Јас носам леќи со години. Диоптерот не ми се намалил, ама стагнира. Значи, нема шанси за зголемување.
Ако се зголеми диоптерот не е од леќите, а исто е и за намалување. Леќите зе помагала за гледање а не прават корекции на диоптерот. Носам леќи повеќе од 20 години, диоптерот ми е ист.
Нема потреба од страв. На почеток ќе ти биде тешко при ставање. Мене ми требаше пола саат да ги наместам на почеток, а сега за 1 минута ги вадам и ставам двете. Кога ќе ги ставаш над маса биди, ако ти паднат, да ги најдеш. Најдобро е, стави една леќа, па покриј го со рака другото око и види дали гледаш чисто, и дали си ја ставила во око како што треба. Миј ги како што ти пишува во упатство. Растворот важи 3 месеци од отворање, после фрлај. Јас запишувам секогаш на кој датум сум го отворила. Ако се шминкаш, извади леќи, избрипи добро шминка и измиени врати ги во очи. Ако имаш прашање пиши. Треба да ти стагнира. Кај мене стагнира. Спомнаа погоре Прокулин не биле ок, јас си користам раствор од нив, немам забелешки.
После една година откако почнав за прв пат да носам леќи истите симптоми ми продолжија, пишував на темава. Значи само по неколку минути од ставањето на леќите очите ми се закрвавуваат и почнуваат да ме чешаат.. Прво ги користев леќите Air Optix Atigmatism, заедно со Pure Moisture растворот, потоа го сменав и го земав Avizor Unica Sensitive со претпоставка дека е можеби до него но истите сиптоми продолжуваа па решив да ги сменам леќите, ги зедов Bausch&Lomb Softlens Toric, и повторно го сменав и растворот, го земав ReNu MultiPlus и истата ситуација продолжи пак.. Користам и капки што се ставаат додека ги имам леќите на мене, но не ми помагаат.. Инаку за леќите се грижам максимално, ја менувам течноста после секое носење, ги мијам и сите тие работи. Не ги носам редовно (секој ден) и не повеќе од 5 часа.. Во што можи да е проблемот? Кога се консултирав со доктор се чудеше и ми рече дека во животот не наидел на ваков случај и не ми веруваше ми рече да сум чекала да се навикнат очите (до кога?). Се консултирав и со друг доктор кој ми рече дека било нормално Но никој не понуди решение...
Ги сменав стаклата на наочарите бидеќи ми се зголеми диоптерот. Ама сеа кога ќе се вртам на лево или на десно ми се врти, кога ќе погледнам на долу како да не е рамен подот туку како да има мало угорниче пред мене и мн ме боли главата.. Сигурно нешто не е во ред
Провери синуси и направи алерго тест, можно е да си алергична на некоја супстанца, многу е ретка ама можна состојба. Мене синусите ми прават проблем, после 2-3 часа носење почнуваат да ме гребат очите, ги чувстувам леќите во очите како да ме бодат, почнувам да кивам и се по ред. Ставам и вештаччки солзи демек многу ми се суви очите па ради тоа е, али јас мислам дека има друг проблем. Нормално е по сменет диоптер, ќе се навикнеш за некој ден.
Можеби наеднаш многу ти го зголемил диоптерот. Пробај да ги носиш по неколку саати. Доколку не се навикнеш оди и кажи му дека ти е мачно и постепено да го зголемувате.
Истото ми се случува и мене после некој час почнува да ми тече носот и да ми солзат очите, ги чувствувам како да ме гребат и да ме чешаат во очите, откако ќе ги извадам се е во ред, носот престанува да ми тече, ништо не ми е. Извини можеби ќе звучи глупо прашањето но не сум баш упатена, алерго тестот треба да го направам стриктно на офталмолог, има некој посебен што е баш за леќи, или тоа се оние општи тестови каде што се проверува за алергија на куќна прашина, мачки, полен, храна...
