Некој ке претпостави дека не се очите навикнати за носење леќи....Треба време,.Колку што сум читал јас..Ако имаш печење на око после вадење на леќата, тоа значи дека типот на леќи не е погоден за тебе..Но прва опција секаде се спомнува е Посета на Лекар во најскор период..Утре...Да не те фати паника од тоа јас што сум отворил и читал нека ти кажи лекар...Тој што се разбира да не биди немаш ништо не помини!!!
Не можев да пронајдам соодветна тема и се извинувам доколку ова не припаѓа тука. Но, морам да прашам нешто, па доколку некој знае - нека ми одговори. Имам нови очила и ги носам прв ден. Цел живот носам очила но сега првпат ми се случува ова - кога некој ме гледа (зависи од аголот) , на стаклата приметува нешто како кругови, како полукругови, како слоеви стакло... Што може да биде тоа? Самиот диоптер, цилиндрите кои ги имам? Зошто се приметуваат, нормално ли е тоа? Никогаш до сега ми се нема случено нешто такво...
Дали некој користи од овие леќи?Гледам во една оптика се многу намалени (1500 ден) па се мислам дали да ги земам
Ваши искуства од B&L Pure Vision 2 ? Ги земав пред некој ден ама уште не можам да ги навикнам, ми ги сушат очите некако чудни ми се
Јас ги користам, веќе второ пакување, а претходно ги користев Soft lens. Ми ги препорача докторот како подобри, али искрено и мене ми се малку чудни. Другите како потенки да беа. Од друга страна па докторот сигурно знае подобро, а овие се и поскапи, па ваљда и подобри. А можеби и од гадниот, сув и загаден воздух ни се лепи сешто на нив.
Јас пред некоја година носев Air Optix, па прекинав демек со очила ама пак се вратив на леќи исто со препорака од доктор за овие Pure Vision ама стварно не ми се баш нај пријатни за носење (колку што се сеќавам не ми беше вака со Air Optix...) :/
@Elence93 Ги препорачуваат оптичарите-офталмолозите оние леќи чиј претставник најубаво ги мотивирал за тоа. Се сум пробала од Софт ленс за моиве очи поубаво не сум нашла,барем досега. Пјур Вижн ми беа ко ќеса на око да ставам.
Зошто не ги пробате air optix night&day месечните јас сум презадоволен од нов веке 5то пакување користам а додека со Pure vision беше како кеса да ставам во око....
Контактни леќи дефинитивно. Многу се лесни за користење и одржување. Jас лично не можам да функционирам со очила, ми сметаат, имаат ограничен агол на гледање, итн.. Ги користам SofLens ( Bausch & Lomb) и сум задоволна. Досега не сум ги менувала, така да, можам да ги препорачам
Здраво, Веќе влегов во пубертет,и константирам ми е астигматизам на десното око ( цилиндар ) . Бев на преглед во Битола и сум прилично задоволен,но ме пратија кај Др.Виолета во Охрид,со оглед на тоа што таа е специјалист за деца.Па,како изгледа еден преглед за астигматизам,и дали е тешко носењето наочари со цилиндар стакло ? Инаку,со левото око немам никаков проблем и гледам 100%,а затоа немав ни приметено дека имам проблем.Се се случи на систематски преглед. Ви благодарам,однапред
Исто е стаклото како и секое друго, нема да забележиш разлика. Изработката е поразлична, ти ке гледаш подобро, ама визуелно ништо не се забележува.
Носев предходно Air Optix супер се леќите. Лекарот ми кажа дека може да пробам со Pure Vision, потенки биле, подобри... ама не ми одговараат стварно