрво да брусиш, ќе ти умрам очите. Ама за луѓе-интелектуалци, како што ги вика она, што на пример имаат работа со читање компјутери и слично, и после операцијата ќе мора да носат наочари. Со некој минимален диоптер но сепак ќе мора.
Женски да ве прашам, има ли некоја од овде што има правено преглед во очната болница Визиа во Скопје и ме интересира како сте задоволни од таму??
и јас сакав да носам леки, ама не можам оти ке ми бегаат очите на страна како кинескиња ке бидам а толку сакав такво објаснение добив од докторката а тетка ми со глауком на очите а згора на се и 90%е инвалид носи леки, и да ги вади пред спиење, не се бања со нив, ги чува во кутивче, а за одмарање на очите носи очила
tigerlady за ласерска јас си ја прашав докторката дали можам да правам, и ми рече ок е, ама ај си викам да завршам факултет уште некој испит па после тоа да видам што ке праам. Башка кај нас во Македонија нема шанси да правам, па затоа ќе треба повеке информации да најдам околу тоа... ама ај има време. Мои пријатели правеа ласерска во странство (ако не се лажам мислам Бугарија беше може и не....нема везе) и диоптерот им е корегиран на 0 и немаат потреба од очила после тоа. Сега ништо не носат. srcekrsacka јас имам другарка која носи очила со диоптер - 1.75 и докторот не и дозволи да носи леќи. Чим и рече така, јасно е дека има одредена причина за тоа. Јас па баш би сакала да носам и надвор очила, ама со -4 диоптер не личи. Многу е голем
Вака сакам да земам леќи,можете да ми пишете за колку месеци користење има и цена.Благодарам однапред
Јас имам 3 пара леќи во една кутија и се менуваат на 2 месеци, значи со една кутија поминувам пола година. Моите чинат нешто помалку од 6000 денари. Многу се меки и можам да спијам со нив 6 дена потоа да ги извадам 1 ден и повторно да ги носам 6 дена без прекин. Како за прв пат сум презадоволна од нив и окото супер ми ги прифати И ме интересира дали има некои кои одат на прегледи во Медика Плус кај др. Антоанела и како се задоволни? Јас сум презадоволна и многу си ја засакав докторката
И јас сум кај д-р Антоанела и многу ми е фина. Ептен. Што треба, како, колку диоптер малку и општа дискусија (имав општ муабет ми препорачуваше каде да прашам конкретно за ласерска)...ептен е фина. Претходно кај една докторка во Букурешт одев и мислам дека она ми го расипа окото зошто ми даваше јак диотер и стално коа ке појдев кај неа све "сепак мене не ми е бистро, па подобро да е со јасни контури" иако јас изопачено и ко пластично и нереално ги гледав објектите. Среќа со Антоанела го немам тоа Инаку за моето прво купување леќи се зезнав зошто појдов во оптика ирис во три бисери да купам, и ме фаттија многу скапо, па ко да морав и раствор од таму да земам... будала јас... Сега од очен лекар си земам рецепт, во оптика си нарачувам леќи (1 кутивче - 4 леки со рок од 3 месеци) и ме чини околку 2400 или 2600 ден, па таман на 6 месеци пак контрола.
И јас треба да носам очила осеќам дека видот ми е намален ама нема шанси да се одлучам за очила имам ситно лице како некој штурец ќе сум! Колку пари се леќите?
Мене ме интересире дали може да си земам само еден пар леќи колку да видам дали ќе ми биде подобро со нив или да си останам на очила...Знае некој дали може само еден пар и колку би чинело тоа ?
За очила, не разбирам зошто веднаш толку негативен став па барем денес има избор од милион вида и лице на камила да имаш нема шанси да не најдеш. Посебно ако имаш помал диоптер зошто би ти биле потребни леќи? Но во секој случај, цената зависи од типот на леќите. За меки леќи 6000 се три пара кои се менуваат секои два месеци. Полутврдите леќи се околу 3000 денари и тие се носат подолг период. Но и двата типа имаат различен начин на одржување и носење . Може еден пар, ама уште еднаш цената зависи од тоа какви леќи планираш да земеш. Кога првпат земав јас си се исконсултирав со докторката и се решив за полутврди. Овие се носат подолго време, обавезно се вадат пред спиење и не е препорачливо да се бањаш со нив (мислам во езеро, базен). Имам и пар меки кои ги земав за кога одам на одмор, бидејќи се попрактични. Но лично не би можела цело време со меки. Веројатно станува збор за навика, ама мене полутврдите ми се некако позгодни. Во врска менување леќи-очила, еднаш ја изгубив едната леќа и додека чекав да ми стигне новата носев очила. Одвај преживеав мислам тие неколку дена, очите ме болеа ненормално од наочарите. Се навикнав на леќи и така си терам.
вака значи скоро една година носам наочари бидејќи диоптерот ми е 1 сега сакам да носам леки бидејки наочарите ги носам само на часови во школо не сакам на излегување бидејќи не можам да се гледам на мајка ми реков дека сакм леки но таа мисли дека е ризично и дека така ке си го оштетам окото а на татко ми ако спомнам ми се лути цел ден јас многу сакам да носам леки бидејќи нема сите да знаат дека ми е оштетен видот не се работи ни за пари ни за ништо едноставно моите не сакаат да носам леки што да правам хелллллллллллп
Убаво информирај се, најпрво ти, за квалитетот и користа од леќите. Потоа пренеси им на твоите родители се што знаеш. Ако треба покажи им и исечоци од весник, некои статии, испринтај од интернет, покажи дека си информирана и подготвена да носиш леќи. Сигурна сум дека ако добро се запознаат со карактеристиките на леќите и со фактот дека се речиси безопасни, ќе подразмислат повеќе. И поработи на својата самодоверба, не треба да се срамиш да излегуваш со наочари!
Јас мислам дека ако имаш диоптер 1 тоа емал диопер за леќи. Во секој случај ако си решена, пред се разговарај со докторката и однеси ги и твоите да им објасни таа кои се предностите на леќи. Но искрено ако не ти се потребни наочарите постојано, не гледам зошто би ги знамарала очите со леќи. А ако не ти се допаѓа како ти стојат наочари, па денес има толкав избор на наочари со цени повеќе од пристојни сигурно има нешто и за тебе.
Контактни леќи Сакам да си земам, носам очила ( за далеку ) 5 години и треба нонстоп да се бришат и почнуваат да ме нервират. Па затоа вас ве прашувам колку чинат ? на колку месеци треба да се менува ? и нешто подетално за тоа, фала
Јас со моево ноќно учење од скрипти чиј текст е со фонт 3ка, си го расипав видот! Ќе барам оштета од факултетов... Денес бев на очно и од 0,5 на двете очи, диоптерот ми е зголемен на 0,75 на едното и 1 на другото око. Во понеделник планирам да ги однесам наочарите да ми сменат стакленца и ќе земам пробни леќи. Докторката ми рече дека имало некои такви леќи што траеле 3 месеци и биле по 300 ден една. Па ако ми пријаат, ќе си земам некои трајни. Ќе пишам во темава искуство, па ќе направам една споредба очила vs. леќи
Јас колку што знам видот не може да се подобри со носење на леќи или очила. Тие ти користат само со тоа што со нив гледаш подобро.
Еве јас ти кажувам дека се подобрува од искуство само зависи од проблемот..Јас носев очила а сега носам леќи