Здраво дали може некоја што носи леќи да ми пише.Сакам да почнам да носам и јас,па да видам што како оди.
Дали е проблем да се носат леќи/наочари за далеку со диоптер 1,50 иако диоптерот ми е 1,25? Сум носела долго време малце поголем диоптер од тоа што треба.
Предходно носев на левото око -2.25, а сега на новите наочари ми е -2.0 . Ако проценил така офталмологот најверојатно така требало. Обично даваат леќи/наочари со помала диоптрија или иста.
Јас носев леќи со диоптер 1,25 на двете иако едното ми беше и за 1,50 но докторката рече 1,25 на двете. После тоа па ми ги израмни на 1,50 двете иако само едното око е за 1,50 другото си е 1,25 исто како на минатиот преглед.Сметам дека е подобро ако веќе ги израмнува да бидат двете 1,25 него ли 1,50 бидејќи едното око си е 1,25 но сепак она си знае.
Најверојатно проценила дека така треба, штом ти ги сменила. Си знаат тие што како иако нас тоа не ни изгледа логично.
Препорака од каде да земам очила за заштита од зрачење и која им е одприлика цената. И дали повеќе се исплати да си земам рамки од друго место, па стакла да си ставам по оптиките и како им се движат цените.
Можеш да се искомбинираш рамки од една оптика, а стакла од друга ама цените се слични во сите оптики. Конкретно за стакла со филтер за заштита од зрачење се над 1000 денари. А рамки можеш да најдеш буквално за секоја цена. И за 2000 денари и за 8000 денари, па и нагоре. Последно најефтини што имам видено во оптика се движеле околу 1500-2000 денари само за рамки, а стакла со диоптер и филтер мислам беа околу 1200 денари . Секако зависи од оптиката.
Би сакала да ги заменам само "nose pads" на очилата, па дали знаете кај нас дали се продаваат некаде или можеби ги менуваат во оптиките.
Кои леќи се добри јас земам за керками од 1000 ден. ама ми се скапи затоа сто ги користи мах.1.5 месец
Луѓе ќе може ли да ми препорачате добра оптика за изработка на стакла со поголем диоптер притоа да не е поскапо од 6000 денари? Диоптерот ми е зголемен на -5.50 и -6.0. Е сега за да не изгледа дека носам "тегли" потребно е стаклата да се тенчат.
Jas imam astigmatizam i razlicen diopter na dvete oci i navistina e teshko da najdam sooedvetni lekji. Te matno te cisto gledam so niv znaci nemaat stabilnost. Nekoj so vakvo iskustvo ?
Девојцето мое носи исто наочари со диоптер -6 ама бидеќи постојано се менуваше и земам обични стакла не од послабите минатиот пат беа 3000ден. А овие со потенки стакла ги плаќав да околу 6000ден.
Јас во вторникот ги менував наочарите и стаклата бидејќи ми се намалени од офталмолог моментално имам диоптер од +1,25 на двете очи. Стаклата ми се тенки а заедно сосем рамките за наочарите ме коштаа 2500 денари од оптика Цајз монокл која е сместена во сити молл.
Може ти се суви очите. Инаку, не би требало да има проблем. Да пробаш почесто да ги миеш леќите и да користиш вештачки солзи па да видиш ефект.
Здраво, Сакам да прашам,за оние што имаат порачувано леќи од полската страна,кога ја правам порачката ми дава само 2 начина на плаќање.Што треба да изберам и дали при плаќањето има опција на вметнување ма број на картичка и слично? Ви благодарам