Има. Јас не носам но имам ќерка од 12 години која носи. Препорачан раствор е овој што го пишав,а пробај и смени леќи.Новите аир оптикс хидра глајд се одлични.
Каде можам да ги најдам во Скопје? Ама баш овие во оваа амбалажа зошто има еднужи други слични што ги продаваат
Ми треба ваше мислење.... Уште од дете сум со наочари, никогаш не сум ги сакала.. Кога и да прашав доктор дали може леќи ,одговор-НЕ имаш цилиндер. Но, кога истражив поубаво сфатив дека има опција. Денеска бев на преглед во Букурешт, кај доктор Данка... И може... Проблемот е што инсистира да земам леќи од некоја нејзина, проверена оптика, а јас ги најдов скоро дупло поефтини. Со тие леќи, претпоставувам дека нема да ме прими на преглед.... Ако отидам на друг доктор, пак ќе ми каже не може леќа... Ваши искуства со докторкава? Да ми препорачате друг доктор? Ме нервира што те обврзува од едно место да ги набавиш. Не е фер....
Јас идам кај оваа. Леќите многу пати ги имам земено од друго место и не сум и отишла на контрола после тоа иако требало. Лош пациент сум. На државно само она е мислам, другите се поскапи. Можеш за првпат да земеш од таа оптиката Елени, иако се услужливи според мене, добив и гратис поклончиња за редовно што сум земала нешто таму, фини се стварно. Па после кога ќе се навикнеш и стабилизираш со леќите нареден пат земи од други. Иначе ќе те прими на преглед, може ќе вика само од кај ти се ова она, прај се на триипол.
Многу сум смотана... Мене ми е непријатно, не можам на триипол.. . Можам да порачам само по една леќа, или морам по три?
Е не знам, јас секогаш 6 леќи т.е три пара земам, така се во кутијата. Само јас без цилиндар имам диоптер
Неколку кутии веќе имам нарачано од таму. Супер се леќите. Споредувано со други пакувања и биле потполно исти. Плус не го наплаќаат каргото, се ти е во цената.
Од оној Ицко од пазарче зелено можете какви сакате леќи по еден пар да земете немора 3 пара односно кутија... јас од таму си земам, нема проблем до сеа..
Супер ќе им нарачам...ептен се исплати, јас од зелено пазарче оптиката Ицко земам еден пар леќи за 750 ден. а овие нудат за 990 ден. 3 пара...затоа чудно ми падна.. со роковите океј се??
Да во ред си се. Најверовтно ги набавуваат по пониска цена или па не одат на многу заработувачка. Јас од Алкон користам хидрогелни и ми се ок.
Ја идев кај Данка до 2014. После си почнав кај Ристовски на приватно, еден преглед годишно е, месечно да тргаш по 80 и кусур денари ќе си го платиш, а докторот е врвен. И Данка и Евгенија си имаа бубачки, многу пати јадев дерење зошто шетам од едната кај другата докторка. После остана само Данка, со неа повеќе можев да се разберам. Како и да е, си имаат процент од оптика Елени и тоа е факт. Кога сум прашувала мора ли од таму да ги земам одговорот бил - ќе ти потпишам дека не се во ред и бесплатно ќе ти ги заменат. Епа guess what: носам леќи скоро 18 години, никогаш не се случило да не чинат леќите на прво отворање. Не се будателе си имате опции да си нарачате од интернет, имам пишано пост неколку страни претходно од каде нарачувам за дупло поевтина цена скоро 4-5 години. Некоја членка пиша страна од Полска ама уште ја немам пробано.