Дајте предлог за вештачки солзи што може да се користат додека носиш тврди леќи. Очиве ми се суви ко песок да имам во нив. Прокулинот ме печат, на baush тие ништо посебно не ми беа... Нешто испробано?
Дали знае некој да ми одговори наочарите во аптеките што се продаваат за блиску со диоптер + ,можат ли да им се смени стаклото да се стави диоптер со - минус или не?
Јас имам синдром на суво око и офталмологот ми препорача SYSTANE ULTRA од Alcon. Многу ми помагаат, ама прилично се скапи, 670 ден мислам дека ги земав. Од прво отворање траат 6 месеци. Си капнувам по потреба и одма ми е полесно. Си пишува во упатството дека можат и со тврди леќи да се користат. Го пробав и новите од Алкалоид, Proculin Tears advance, ама мене лично не ми одговараат. Изгледа колку пари - толку музика, така му доаѓа работата...
Ќе ги дадам без размислување парите, кој има мака со очи знае да цени асални капки. Фала ти, од оптика ги купи или во аптеки ги има?
Тие ти се ко потрошен материјал, рамките лесно се кршат. Ако имаш сериозна диоптрија и скапо стакло не би ти препорачала зошто ќе ти излезе "сиромавиот дупло плаќа". Од лично искуство дооолги години со наочари и леќи ти кажувам
Затоа прашувам, ми требаат за по дома , кога излегувам леќите ги носам, ама ми се случува да заспијам со наочари, барам поевтина варијанта ,фала ти
Ги има по аптеки, јас мислам од Еурофарм ги земав последниот пат. Овие мислам дека се единствени од таа линија кои можат да се капнуваат додека ги носиш леќите.
Јас како тинејџерка требаше да носам очила. Имав диоптер од -0,50 но не ги носев очилата. Сега сум стигнала до -1,50 на едно око и -2,00 на другото. Не е добро, но сепак може уште многу полошо. Сега сакам да земам контактни леќи. Може ли да ми кажете искуство и околу цената ме интересира и дали се менуваат односно купуваат нови леќи по определен период. Ви благодарам однапред!
Здраво, носам леќи 6-7 години и досега го користев растворот на Прокулин. Во оптиката на секое одење без воопшто да ги прашам ми нагласуваат да не го користам тој раствор никако, еднаш затоа што предизвикувал црвенило, друг пат затоа што не ги чистел леќите убаво итн. Не знам дали прават антиреклама за да се купуваат поскапите со кои соработуваат или едноставно не го бива растворот. Мене лично не ми направил некаков проблем... Очите навистина ми се поцрвени, ама мислам дека не е до растворот, еве месец-два немам ставено леќи на мене и такви ми се уште. Искрено не знам дали некогаш претходно не ми биле вакви затоа што од 12-13г. сум со диоптер. Ајде да дадам шанса на друг раствор да видам дали ќе има промена. Кој би ми го препорачале? Има ли воопшто раствор со приближна цена на тој од Прокулин или сите други се по 600-700 ден.?
Optic Pro e 400 ден во Зегин, и нешто поскап околу 450 во други аптеки. Го користам со години и ми е супер за цената со оглед дека другите се над 700 ден., а од прокулин очите ми поцрвенуваат и ми предизвикува нелагодност со леќите.
Е и за тој исто ми рекоа дека не го бивало демек, очигледно антиреклама прават само на поефтините. Не се сеќавам дали сум го користела на почетокот, баш ќе го купам. Фала ти
Носев леќи четири години, ама пред 8 месеци ми се појави црвенило и докторот ми рече да правам пауза и да ставам капки. Правев пауза и пак почнав, и тоа дури пред една недела, ама денес забележав пак малку црвенило. Совет некој? Ќе се оправи или ќе треба очила да носам, а ич не сакам очила.
Форсираат тоа од што имаат заработка повеќе. Ако ти одговара Прокулинот користи си го без гајле или пробај со Оптикот не е голема разлика во цена. И мене не ми се даваат повеќе 700 ден. за Оптик фри или поскапи раствори кога и овој супер си ја врши работата.
Јас на почеток долго време користев Рену (Рено не знам како се чита), го користев околу година време. Тој беше поскап, па си реков да променам да видам. Земав Прокулин, не гледам никаква разлика. Апсолутно исто ми е, немам никакви несакани ефекти и продолжив да го користам.
Ima vrska rastvorot? Opti free go koristam otsekogas. Mene mi e da ne mi rece doktorot deka ne smeam lekji da nosam vekje poradi crveniloto