Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сум информирана и од мое искуство знам дека очилата немаат никаква врска со поправањето на видот. Мислам дека само контактните леќи можат да го спречат растењето на диоптерот особено во периодот на пубертетот кога тој нагло расте.

    :!: Е сега има исклучок кога диоптерот е многу мал, може со редовно носење на очилата да се поправи.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Јас вчера бев на преглед на очно и баш ја прашав докторката за ова.
    Таа ми рече дека освен ако се работи за мал диоптер, очилата и леќите не можат да го намалат диоптерот, туку можат само да го спречат неговото растење.
    Не знам како вас ви се подобрува видот од леќите... :?:
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Леле од кај ви се вакви ствари бе ? !

    Видот да може да се подобри во Свети Вид - Белград ... Зафатот трае 30 минути 2000 евра идете до 0 . Што се однесува до очила или леќи ништо не помага да се спречи или лечи пошто тоа не е грип . Диоптерот расте сакаш или не сакаш макар ги носела 24/7 зависно од возраста. Од 40 години па нагоре оние што имаат минус диоптерот сам по себе им се намалува а се јавува плусот .
     
  4. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    братучетка ми имаше голем диоптер и дадоа очила, после 3 месеци носење и го намалија диоптерот. Не е тоа подобрување? (зборувам за очила)
     
  5. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^ Нема шанси од очилата да и се подобрил.
     
  6. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    а од што ? од Бога ли? кога и лекарите ги препорачуваат токму очилата за подобрување на видот.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Нема шанси вид да се подобри од очила, па да беше така сите сега очи соколови ќе имавме. Магични очила не постојат, бар јас колку што знам.

    Како и очилата така и леќите не може да го намалат диоптерот, може само да помогнат истиот да не расте или да порасне само малку, затоа што на пример во пубертет најмногу расте.
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Диоптерот не може да се намали ни од очила, ни од леќи. Камоли да се подобри!

    Леќите само можат да ти го сопрат растењето на диотерот и влошувањето на видот, очилата не можат.

    Крај на приказна.
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Еве јас веќе еден месец носам леќи и сум премногу задоволна.
    Ги земав од хируршката очна клиника Визија. http://vizia.com.mk/VIZIA/Za_Nas.html
    Премногу сум задоволна од нивната услуга и гостопримливост таму. Платив 700 денари за преглед и за помалку од 5 минути завршив, а во прегледот ми дадоа и информации за диоптер на леќите. Леќите ги нарачав од таму заедно со течност за прочистување. Леќите ми беа готови за помалку од еден месец.
    Земав меки леќи, 3 пара во пакет а еден пар се носи 1 до 2 месеци (зависи како ги чувам, значи минимум 3 месеци можам да ги носам цел пакет леќи а максимум 6 месеци). Поради тоа што диоптерот на двете очи ми е различен требаше да земам 2 кутивчиња со по 3 леќи но со различни диоптер за очите (вкупно 6 леќи). Цената што ја платив беше 6 450 заедно со растворот, а растворот чинеше 800 денари. Растворот е Solo Care и заедно со него оди и кутивчето во кое се чуваат леќите.
    [​IMG]
    Како што ми кажа докторката за секој вид леќи (од која фирма се, како и мекоста) одговара и посебен вид течност, така да не секоја течност е добра за сите леќи.
    Поради тоа што леќите се меки, уште од првиот ден се привикнам да ги носам без проблем, без пецкање и солзење. Кога ми пристигнаа леќите ми се јавија да ме известат и ме прашаа дали сакам да земам час по обука за користење и грижа на леќите.
    Ставањето на леќите на почетокот ми правеше проблем, од чиста причина зашто ми беше малку страв да си брцкам во око, па морав насабајле прва смена да станувам пола саат порано за да ги ставам на раат леќите без брзање (секогаш шминката иде по ставањето леќи, а кога треба да се вади шминката прво се вадат леќите). Вадењето е многу полесно од ставањето, едноставно ја фаќаш леќата со палецот и показалецот и ништо страшно. Сега тие два прсти мора да ти бидат со исечени нокти за да не си го изгребеш окото. Кога ќе ги извадиш леќите ги ставаш во претходно измиеното (само со вода) и исушено садче за леќи наполнето со течноста. Пред да ги ставиш леќите повторно ги одмиваш со течноста (иако стоеле предходно во течност) а по вадењето не мора да ги измиеш па да ги ставиш во садчето. Течноста трае отприлика месец-месец ипол, мене веќе ми е при крај, ама мислам дека би требало подолго да трае, мене брзо ми се потроши зашто на почетокот имав потешкотии со ставањето па морав неколку пати да ги премивам одново и одново.
    Парот леќи се користи се додека окото не почне многу да те пече и чеша така да не можеш да ги носиш. Инаку дневно се носат колку што сакаш (24 часа може) само да не спиеш со нив и да не се бањаш, да не пливаш и гњуриш. Може да се спортува со нив без проблем, да се трча да се скока... Ако случајно се случи да задремеш или да заспиеш со леќите, кога ќе се разбудиш не се вадат одма зашто окото е суво и може да се изгребе при вадење на леќите, после половина час треба да се извадат. Мене така ми се случи кај другарка додека гледавме филм да задремам малку и после никаков проблем немав, само почекав пола саат за да ги извадам. Додека ги носам не ги осеќам воопшто, како ништо да немам на очите, но доколку ги носам подолго време на пр. цел ден без прекин веќе вечерта очите ги осеќам како заморени и загушени (зашто леќата делумно дозволува окото да дише, не целосно – така е кај меките леќи, а тврдите се потешки зашто окото воопшто не може да диши). Затоа е убаво заедно со леќите да се има и очила, па наизменично да се носат, очилата за по дома а леќите за надвор.
    Јас лично сум многу позадоволна со леќите отколку со очилата, со леќи се чувствувам посамоуверено и поубаво. Друга работа е што ми ги прават очите поголеми (барем јас така мислам) зашто зад очилата очите ми беа многу ситни, а вака откриеното око а и минималната испапченост што ја даваат леќите на окото визуелно го зголемуваат.
     
