Може ли некој да ми објасни каде е поточно тезгата за очила на з.пазар? Или повеќе се? Да влезам од страната на Градска?
Јас ги користам овие сега и се преродив, многу проблеми имав предходно никако не можев да се навикнам на леќите, сега терам цел ден без мака, посебно откако ја сменив и водата пред некое време. Колку ги земаш? Да знам колку да набавам за во Мк кога ќе си дојдам пошто ќе поседам некој месец, тука се околу 20 евра три пара.
И јас овие ги користам веќе 6г. Поубави леќи од овие нема. Не се ни осеќаат на окото. А колку ги земаш? Ја околу 3000 во ГТЦ во една оптика. Гледам тука нешто доста поевтини сте ги земале.
@Dream-Girl 6 леки ти се околу 1500 со се поштарина, можеби и помалку. И јас земам од странава, втор пат нарачувам и задоволна сум. Откако ќе ти ги пратат за 7-10 дена стигнуваат.
На полската страна каде што ги земам кутија со 6 леќи е околу 25 еур.отприлика. Кај нас се дупло поскапи.
@Cosmi за колку време стигнуваат? На 4ти пишува дека се пратени. На сајтов од македонски пошти гледам пишува на 8ми пратката е ставена во вреќа (излез).
Не знам дали е за тука соодветно прашањето, но во последно време имам страшни главоболки и матење на видот ако повеќе од 5 минути гледам во екран од лаптоп. Не носам наочари ниту леќи иако како мала ми беше препорачано да посетам очен лекар но со текот на времето ми се подобри видот и баталив. Еве сега моментално сум од лаптоп и додека пишувам чувствувам како да ќе ми пукнат очите. Исто така и видот мислам доста ми ослабе во последно време поради лаптопот. Кога гледам во телефон го немам овој проблем. Прашањето ми е дали има начин некако да можам да издржам да гледам во лаптоп без наочари?
Предлог за вештачки солзи кои можам да ги ставам и додека ги носам леќите? Инаку за меки леќи се работи.
Сопругот носи. Предност што не мора да носи два пара очила посебно за вид посебно за сонце. Недостаток што мора постојано да си ја носиш футролата за кога ќе го тргнеш делот за сонце да има каде да го ставиш за да не се оштети. Делот за сонце магнетски се прикачува така што јас му го имам турнато ненамерно удирајќи ги очилата.
На 13ти нарачав леќи и течност од полскава страна и се уште не ми стигнаа. Ми напишаа уште тогаш дека моментално не можат да испраќаат, но ќе испратат веднаш штом може. Има ли некоја од вас нарачано скоро?
Бев денеска во Бела Виста, имаат 50% попуст на се, си одбрав едни со клип, ќе ги земам утре. Мислам дека ќе ме спасат
Искуство со Air optix леќи? Ги користев Soft lens 59 но многу ми се непријатни после некое време. Предложете ми од кои сте задоволни?
Јас ги користев тие првата година мислам и после ми ги препорача докторот Pure vision 2 бидеќи првиве почнував да ги чувствувам после неколку часа. Многу сум задоволна, ги користам 10 години отприлика и не би ги менувала. Сум патувала 24 часа со нив и воопшто немав никаков проблем.
Ги гледав и тие како опција, како ги набавуваш, 3 пара во едно кутивче? И која е цената? Soft lens 59 навистина после кратко време стануваат непријатни, премногу го чувствувам суво окото.