1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контравести (политичко - сатирично ТВ шоу)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од corto.maltese, 11 декември 2015.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Гледам не се спомна никаде. Значи за проектов ама баш буквално се „унередија“ по социјалниве мрежи. Првата ја утнав, а по втората не ни планирам да ја ѕирнам. Ај излезе втората епизода и клик на јутјуб, демек хумор и сатира, Коза ностра, ретко ама знаат некад и да погодат во центар за смеење, ќе се види нешто интересно. Искрено, срам ми паѓаше и непријатно, а кон што и сам не знам, ми беше додека погледнав десетина убрзани минутки од целата емисија. Толку мизерно нешто не беше ни емисијана на Јофе на А1. Ристиќ е најмалку виновна и пробува со цела своја стручност максимално сатирично да ги презентира доставените бедни текстови, а брадатото буцкасто шиптарче во целата емисија е неинтересно и небитно ко бројот 180 на километража од југо 45 (ова видено ми е на нет).
    Имало некоја цензура на Саше Политико, ама па боље му е цензура да му направат отколку да го шамараат.

    Еве денес бараа и публика за смеење со сила у аплаудирање на секоја втора реченица на Ристиќ и зелката. Со среќа во малоумењето и пазете на болка во обравчињата и црвенило на дланките!

    Сатира се читаше на времето во Остен, и сеуште се слуша во Хихирику. Ова е далеку зад двете.

    Ајде збор-два за проектот:

    Продукцијата на НОВА ви ги прикажува „Контравести“ со актерката Ирена Ристиќ. Режисер на ова сатирично шоу е Васил Христов. За сценариото е одговорен тимот на „Козаностра“. Свои улоги во ова шоу на НОВА имаат Јовица Михајловски и Дритеро Аме.

    Контравести се во војна против:
    - лагите,
    - манипулациите,
    - говорот на омраза,
    - предрасудите,
    - нетолеранцијата,
    - дискриминацијата...

    Нашето оружје се хуморот и сатирата.

    Наша цел е поттикнување на критичко размислување и елиминација на стравот кај граѓаните, како и воспоставување на принципот на понесување одговорност од политичарите и функционерите за своите постапки.

    IMDB линк- нема:)

    Контравести е проект на УСАИД и се финансира со околу еден милион долари, пари од САД.

    Се емитува на Телма.

    Инаку еве што некои рекоа за Контравести:
    Миленко е многу посуров и проектот го нарекува мртвороденче и џабе фрлени пари на граѓаните на САД. Истиот меѓународен тим, кој работи на Контравести, според Миленко имал исто ваков проект и во Киргистан од каде НОВА ја украле идејата и ова воопшто не е оригинален и уникатен проект како што претходно објави продукцијата на Контравести.

    Има уште работи многу поинтересни околу Контравести отколку во нив, а уште поинтересно би требало да станува како што се зголемува притисокот врз продукцијата, со оглед на очекувањата од публиката и ефектот на емисијата, а зошто не и цената на чинење.

    Линкови нема, најдете по нет, гледајте и уживајте :D

    Може темава е и за во ТВ, којзнае, да не се исполитизира, пошто слаба точка им е на соросовците деновиве. Толку ли боли уткава?
     
    Последна измена: 11 декември 2015
    На Cka и zekzeki им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Шоуво е повраќаница од милион долари! На сила изгледав две епизоди, за да го фатам главниот момент, и така останав, без момент. Демек, плесни ги едните, удри ги другите, биди критичен кон сите! Многу лошо (да не речам дебилски) реализирано, а и плус кога доаѓа од америчка кујна, треба да знаеме дека Амерот очекува барем тродупло повеќе од она што го вложува на трпеза. А што ли сакаат да ни сугерираат модрите муциња на Обама со овој нивни проект?
    Хмм, во моментов ми паѓа на памет следното: „Еј, дечки, баталете го Грујо и Зајо, море баталете избори, не заслужуваат да победат ни едниот ни другиот! Останете си така, а ние ќе ви донесеме нов новцат фраер - бајадерче. Нема да можете да му одолеете, толку ќе биде сладок, мирен, некомпромитиран, поштен, прозападен...“:bug:
    Така некако.
     
    На Cka и zekzeki им се допаѓа ова.
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Ne gledam ne me ineresira!!!!
     
  4. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Хехе, испишал два листа нова македонија за срањево (кое не го ни гледам) ама битно на крај вика: да не се исполитизира, слаба точка е на соросовци? ]:)
    [​IMG]
    Цар си корто, мајке ми :D
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    За смешно не е смешно, али оние гадни снимки треба на секои 5 минути да се пуштаат. Дури и ваква каква што е емисијата е подобра од сите вести на сител, кој би требало да се сериозни.
     
    На Grungie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    мене ме се јаки контра вестиве , тие ја облединуваат вистината за криминалот , корупцијата на Р.М . Најтрагично ми беше што ја прогласиле Аспазија за најхумана или нешто као Личност на годината , и го спомнаа случајот со девојчето Тамара , вие што не ви е интересно или као катастрофа се Контра вестиве , не сте вие криви , туку навикнати сте да гледате Шител и Анал 5 и Алва телевизија , но операцијата Перење Мозок заврши !
     
    На Ицолгудбејбе, galapce, Kaley и 7 други им се допаѓа ова.
  7. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Обелоденување на вистини, криминали, корупции го прави истражувачкото новинарство. Знаеш за „Код“, „Во центар“,...? Е таму го има тоа. Контравести само обелоденуваат колку се американците глупи што дозволуваат нивни пари да бидат фрлени на ваков начин и обелоденуваат која некреативност владее во македонскиот медиумски простор, особено во оној во кој престојува опозицијата.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    не плачи сега , не реди си многз на душа ?
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Пред некој ден ја фатив емисијава на тв и баш ми се допадна концептот. Имаше смешни моменти,имаше и изнасилени.Се на се многу добра идеја,само што уште треба да се развива како емисија,да се доработи. Според мене огромен потенцијал има ,дефинитивно би ја гледала.
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ништо посебно.
     
  11. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Рикнаа Контравестите. Истегнаа папци, толку беше.
    (По незнам кој пат): „сеа шупраиме?“, уствари „сеа шуглеаме?“*
     
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    А зошто рикнале?
     
  13. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Како зошто? Нели диктатура на дело, северно корејски стил на владеење, цензури, блокади на слободна мисла и говор. Зар било кој диктатор би оставил во етер шоу кое за кусо време завзема толкав замав и само по себе кревајќи го драстично рејтингот на опозицијата, претставуваше сериозна закана по власта.
    Но без очајување и патење. Ако мега проектот за спуштање на рејтингот на позицијата, алфата, лавот на СДСМ-овската пропаганда рикна, животот во џунглата наречена опозиција продолжува. Барем мајмуни, хиени, мршојадци никогаш не им недостасуваат.