Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.884
    Јас откако родив второ дете гинекологот ми се запна да ми стави спирала. Знам дека многу жени користат, се става брзо и лесно, и не се чувствува. Еднаш и закажав, ама не отидов на терминот... читав вечерта на интернет, и некако шубе ми стана, иако знам дека несакани ефекти има за се живо, а и не беше нешто страшно...

    Сепак, не можам да се одлучам, ни за спирала, ни за пилули (пилулите и не сум ги разгледала како можност сериозно), така што веќе некое време сме на кондоми или ништо (зависи во кој период од циклусот сум). Во суштина не е страшно и да останам бремена, ама ако веќе се решам, повеќе би сакала да биде тоа планирано :D
    И не знам, можеби ќе останам на кондоми, додека не ми здосади ептен :D
     
  2. giana

    giana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    zdravo nova sum na forumov i sakas da ve prasam koja e cenata na tabletkite jasmin??? blagodaram odmapred......... :D
     
  3. ma4ence-d

    ma4ence-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    8
    jas tabletki koristev okolu edna godina... i mnogu me teraa da jadam... i se zdebeliv 8 kg... neznam na tebe kako ke vlijaat ali obicno se tia reakciii kis4e
     
  4. 1804

    1804 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сум ЗА таблетките, имам доста читано за нив и мислем дека имаат повеќе позитивни ефекти отколку негативни, иако никогаш ги немам користено. Сакав да прашам дали има одредена возраст од која е дозволено да се земаат...имам 17 ипол години и уште не сум имала односи, кога тоа ќе се случи сакам (веројатно како и сите други овде) колку што можам подобро да се заштитам. И ако може некоја од вас да ми препорача добар гинеколог ...плиз :roll:
     
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    ЗА контрацептивни таблети мора консултација со гинеголог и одат на рецепта, без рецепта не може да се купат. Но кај секој организам различно делуваат, па затоа не може по сопствена желба да се избираат, ако на нашата другарка, комшика или пријателка и ги препишале не значи дека и ние можеме да ги пиеме. Инаку не се штетни толку многу колку што замислувате. фармакологијата е со напредно ниво и не соджат голема доза на хормони, туку доволно за да нивната примена. Јас користев Јасмин 6месеци но не заради контрацепција, туку за регулирање на циклусот ми ги дадоа и немав никаков проблем, ни со пореметување на хормоните, ни со дебелеење, со ништо. баш напротив, циклусот ми се регулираше тогаш кога ги пиев, кожата ми беше убава, лицето ми се исчисти скрос и косата ми беше поцврста и посјајна. После 1 година отккао престанав да ги пијам, ми ги преписаа дијане со иста намена, за регулирање на циклусот, но тие ги пиев само 2 месеци и престаанв, затоа не ми одговараа, од нив имав зголемен апетит, се чувствував многу подуено и нервозно. Затоа ви кажувам дека кај секој е различно и затоа мора консултација со гинеколог.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.068
    Пол:
    Женски
    Vaka devojki bi sakala edna informacija...jas pijam kontracepcija (zaradi problem so hormonite) veke 3 meseca. Prviot mesec mi se pojavi krvarenje ( nesto kako tragovi) koga nemav m.ciklus , no procitav vo upatstvoto deka toa e normalno vo prvite meseci i potoa go snema. Od koga pocnav da gi pijam isto taka imam bolki vo gradite (pri dopir) i osekam kako da imam grutka ( toj del okolu bradavicite i malku pogore mi e potvrd). Dali vie ste gi imale istite kontraindikacii?? pozz
     
  7. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Пилули за контрацепција

    За преосетливите гради нема потреба да се грижиш. Но, за грутката доколку ја чувствуваш баш како грутка, посети лекар обавезно и направи ехо колку да ти биде мирна душата, сепак не ми се верува од апчињата да е ,зошто многу време ги имам пиено па ништо вакво ми се нема десено. Сепак посета на лекар нема да биде штетна ;)
     
  8. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Јас веќе се изјаснив на друга тема дека користам контрацептивни таблети
    http://forum.femina.mk/seks/prekinata-ejakulacija-t-e-rikverc-metoda-t1063/

    Најдов една страница (на хрватски) каде што има брошура со одлично објаснување што е хормонална контрацепција, нејзината историја, како делува, каков состав има, кои се најчестите гршки при земање на контрацептивни таблети, каква заштита даваат, како помагаат на здравјето, кои се ризиците од нивното користње, кои се девојки смеат да ги користат и заблуди поврзани со контрацептивните пилули.

    Оваа е линкот до страницата
    http://www.cybermed.hr/centri_a_z/kontracepcija/sve_o_oralnoj_hormonskoj_kontracepciji

    Треба да ја симнете брошурата со наслов „OHK brosura.pdf„

    Се надевам ќе ви помогне!
     
  9. ma4ki4

    ma4ki4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    jas imam 19 god i imam 4 god vrska (sakam da kazam deka imam eden partner ). Pred 6 meseci imav vodna cista i ne sakase da mi pukne samo mi se sirese.Zaradi nejzinoto prisustvo dva meseci nemav dobieno.Togas pocnav da koristam Diane 35 no pred toa moralno e da se otide na lekar za da vidat dali imas sklonost kon zgrutcuvanje na krvta i ti gi sledat dojkite.Kontrola se prai na sekoi 6 meseci.Veke 6 meseci gi koristam i nemam primeteno nikakvi promeni na mene,ni vo kilaza, ni vo raspolozenie.A osven pilulive ne koristam dr dopolnitelna zastita.Koj ne probal ke se kae :lol: No moralno e recept za niv i postojano sledenje na zdravjeto.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Јас не би користела контрацептивни таблети затоа што имаат негативни ефекти. А и не се 100% сигурни. Колку што јас знам дозволено е да се користат 6 месеци, па после треба да се направи пауза.
     
