1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Копнеење по друг(и) во врската

Дискусија во 'Врски' започната од swrcii, 10 февруари 2013.

  1. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Решив да ја отворам оваа тема бидејки не се сомневам дека повекето од нас кои се во подолги врски (над една година) го имаат ова чувство. Значи копнеам, сакам да бидам со него(ете конкретно со еден), да бидам барем една вечер со него..сакам да го видам едноставно,само да ми растрепери стомакот и толку. Ништо повеке, тука не зборувам за изневерување туку еве прост пример синоќа сум го сонувала како да е толку реално..и посакувам и пак и пак да го видам. Значи ве молам, (го сакам дечко ми најмногу и не би дозволила вакво нешто во стварноста..и што и да се случи јас пак ке се вратам кај дечко ми а ова знам ми се случува од некаква монотонија,) дајте исклучете ги зборовите "ако го сакаше дечко ти, немаше да ти се јавува тоа чувство" значи не, го сакам дечкоми најмногу, во тоа барем сум сигурна 100 проценти.. но ете пак ми се јавува чувството.. Би сакала да слушнам некое мислење :)
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Да нормално е да копнееш по друг , кога си во долга досадна монотона врска од над 5 години, кога сите роднини очекуваат да се мажиш и има моменти кога веќе немате што да си кажите еден на друг. Или кога си во долг и несреќен брак. Ама да си една година во врска и не си некоја тинејџерка на која се уште хорномите и играат одбојка, некако е глупаво да мислиш на некој друг. Колку и да е тоа нормално и тоа една од работите поради која сме послични со животните. Ама сето ова е неблагодарно , бидејќи додека еден куп кукаат во темата Разочарани од љубовта и некои се би дале да можат да задржаат некого покрај себе цела година ти тука мислиш на друг? Сите неверства така започнуваат. Умот е човековата најголема градина во која мислите и фантазиите треба да се контролираат , во спротивно би биле нивен роб. Иако човекот најголемата слобода ја има во мислите. Можеби сум премногу строга кон тебе. И еден куп ќе ти кажаат дека тоа е нормално. Ама ова шо го кажа ти е коренот , на проблемот наречен неверство, недоверба и еден куп растурени врски и бракови. Некогаш е доволно и најмала искра и најмала помисла за друга личност за врската кога долго се градела да оди во неповрат.
     
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Истото ми се случува и мене во последно :( Што е уште потрагично, да испадне ситуација мислам дека би направила нешто, не знам :?: А можам сама да направам ситуација, но се воздржувам поради тоа што имам дечко, ама кога тој би презел некој чекор....
    Никогаш не сум изневерила, ама детево мноооогу ми се допаѓа, премногу :(
     
  4. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    И јас бев многу против ова, бев убедена дека никогаш нема да ми се случи... ме нервираа некои постови кај девојки кои не можат да се одлучат, дали дечкото или мувачот и слично, си викав со умот мори *** луѓето секојдневно патат ја бараат таа сродна душа и никако да бидне и пак и пак..а она неможела да се одлучи пфф...Но ете ме фаќат кризи од време на време и знам дека ако се случи нешто па макар и еден краток бакнеж воедно и дечко ми да дознае би ме убил:/ и се знае еднаш кога ке се изгуби довербата нема назад :(
     
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Mислам дека тоа им се случува на сите кои што се во подолги врски како што кажа swrcii, но верувајте тоа е само период и сите сме свесни дека не би сакале да направиме ништо повеќе, барем не вистински...а соновите хахахах...нека си останат само сонови ;) Но не е ништо страшно :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Пази, могуќе да станува збор за монотонија у врска.
    Наместо да размислуваш да го видиш др тип или нз што, пробај искјонтролирај ги мислите и наљсочи ги кон дечко ти. Плус проработи нешто у врската ваша , нека не ви е монотона.
    Пробај од др страна да си ги насочиш мислите кон тоа што е убаво кај партнерот твој, и од физички и др аспект .
    Едноставно наместо енергијата да ја трошиш на др. Насочи ја кон партнерот.
    Направи нешто за вас двајца, изненади го шо и да е . Повторувај упорно и ке видиш како ке избледе таа емоција да ја наречам од тебе . ;)
     
    На EleMental и babyblond им се допаѓа ова.
  7. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52

    Се согласувам со Wild Chery... :) пробај да ја оживееш врската
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Да копнееш по друг додека си во врска значи дека од врската не си задоволна.