Дали може на веќе купени рамки да се стават стакла само со заштита за пред компјутер? И колку би чинело тоа? Носам леќи со диоптер и имам веќе рамки па сакам да ги искористам.
Може. Цена зависи од стаклата и заштитата каква ќе е. Колку што се сеќавам така ми кажаа кога ги менував.
Долги години носам леќи и сега сум на мисла да си земам и очила па ме интересира следново. Дали со истата рецепта дадена за леќите според тој диоптер можат да се направат очила или треба да отидам кај друг очен лекар што работи со очила?
Мене ми дадоа различен диоптер за леќите и очилата, за 0.25 мислам се разликуваа. Секогаш ми даваат посебна рецепта за двете.
Здраво! Сакав да прашам, дали некој знае дали во Македонија постои можност за рециклирање на стари диоптриски рамки или нивно донирање? Ви благодарам однапред.
@Cosmi Косми, а и другиве што имате нарачувано од полскава страна - 2 недели уназад пробувам да направам нарачка и плаќањето не сака да помине. - Polish Post International Shipping - PayU electronic payments PayU electronic payments (+ 2.3%) Кликам до крај си внесувам картичка и добивам меил со линк го кликам и вика Unpaid. Да напоменам има доволно средства на картичка.
Јас пред една недела нарачав и платив без проблем. Да не стискаш на таа втората опција за картичка што ја дава,кога ќе влезеш за плаќање? Проба да платиш онлајн со таа картичка на друго место?
Истиот проблем го имав, пробував цела недела и ништо. Потоа со друга картичка пробав и ми фати, не сфатив кој беше проблемот.
Феминки, вие што нарачувате од полската страна, дали знаете зошто пишува вака, навистина не знам како може да продаваат нешто што е со поминат рок, плус зошто да го праќаат без кутија, тоа не ми е јасно. И за леќите што сакам да ги нарачам не пишува рок до кога им е, дали би можело тоа да се дознае? Ме интересира и колку е доставата?
Ау не сум го забележала ова, искрено нема да нарачувам течност повеќе бидејќи и кај нас Рену е тука некаде со цената. Инаку доставата е 5€.
Јас носам наочари 4 години веќе со диоптер +0.50 со -0.50 и си ги менувам кога ќе се скрашат рамките или изгребат стаклата во оптика Цајз во ГТЦ и рамки и стакла мултифокални се стаклата се околу 6500 ден.
Добро на 27ми февруари нарачав, праткава пишува дека на 8ми март е пратена од Варшава. Ич не памтам претходно за колку време ми стигнуваа нарачкиве.