  11. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Контрацептивните таблети, како и секои други таблети, може да имаат негативни ефекти. Но, тие негативни ефекти како што е покажано досега се многу многу мали. Затоа и треба да се консултираш прво со гинеколог за да се види дали можеш да ги примиш или не, и ако можеш кои таблети се соодветни за тебе. Инаку не е точно дека треба да се прави пауза во земањето на контрацептивните пилули, барем не за тие за кои јас знам. Пример јас ги земам веќе без прекин скоро 3 години, моја другарка ги зема веќе 9 години. Друга моја другарка ги користеше Јасмин 4 години, прекина да ги зема за да забремени и после 3 месеци остана трудна.
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    ДА!!!
    Користам Јасмин таблетки веќе една година, мажена сум но непланирам да имам деца оваа година. Гинекологот ми препорача да престанам да ги пијам неколку месеци пред да почнам да се обидувам да имам дете.
    Мислам дека животот ми се разубави одкако почнав да користам таблетки, кожата ми е чиста без да се исфрлам пред и за време на циклусот, точно знам кога ќе добијам и нетреба да се потресувам со календари, ако треба да добијам а тој ден сум на свадба ќе си испијам едно апче плус и немам поблем. И најважно од се јас што секој месец ако не се напијам кетонал неможев да го започнам денот сега функционирам нормално без болки како и секој друг ден.
    Големо БРАВО за Јасмин и Јасминелле!!!
     
    На netclient му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Јас веќе 7 години пијам контрацептивни таблетки со препорака од лекар. Сум пиела различни и од сите се исфрлам, значи на лицево веќе не знам што да му направам. Моментално пијам Јасмин, лекарот ми рече дека со нив не е така, дека лицето би требало да се исчисти, меѓутоа тоа не се случува. Ниедна пудра не ме покрива, не знам што да направам. Се консултирав за тоа кај кожен лекар. Ми даде маст за мозолчињата, меѓутоа еве уште ги имам и константно се исфрлам. Ако има некоја од Вас девојки тука да ми даде совет за ваков вид на проблем, би Ви била премногу благодарна.
    Поздрав,
    Ивана
     
  14. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    И јас сум на Јасмин и дефинитивно ми влијае добро на лицето ама не се доволни само контрацептивните туку и редовна нега. 1 месечно на козметичар ( не било каков туку некој што работи и со игла и кога ќе излезеш од таму да немаш ни црвена точка) антибиотска ампула нанесена врз лицето и 2 третмани со ласер при секое идење, соодветна секојдневна козметика, внимателно со изборот на пудрата. Знам што зборам се мачев со акни со години имав дури и отоци и внатршно загноени и болни места а сега да ме види некој нема да поверува.
    Од Јасмин сум ептен задоволна немав никакви штетни ефекти. Во Зегин ги даваат без рецепт иако препорачливо е пред да почнеш да ги земаш да направиш комплетен гинеколошки преглед и лабораториски испитувања.
     
  15. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Да, да, знам. Имам правено испитувања и веќе ги пијам. Многу внимавам при изборот на козметика. Мислев дека ако одам на козметичар додека ги пијам ќе нема ефект, меѓутоа, еве според твојов пример,ќе пробам. Ти благодарам многу на брзиот одговор.
    Поздрав :*
     
  16. bubi26

    bubi26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    imam edno prasanje dali nekoj ima iskustvo so piluli posle seks? t.e Emergency Contraception mnogu sum zagrizena zasto se napiv pred 6 dena a ciklsot mi zavrsi pred 10 dena i denes pak pocnav da krvaram i sega ne znam dali pak dobiv ili krvaram samo onaka i zasto e toa taka dali e od apceto i dali e toa nekoj nesakan efek zasto do sega nema nikakov problem odkako go ispiv ??? p.s prv pat pijam vakvo nesto:(
     
  17. Milena.n

    Milena.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Mi treba nekoj sto piel Logest kontraceptivni tableti... dali ima nekakvi nesakani efekti, zdebeluvanje,promena na raspolozenie?..
     
  18. Milena.n

    Milena.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    jas sum piela i toa nekolku pati eden mesec po drug.piev Norlevo i samo ednas imav glavobolki i losenje od tabletata a dr pati ne. mozno e da krvaris od tabletata, kolku sto se sekavam pisuvase za takvi nus-pojavi. inaku ciklus treba da dobies ili 5 dena porano od datumot koga si trebala da dobies ili 5 dena pokasno.ako docni ciklusot poveke od 5 dena treba da napravis test. toa znam toa mozam da ti kazam.
     
  19. Milena.n

    Milena.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Mi treba nekoj sto piel Logest kontraceptivni tableti... dali ima nekakvi nesakani efekti, zdebeluvanje,promena na raspolozenie?..
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас имам братучедка дерматолог и ми спомна дека за да ми се исчисти лицето добро би било да ги пијам овие таблети 3 месеци. Кажи ми дали те тераат на јадење и дали се здебелуваш од нив?