Јас со сјај за садови. Ги светнува стаклата после тоа, а немам инфо дали ги оштетува, јас и така деновиве ќе ги менувам, постари ми се.
Мислам дека за овие зборувате. Јас овие ги имам, претходно имав едни поинакви исто од кам. Инаку микро фибер крпите што ги имам ги перам од време на време, ама марамчињава поубаво чистат.
Јас сакам да спречам оштетување, па затоа и не сум ставила ништо до сега од препарати. Барам нешто проверено и сигурно, а самата не знам што. Добри се, оставаат траги на стаклата при употреба? Германски се гледам, ваљда ќе ги има во друг маркет бидејќи Кам во моментов не е опција.
Влажни се за една употреба (јас да не ги жалам откако ќе избришам наочари и телефонот го бришам со истото ), не оставаат траги, и стаклото одма се суши. Сто пати подобри од крпче. За миење пробувам понекогаш со сјај, убаво се мијат, ама треба да чекам да се исушат после за да ги носам, ако ги пребришам со нешти суво, пак се размачкуваат. Моментално марамчињава ми се најдобра опција. Инаку би требало да има во сиве маркети, ако не баш овие, други сигурно ќе најдеш.
Јас мислев на влажни траги, како обичните влажни што оставаат на површини. И прашина. Но штом не оставаат супер, ти благодарам за тоа што го сподели. Ќе проверам и ќе видам што ќе ми излезе како најдобра опција. Малку сум скептична бидејќи прв пат носам наочари, и не сакам да ги сје*ам стаклата.
Ако имаш стакла со заштитни слоеви, марамици кои содржат алкохол не се препорачливи за такви очила, оти ги оштетува тие слоеви. А овие погоре предложените имаат алкохол. Со обична вода и чиста, мека крпа, најарно еленска кожа за да не остава влакненца, се чистат убаво. Солидни се марамчињата што ги даваат во оптика со очилата. Ако имаш обични стакла, без дополнителна заштита, нема потреба од посебни средства за чистење, може и со марамиците.
Со заштитини слоеви се, затоа сум ептен скептична, пошто имам огромен проблем со иритирани очи, диоптерот на страна. И не сакам да упропастам нешто што ми беше толку неопходно до сега. А некако и марамчињата не знам колку се исплатливи на долги стази, подобро би било да земам соодветно средство од оптика и да најдам таква крпа, само каде? Ваљда ги има во оптика?
Ги има во оптиките, ама ги има и во Џамбо мислам, само убаво види, некои содржат алкохол. Во оптики сигурно ќе најдеш соодветни.
Леле од мене едно големо НЕ за тие марамиците од Кам. Толку ми ги дозамаглуваат, што нема да ми текне веќе со никакви влажни марамици за очила да ги бришам. Крпчето што ми го дадоа во оптиката ама ич не ми врши работа, полошо не може да биде. Поарно се гледа кога не сум ги избришала со влажна марамица или со тоа крпчето. Затоа единствено решение кое долго го применувам ми е миење на очилата со сјај за садови или течен сапун. После тоа убаво ги плакнам. И на крај нежно ги бришам со парче тоалетна хартија или евентуално парче салфетка. Тогаш се чисти како дента да сум ги подигнала од оптика и ко да треба прв пат да ги употребам. Инаку секојдневно ги мијам. Некогаш и по повеќе пати во денот. Имам масна Т зона на лицето, па затоа ми се замастуваат очилата. Или па некогаш ако ги допрам очилата со некој прст одма се осеќа и ги мијам за да можам убаво да гледам.
Здраво феминки дали може некоја што носи контактни леќи подолго време да ме контактира.Ми треба совет
Другарче има "рецепт"за леќи, со астигматизам. Стои axis 55°, а никаде нема леќи со 55°. На полскава има 50° или 60°. Што е подобро? Или па, се прават по нарачка? @Cosmi да не знаеш или @mareane имам некаде прочитано дека за девојчињата имате земано..
Јас порачувам леќи од Оптила ЛМ Струмица за едната исто со асигматизам ,торични леќи се тоа,но околу тој axis не би знаела ,кај мојата гледам е 90. Пиши им прашај си веднаш одговараат на месинџер.
Прашајте онлајн во некоја од оптиките што ќе ви препорачаат,и после на полската страна,што ќе дава дупло пари тука.
Не знам за овие за астигматизам, но од другите (да не речам обичните) ги имам пробано двата бренда и дефинитивно Pure vision 2 се подобри.