Јас имав проблем со леќи, буквално ми бегаа под капакот и мене ми извршија замена, затоа што проблемот бил најверојатно нешто до нив, така да пробај си ја среќата.
Ама како да им однесам леќа и да кажам еве не гледам со неа, како да нема воопшто диоптрија. Може да си прашам. Тебе што ти рекоа?
Така однеси ја. Кај нас имаше таков случај и мораше рекламацијата да ја пратиме до фабрика. Ни вратија дека имало некој проблем и клиентот си доби нови леќи.
Да не се погрешка ставени во кутијата а да се всушност со друг диоптар? Провери на контењерчињата со леќи дали го пишува истиот диоптер што имаш ти.
Имате оптика? леле паника ме фаќа вака ако зачести, само фрлање пари. Инаку ми е страв тој месец додека чекам нови да не се зголеми диоптерот или само џабе се плашам, сега сум со очила.
Ако и обично носиш очила нема да има проблем. Во спротивно купи си уште една леќа за периодот додека чекаш.
Имам висока диоптрија и затоа ми се препишани леќи. Но, ете ми се случува ако се скине пример леќа, одам нарачувам нови и чекам по месец дена, а порано и по два се чекаат. Ме нервираат вакви работи, ќе платиш и нема ништо од леќите. По 3 пата купувам во една кутија. Во една оптика ми се случи порано од 3 пара само еден да е ок, другите дванаместо месец дена п0 10 дена ги носев и веќе стануваа матни, не се гледаше ништо. Ужас. Од таму веќе не земав.
Колку пара беа 3 пара леки со обичен диоптер без цилиндер во Елени? Течност имам останато од претходниот комплет, без течности колку беа пари леќите не паметам а треба да си испланирам да купам летово да имам.
Здраво, вчера нарачав леќи, првпат ќе носам досега само со наочари сум и веќе преку глава ми беше. Па сакам да ве прашам совети за одржување, општо се што ќе ви текне за исплашен почетник. Фала однапред!
Кои капки за очи се добри за црвенило? Не чувствувам ништо, а очите често ми изгледаат како да сум плачела, особено навечер откако ми се заморени.
Јас Прокулин ги користам, ми помагаат Можно е леќите да ти ги сушат очите, исто и мене така, па побарај следен пат совет кога ќе одиш на преглед, ќе ти каже офталмологот подетално
Бев пред пола година, ми рече да не ги замарам многу очите и ми даде капки, но не се сеќавам кои беа. Прво ги користев неколку години soft lens па потоа ги заменив со pure vision 2. За Прокулин ми кажаа во аптека дека не ги препорачуваат, па затоа се обратив тука.
Хм, зошто не ги препорачувале? Мајка ми е фармацевт, двете леќи носиме, па ги користиме и двете тие капки. Да не ти нуделе некои други затоа што им нудат награди доколку ги продадат? Не верувам Прокулин да пречат, мене лично од една капка веднаш подобро ми е.
Можно е. Искрено и јас не верував бидејќи сум задоволна од сите производи на Алкалоид. Фала ти многу, ќе ги купам
@Elence93 да те прашам пишуваш за Прокулин капки за црвенило или за Прокулин вештачки солзи? Прокулин за црвенило капките се најефикасни за отстранување црвенило ако има испукани капилари во очите,иако тие се добри за краткотрајна употреба. За догорочна употреба не се ако личноста има често покачен притисок или дијабет бидејќи дополнително капкиве можат да покачат притисок општо и во очите-правејќи гауком. А за вештачки солзи капките можеш од било која фирма,тие се само лубриканси да не пецкаат очите и ги подмачкува очите и прават капкиве да не се сушат очите што често се случува под дејство на носењето на леќите. Who should not take Naphazoline HCL Drops? The following conditions are contraindicated with this drug. Check with your physician if you have any of the following: Conditions: overactive thyroid gland Diabetes closed angle glaucoma high blood pressure Disease of the Heart and Blood Vessels High Blood Sugar Eye Injury Eye Infection
За црвенило. Вештачките солзи ги користев зимата поради нечистотиите и сувиот воздухот и бев задоволна. Ќе ги пробам сега овие.
Јас кога почнав да користам прокулин раствор за леќи имав нелагодност, црвенило, сувост на очите, одеднаш ми се појави, а користам леки 10 год, бев на лекар и ми кажаа дека не е добар растворот на прокулин да си земам било каков друг ама таков да не користам веќе. Затоа не користам ниту вештачки солзи од нив. Не ми нудеше никаков друг производ па да речам нели процент зема.
Добро, секое око различно, не значи дека на секој делуваат така. Сите различно прифаќаме работи, затоа и најдобро консултација со личниот офталмолог. Ама дур не пробаме не може да знаеме како ќе делуваат, ете тебе не ти пријале, бар си знаеш за друг пат што да не користиш.
Здраво на сите. Носам леќа веќе 2 месеци на едното око со диоптер -1 а со другото око се си е во ред. Ме интересира дали имате некакво подобрување со видот, т.е. дали ви се намалува диоптерот со носење на леќите?Имам слушано дека има големи шанси да ти се зголеми диоптерот со носење леќи. Ви благодарам