Не се тешки за одржување според мене, баш е навика, 2мин ми одземаат да ги ставам насабајле и да ги извадам кога ќе си дојдам дома. На почетокот може само да ти е потешко, после станува ептен рутина.
Незнам можеби јас пишав само што сум слушнала. Инаку си се бендисува со наочари па така имам наочари во повеќе бои за да ми одговараат и и на облеката што ја носам во одреден момент.
Не се воопшто тешки за одржување. Сепак не би можел секој да е толку педантен. Пред ставање се чистат и кога се вадат, со чисти раце, тоа е тоа. На некој ова му е проблем, мене воопшто не, буквално 2 минути одзема како што кажа Dream.
Сега мижејќи ги ставам да можев мижејќи. Лесни се, се е навика. Јас со години носам леќи, првите неколку пати ми беше шубе, ама после свикнав. Па сега и раат сум со маскиве, полесно е со леќи.
Има различни - има за едно носење и после се фрлаат, има месечни, има тримесечни... За астигматизам имам видено само дневни и месечни, за тримесечни не сум сигурна. Јас дур имав помал диоптер си носев леќи со иста диоптрија како наочарите, ама за цилиндар мораш да се посоветуваш со специјалист.
Моите се со 0.5 помал диоптер од наочарите. На 3 месеци ги менувам, ама немам цилиндар. Ова ми беше препорака од докторката, ми рече затоа што се ставаат директно на окото треба да бидат со помал диоптер.
Да исто и моите. А и многу поубаво гледам со леќите со помал диоптер, отколку со наочарите што ми имаат поголем диоптер. Како што кажа пошо леќите ни се директ на окото многу поубаво и почисто гледаме со нив.
Да ми препорачате средства за чистење наочари што не ги оштетуваат стаклата ги користам марамиците од кам но не сум мн задоволна?
Знае ли некој дали има tracking на нарачка од полската страна, и како да проверам до каде е? На нарачкта ми пишува W trakcie realizacji (in progress), нарачани ми се уште од 05.11
Во која оптика се поефтини стаклата? Имам рамки, па сакам да ставам стакла со диоптер и заштита од екран, но не знам како се движат цените.
После 2 месеци, конечно ми стигнаа леќите. Страв ми е да пробам да спијам со нив, иако пишува дека е дозволено. Се работи за PureVision 2HD Има некој искуство со спиење со леќи?
Не се препорачува спиење со нив, ќе ти се залепат за око бидејќи ќе се исуши и едвај ќе ги извадиш. Ептен ако патуваш ок, инаку нема зошто. Плус докторот ми рече да не ги носам цел ден за да може површинскиот слој на окото да се регенерира.