    На A-j-a и The-Queen им се допаѓа ова.
  10. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Ниту леќите ниту наочарите не можат да го сопрат диоптерот да расте, тоа зависи од самото око..Тоа ми го кажа и мојот офтамолог. Исто така еве јас носам леќи веке некое време па диоптерот уште ми се зголемува, а мајка ми носи наочари уште од млада кога почнала со -0.75 и оттогаш ни малку не и се покачил , што значи нема врска што ке носите.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.612
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сум за очила, а имам искуство со двете. леќите повеќе ги заморуваат очите, ги сушат. Очилата лошо е што имаат оквир кој го ограничува видикот.
    Со леќи не се намалува ниту стагнира диоптерот. Мене ми се покачи за повеќе од +1. Дури носев очила ми беше -2,50 , а после леќите ми дојде до -3,75. Сега сум пак на очила и не се покачил.
     
  12. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    zdr devojki, kako prvo se izvinuvam za fontot no ne saka nikako da se smeni. Imam edno prasanje do tie sto nosat leki. Listajki niz temava procitav edno mislenje deka diopterot na lekite mora da bide pogolem od onoj na naocarite.zosto? Jas samo sto naracav leki , meki se, no diopterot na lekite mi e ist kako onoj na naocarite. Da ne me zeznaa?ke moze da kaze nekoj sto znae?
     
    На Lonely1604 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Не е точно тоа, мојот диоптер на меки леќи е помал од тие на очилата. Се е индивидуално, уживкај си, ако така ти кажале на офтамолог, за тебе е така соодветно.
     
  14. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мене ми стигнаа леќите,треба деновиве да одам да ги земам (затоа што во друг град ги порачав).

    Леле страв ме фаќа. :tmi:
    Си мислам да не не' ги навикнам,да не ми сметаат многу.
    Како ќе ги вадам/ставам. :worried:
    Па и диоптерот ми го сменија (ќе биде две во едно)

    Паничар сум невиден. :envy:
     
  15. doktor-andrej

    doktor-andrej Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    контакните леќи се многу тешки за носење.
    и ако лесно изгледа.
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Е сега уште ова ми фалеше.. :sweat:
     
  17. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не се секирај! Нема потреба од паника.Макар што комплетно те разбирам и јас се чувствував исто како тебе.Кога отидов да ми ги стават леќите за прв пат, докторката цел час се мачеше со мене зошто постојано неконтролирано трепкав.Но, тоа се работи кои лесно се надминуваат...
    Денес, после толку време, можам да ги извадам и да ги ставам леќите и без огледало.
    Опушти се.Набрзо ке си викаш- како сум можела да живеам без нив?
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш? Си носел?
    Ако не си носел, некој ти кажал?
    Од каде инфомрацијава?

    Е многу се нервирам кога некој ќе напише нешто, без никаков аргумент, факт или од искуство.
    Ако не знаеш не пишувај, или ако веќе пишуваш објасни.
    А не вака, страв се ствара кај девојки што не носеле до сега, се заплашуваат.
    Бог да чува!


    Значи Look, ич да не се плашиш.
    Првата недела додек да се навикне окото ќе ти биде малку чудно. После тоа гајле нема да имаш, не се ни чувстуваат.
    За вадење и ставање е прелесно, ќе ти објасни докторот убаво и полека, ќе пробаш пред него неколку пати и ќе ти укаже ако правиш нешто како што не треба. После ќе ти стане рутина.
    Верувај ми, носам леќи 7 години, знам што зборувам.
    Ако нешто плус сакаш да знаеш, слободно прашај си. :)
     
    На tigerlady и Look им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене вчера ми стигнаа леќите. Земав пробни што траат 3 месеци, па ако ми пријаат, ќе земам трајни.
    Сестра ми веќе неколку години носи леќи и синоќа ме учеше како да ги ставам и да ги вадам.
    Циркузи бев :tmi:
    Окото рефлексно ми трепкаше постојано, и не и дозволуваше на леќата да се залепи за зеницата.
    Сестра ми ми рече дека ќе се научам со тек на време да го контролирам рефлексот и без проблем ќе ги ставам. Се препотив додека ги ставив и после некако ми беше чудно... За вадење ми беше полесно.
    Исто ми кажа дека некогаш може помеѓу зеницата и леќата да има воздух, па да ме глоцка и ќе треба да ја извадам, па пак да ја ставам.
    И бара многу хигиена :!:
    Вака како за почеток ми изгледа премногу комплицирано, ама веројатно ќе се навикнам. :?:
    Цело време си викав: Ах, златни наочари...
     
  20. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Јас само што си купив леќи и едвај ги ставам и вадам :D ..но кога и да е ке се навикнам. Инаку сакам нешто да ве прашам тие што носите. Знам деке леките се чуваат во специјален раствор , но во оптиката кај што ги земав ми кажаа да користам и физиолошки раствор. Може со него да ги мијам леките пред да ги ставам и вадам??? Исто така кога ми ги ставаше оптичарката супер гледав а кога ги ставив јас дома некако ко да не гледав исто а не ми сметаше воопшто во око. Дали тоа може да значи дека не ми е наместена убаво, или ако не ми е добро наместена ке ме грепка во око??? Ај ве молам одговорете ми :D