Контактни леќи или очила? Јас одбрав очила кога ми се оштети видот. Леќи сакав да носам за да не ме знаат дека носам очила, но за леките повеќе пати сум слушнала дека доколку ненамерно или намерно се повредиш кај окото и леќата можела да се напика во окото и после уште поголеми компликации. Затоа си реков да не комплицирам. Сепак секој човек нека си одбере тоа што сака, тоа е негова работа.
Имам вртоглавица од кога ги сменив леќите од 1.25 на 1.50. Имал некој такво искуство и дали може да е од тоа?
Трае подолго време , ги направив сите ама баш буквално сите испитувања што може за вртоглавица, и се сомневам дека ми е препишан малку поголем диоптер бидејќи за леќи секогаш си носам за 0,25 помал него ли за наочари.
Колку ти е диоптерот? И јас носам леќи со диоптер 0.25 помал од наочарите. И докторката секогаш ми го кажува ова, дека леќите треба да бидат со диоптер за 0.25 помал.
Јас веќе 13тина години носам леќи. Почнав од -0.5 а сега е -2.5. За излегување низ град, некои посебни прилики или патувања носам леќи, а наочари за по дома, работа, секојдневни обрвски. Размислувам за операција генерално е многу замарање, одржување а и финансиски кошта кога ке прерачунам и стварно е проблем иако диопријата не е висока, ама сепак ке почекам после 35та. Тоа дефинитивно ке ми го подобри животот
Како што кажав , диоптерот бил преголем на левото око. На десното си е океј 1.50. На левото е 1.25 дури и 1.00 но несакаше да прави голема разлика и осеќав дека е подобро така па го остави на 1.25 .
Одговарам касно можеби веќе си купила,но оптика УНА стаклата се по 700 денари, и јас имам голем диоптер пластични стакла имам и уште нешто имаше на нив не ми текнува ама цената е таа.
Можеби доцна одговарам и можеби си купила но доколку не си го направила тоа би ти ја препорачала оптика Цајс Монокл(Zeiss Monokl) се наоѓа во Сити мол.
Може да ми кажеш кој број го пишуваш при следење на нарача на поштата Може да ми кажеш кој број го пишуваш на страната на поштата за следење на пратка?
https://soczewkikontaktowe.istore.pl/ Тоа што стои во Delivery откако ќе се најавиш. Пр. RR 9 бројки има на крај PL. Не знам кај пишувавте дека во друга амбалажа стигнале леќите. Сега и мене така ми стигнаа, во кутивче од леќи во боја. Прво испаничив аман реков до толку сум талент во боја да нарачам, после гледам ок се леќите внатре.
И јас би ти ја препорачала полскава страна.Порачав еднаш, ми дојдоа за 1 месец, а од оптика ќе требаше да чекам 2-3 месеци.Плус околу 50% поефтино ми испаднаа. @Antolinaa јас пишав за кутијата.И јас испаничив ама леќите си беа точно оние кои ги порачав, не знам најверојатно правеле некои преместувања иако не знам зошто.
И мене не ми беше јасно зошто се во друга амбалажа кога нарачав комплет. Веројатно од 3ките комбинирале па ставиле 2х3 за да се 6 парчиња. Којзнае. Последно на 30ти август ја платив, на 13ти или 14ти септември ми стигнаа.
Фала ви Порачав од Оптика ЛМ - Струмица. Задоволна сум. Првпат ја гледам полската страна и дупло поевтино е. Околу 600 денари излегуваат моите леќи, а ја ги купувам во Македонија 1800 . Дали сте нарачувале до сега, како сте задоволни, од кои леќи користите? Дали се плаќа шипингот и за колку време ви стигнуваат? Ве испозамарав малку, ама 3 пати помала цена не е малку.
Јас напишав горе, еднаш имам порачано(сега во јули) за еден месец стигнаа.Фактички подолго беше да ги испратат од таму, откако ги испратија за една недела стигнаа.Шипингот беше нешто минимално, 300 ден мислам.Плус има мал попуст за прво нарачување.Единствено што беа преместени во друга кутија, тоа ми падна чудно ама внатре леќите си беа точно тие што ги нарачав. Јас од оптика во Скопје кога нарачував претходно ми доаѓаше 5000-6000 за три пара леќи, од овде околу 2500 ми дојде(со цилиндер сум јас и затоа поскапо).Што е стварно финансиски поисплатливо а и временски стигаат побрзо, бидејќи од скопскава оптика има чекано и по 2-3 месеци.
Јас размислувам за леќи со диоптер носам наочари -1.50, -1.25 и цилиндер на двете очи 0.50 0.25 нешто така беше. Па ме интересира колку време траат тие леќи што ги користиш, за колку месеци е еден пар леќи. Јас сакам и во боја да бидат. Пред некоја година бев на контрола во Систина за да ми дадат диоптер за леќи, и др ме збуни кога рече комплицирано било за леќи поради цилиндерот па да ми даде малку појака диоптрија за леќи ако сум сакала, и не земав...
И јас сакав леќи но по кажувања од други луѓе биле тешки за одржување и не земав се откажав од таа идеја. Си земав наочари од оптика Zeiss Monokl и сум презадоволна.