Девојки 4 години по ред носев една иста диоптрија и од вчера имам друга, но се ми е матно и ме боли главата, нормално е вака додека се навикнам или?
Нормално е одреден период при смена на диоптрија да чувствуваш главоболка и мачнини. Доколку со тек на време не ти поминат, појди пак на доктор за да проверат да не е утната диоптријата.
Луѓе препорачајте добар специјалист за леќи, ми дадоа упат за во Букурешт на 3 прегледи отидов за една недела никако саглам дијагноза да добијам, и цилиндар ми најде што 10 години не ми нашле за диоптерот ми вика за +1 ти е зголемен (а 1.50 ми е сега) што нема шанси во рок од една година да скокнал толку, па и леќите и течноста не ми одговарале а 4 години скоро сум со истите немам никаков проблем. Абе фрчам од бес мислам моментално
Јас кај таа во Букурешт 5 години одам, ептен е професионална. Плус на апарат прецизно гледа за диоптерот, инаку можно е да ти порасне толку за тој период, мене премногу ми порасна во рок од год-две, откако ставив леќи се е стагнирано. Ме зачуди вака лошо искуство што имаш тука. А и мајка ми 10+ години е тука, исто немала проблеми. Мислам дека во Скопје е една од најпрофесионалните офталмолози женава, секаде ја препорачуваат. Пробај и на друго место, да не ти била претходно погрешна дијагноза давано? Мене поради такви порано, диоптерот ми е огромен. Успат, у Јане Сандански Поликлиниката некој специјалист за очи го фалат доста исто, па види таму, може ќе е подобар
@Dream-Girl фала ти за одговорот, бев веќе на друг лекар во МедикаС на приватно и она ми рече дека ми е зголемен ама не толку (иначе носам леќи веќе 4 години затоа чудно ми беше на мене) денес треба да идам да ме види на компјутерот за да прецизира. Друго што ме изнервира кај оваа првава е што ми се дереше цело време, никаков однос нема со пациенти.
Леќите ми се отворени пред 1 месец и се месечни леќи. 5 - 6 пати ги имам клаено само. Дали треба да ги фрлам сега дека помина 1 месец или можам уште да ги носам?
Jaс имам меки леќи од оние за 2 месеци. Но, во оптика пак доцни со нарачката и сега плус 2 дена како ги носам. Колку ќе имам фора да ги носам овие додека стигнат новите деновиве? Има ли некој искуство уште колку дена би можеле да се користат. Знам 2 месеци е рокот. Јас користам диспо биоторик.
Не, 2 месеци носи си ги. Јас ги носам по 3 месеци некад ако не сум ги носела често тие месеци ама у принцип ретко ми се случува секој ден со нив сум, па по 2 месеци осеќам дека се износени и ги фрлам. Сама на око ќе осетиш стари дека ти се, кога се заматуваат, се прљаат, не се гледа како порано.
Знам. Од зор сега сум принудена да ги носам повеќе од 2 месеци. Доцнат новите иако требаше да стигнат за 2 месеци, еве 3 поминаа не стигнале во оптика. Инаку сега отворив на нет за моиве леќи, зошто ги пишува месечни, кога мене и оптичар и лекар ми рекоа дека се носат по 2 месеци. Јас по 2 месеци ги носам веќе 5 години и си е ок.
Не е така,предвидено време на месечните леќи е 1 месец,дозволено +1 недела надминување.Сите лекари каде што сме биле и тука и странство ни го потенцирале тоа.
Абе можат да се носат месечните леќи и повеќе од предвиденото, ама се чувствува дека веќе не се за носење, се замаглува погледот, чувствуваш тежина на окото. Така да подобро да се менуваат на време. Инаку за докторката од Букурешт...Бев еднаш и никогаш повеќе не ради неа, туку ради сестрата. Такво безобразно створење не сум сретнала во ниедна здравствена установа. За докторката немам лош збор, професионалец, стварно си ја знае работата. Малку е намќор, ама не ми е битно.
https://soczewkikontaktowe.istore.pl/ Ние од тука ги нарачуваме,од Полска ,ептен се професионални.Стигаат брзо.
Колку искача плус за испорака и за колку време стигаат? Исто ме интересира дали треба да ги земам од пошта или ги пуштаат у сандаче Јас веќе со години си нарачувам од Малта од https://uk.welovelenses.com/ и ми е многу поевтино отколку од оптика, ама овие цени што ги гледам на полскиот сајт се страшно поволни...
Мене поштар дома ми ги носи.Страшно се поволни да,ги најдов на еден хрватски форум ,хрватите сите нарачуваат од тука. Земаат ситна поштарина со тракинг и пак се поевтини од тука. Смени ги од полски злот во еур.
Супер, баш ќе пробам. Сега скоро идам на контрола па после ќе си нарачам, вака дури искача дупло поевтино од овие од Малта шо ги земам.
Но, мене и лекар и оптичар ми рекле 2 месеци, и така терам со години. Сега пребарувајќи на нет гледам дека се месечни.