Види во Optica Italiana, Vero Centar Не знам какво е вашето искуство од користењето на Прокулин течноста за леќи, но јас не сум задоволна. Веднаш штом се префрлив на Прокулин ми се јави инфекција. Офталмологот ми рече дека сретнал неколку слични случаи со користење на оваа течност. Затоа, внимателно со изборот на течности.
Девојката побара течност со пристапна цена, затоа и ја предложив. Јас немав никаква инфекција од неа ниту црвенило, а ја купував неколку години, но се вратив на Рену бидејќи до сега двајца доктори ми ја препорачаа.
Дојдов да ги пофалам леќиве затоа што содржат ув заштита и на оваа денска светлина успеав да гледам без да ми смета многу сонцето. Еднинствена мана е што се ептен меки и многу се виткаат па се потешки за ставање. Ќе ги тестирам дополнително дали се добри за носење и како ќе се однесуваат за подолго носење. Ги нарачав од овде. По стварно пристапна цена. Ми стигнаа за недела дена.
@M.laDy благодарам за препораката. Инаку, не знам дали постои друга тема за контактни леќи, па тука ќе го споделам прашањето. Последниве месеци често ми се случува додека ги носам леќите во текот на денот да ми солзи едното око без некоја причина. Инаку, носам месечни леќи и не ги менувам на еден месец, туку можам да поминам и два, два ипол месеци со истиот пар леќи. Знам дека не е во ред, но до сега не ми се јавуваше никаков проблем заради тоа. Дали некоја од вас ги користела леќите подолго од дозволеното и дали тоа може да се поврзе со солзењето на очите?
@Филотеа Повеќе од два месеци немој да носиш месечни. Најдобро ти е месец и пол до два најсила. Може да ти солзат ако ти е окото надразнето, изморено, или ако повеќе саати ги носиш леќите, ако има некоја прашинка на нив а и ако е више истрошена леќата. Направи пауза неколку дена, можеш и капки да ставаш. Ако и со нови леќи ти продолжи солзењето тогаш на лекар.
Еми, мислам дека не. Ваму само кутивче цело т.е. 6 леќи. На парче т.е. 1 пар леќи имам земано од оптика Ели во Бисер. 350 денари една леќа беше. А, ново откритие ми е Оптика ЛМ мислам беше од Струмица. И тие вршат достава и се поефтини дури од Прима.
Нема врска тоа, зависи кому што одговара, иако ретко кој има проблеми од некоја. Јас ја користам Рену, таа ми ја предложија уште кога почнав да носам.
Носев наочари со стакла со заштита од светлина при работа на компјутер (не фото греј него некое друго стакло) ама ми се скршија па сега сакам да купам леќи.Дали има леќи исто кои штитат од зрачење при работа на компјутер?
Дали некоја ги користела Bausch&Lomb Soft lens да сподели искуства дали се пријатни за подолго носење?
Јас ги користев првите неколку години, но не се погодни доколку планираш да ги носиш цел ден. Доколку ти се само за во школо/факс/работа добри се, но не за цел ден. Јас ги сменив за Pure vision 2 по препорака на докторот и од овие сум презадоволна. Ги носам цел ден и воопшто не ги чувствувам.
Ќе побарам совет/мислење од некој што се разбира од ова. Имам астигматизам, носам очила од мал, навика ми е. Диоптерот не е нешто многу голем, ама сепак... Имам и цилиндри. Прашањето е: Имам чуено дека за мојата состојба се потребни полу-тврди леќи. Која би била цената, најевтината варијанта за во мојов случај?
Сега има и меки леќи за асигматизам. За цена незнам сигурно ама мислам дека се оклолу 4000 шест леќи. Нема леќи со заштита ама и не се препорачува да носиш цело време леќи, туку треба да ги одмараш очите и со наочари.
Од каде ги земаш Pure vision 2, која му е цената и како одат во пакување? Јас ги користам со години Bausch&Lomb Soft lens ама не сум многу задоволна бидејќи нa крај од денот очите ми се многу суви, а во последно и често ми прават проблеми со црвенило, болка, итн. Со оглед на тоа дека ги носам од утро до вечер ќе морам да земам други, па затоа се заинтересирав за овие што ги препорача.
И мене ми правеа малку црвенило затоа и ги сменив. И едните и другите ги купував од Визус на ул. Македонија. Pure vision 2 ако добро се сеќавам ги купував по 1450 за 3 леќи, но ми кажаа дека ќе поскапат и од тогаш си нарачувам од lentekontakti 6 леќи за 30Е плус 5Е поштарина и ми стигаат за две недели. Си земав и Рену течност од таму.