Мене ова скоро две години откако ставив леќи ми се случуваше. Ама не се откажував и чекав леќите да ги прифатам. Сега ги носам скоро 5 години, веќе немам мака последниве 3 години. Ама што тешкотии видов, како демон бев во очите. Веројатно тешко ти е да ги прифатиш, дај уште време. Јас секој ден ги носев.. И ова е нормално, јас секогаш кога земав нови очила ова ми се случуваше. Недела, две додека да ги навикнам. После заборавам дека се на мене.
Вајда истите тестови се, јас немам правено, а треба оти општо многу имам проблем со кивање и течење од нос и кога не ги носам, ама кога ги носам е значително полошо. Закажи си ти за алерго па кога ќе отидеш ќе им ја кажеш маката може има и на тоа тест.
Луѓе, предлог оптика каде Супрема стаклата се евтини? Претходно имам направено во Бела Виста за 2500 ден. Сега скоро прашав во друга оптика и за истиот диоптер ми рече 4000.
Чудно е ова, ако велиш ги миеш леќите и се чисти. Мора да бидат баш чисти, да немаат ситни честици по нив. Баш проѕирни да се кога ќе ги погледнеш пред да ги ставиш. Да не го реши проблемот во меѓувреме? Може ти се суви очите, ставај вештачки солзи, трепкај повеќе.
Извини ама ме изнасмеа мислењево. Немаше да пишувам на темава ако проблемот беше толку едноставен.. Верувам дека ретко кој води толку сметка како мене кога се во прашање тие работи. Пред да ги ставам леќите ги мијам рацете со антибактериски сапун да ми се перфектно чисти, леќите ги мијам со течноста пред и после ставањето и ја менувам во кутивчето после 1 носење (никако во истата што стоеле претходно) иако не ги носам секој ден. Ставам вештачки солзи го напишав тоа во постот не знам дали го прочита, и не не - ми помага. Ставам и капки за очи откако ќе ги извадам леќите. Не ги носам повеќе од 5 часа. На еден месец можи и помалце ги ставам во течност со таблетки да се исчистат.. Ништо не ми помага, одна по ставањето на леќите очите ми стануваат вакви Добивам главоболка, носот ми тече, а по некој час носење ми стануваат неподносливи, како да имам песок во очите чувствувам.
Да не се работи за пар неквалитетни леќи? Мене ми се случувало да купам леќи кои се гледа дека не се баш нови, и ми го стискаат окото, ме копка, и се вцрвенува како на сликата.
Најверојатно си алергична или на некоја компонента од леќите или од течноста. Ако вака ти е постојано откако си почнала да носиш леќи значи окото не ги прифаќа, најверојатно поради алергија на составот на леќите. И не во никој случај не е нормално така да ти биде црвено окото. Јас повеќе од 10 год. носам леќи никогаш такви симптоми не сум имала, единствено вакво црвенило имав кога купив прокулин раствор, веднаш го сменив и исчезна и црвенилото, ама ти штом си променила и раствори и леќи значи не е до тоа, туку до самиот состав на леќата.
Пред неколку дена си ставив за прв пат наочари. Едното стакло е со цилиндар а доптерот е -0.25(а во упатот пишува 0.50 wtf) со -0.75 . Кога сум со наочари можам да гледам дури и детали од далеку што значи видот ми е супер со нив но кога ќе ги извадам зениците ми се значително зголемени а и главата ме боли. Дали можеби се прејаки за мене или не сум навикната? Што е разликата меѓу цјлиндар и обично стакло? Препорака каде би можела да направам добар преглед во Скопје?
Не си навикната сеуште. Кај прв пат па и со цилиндер и затоа ти е тешко. Носи ги по неколку часа за почеток, не ги носи цело време, прави паузи додека да ти се навикне окото.
Дали некој бил во оптиката кај веро џамбо? Сакам да ми одредат диоптер па споделете искуства дали се добри