1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конформисти

Дискусија во 'Психологија' започната од iloveyou29, 17 октомври 2018.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Конформизмот всушност е прилагодување во размислувањето и однесувањето како другите, најчесто со цел да се биде прифатен подобро во општеството.

    Дали вие сте конформисти?

    Се задоволувате ли со тоа што ќе ви се даде, или сакате да ги менувате нештата?

    Колку вреди во денешно време да се биде конформист/антикомформист?
     
    На poenta, Someonespecial, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Секој сака да биде прифатен од луѓето и поради тоа се прилагодува на нивните размислување и однесување,но според мене ова може да биде причина за фрустрации и незадоволство од животот понатаму.Да бидеме конформисти не е добро за самите нас,но исто така не е во ред и да бидеметотално настрани и неприлагодливи.Секогаш треба да си имаме свои ставови и да се држиме за нив,а во однос на однесувањето да знаеме да се прилагодиме секаде
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убаво некој си кажал, а јас сега ќе си препишам оти потполно ми одговара, се проноѓам искрено во пишаново...
    - Конформизам е начин на живеење на слабите и несигурни луѓе..а јас сум конформист, знам на едно прашање да одговорам со "ДА" и со "НЕ".

    Каде сите, таму и јас;)(y)
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Сум за неконформизам и се сметам за неконформист во доста сфери, интереси и навики (на пример како интроверт и мразач на гужви/врева во детството и младоста, како нерелигиозна во општество и земја каде преовладуваат верници и др.). Но, не и за антиконформизам и тоа по секоја цена (мислам дека би требало да има разлика во терминологија меѓу овие две).
    Кога би требала да се одлучам што повеќе ме иритира меѓу луѓе кои потпаѓаат под туѓо влијание и следат баш секакви трендови, или онакви кои хејтаат сè што е денес попризнаено, проширено и популарно (од ставови до музика/филмови/серии) и тоа токму зашто многумина го сакаат - веројатно би рекла вторите.
    Како што популарноста на нешто не мора да значи дека истото е правилно и квалитетно, така не мора да значи ни дека е лошо и површно. Поентата, и допадливата за мене верзија на неконформирање - е да се водиш според свој став, вкус и разум без мнозинството да ти влијае на никаков начин - ниту да те повлекува и вклопува во сè, ниту да те одбива и тера да се контраш за сè.
     
    На candy.cane, Lianna Anna, iloveyou29 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Кај е убавината да се сплотиш со толпата или да кажеш дека не се согласуваш па да стоиш сам настрана? Можеби сум згрешила многу пати досега што сум го кажала мојот став кој бил различен од другите , можеби многу пати ме гледале чудно и зајадливо од страна, можеби многу пати ме отстраниле од друштво или не ми била пружема колегијалност во целост , но каде е убавината да одам против себе за да ме сакаат другите? Ако верувам дека небото е сино и го гледам над мојата глава , како можам воопшто да помислам да се сложам дека е црвено само затоа што остатокот од светот тврди дека е ? Лесно е да се сложиш со мислењето на мнозинството , а предизвик е да имаш сопствен став и да се бориш да го одбраниш без да се плашиш од осудување или отфрлање....
     
    На iloveyou29 и Zavisnaodblago им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Од моето досегашно животно искуство лесно се вклопувам меѓу луѓето, иако имам поинакви ставови и погледи и свесна сум дека ме перцеперираат како чудна и помалку сфатлива, но директно никој не споделил личен став. Емпатијата и толерантноста се особини што ги преферирам во меѓучовечката комуникација и имаат голема улога во процесот на стекнување доверба и прифаќање. Тоа е функционален начин да создадам терен на кој секој се води по своето убедување и го почитува туѓото, а при тоа да го одржи чувството на конфорност во средината без провокации и конфликт.
     
    На Zavisnaodblago, naturallmess и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Лесно се вклопувам меѓу луѓе уште од мала.Ама гледам тоа да е спонтано.Ако оди океј ако не никому ништо.Знам да најдам со многу луѓе заеднички теми за муабет онака по ,,длабински”, со останатите бош муабети колку ради реда.Секогаш си завземам личен став и се држам до него