Еве денес ми ја препорачија копривата, зедов чај од коприва и го нанесов на косата, но го исплавив, незнам дали треба да се иплави или не па ќе видиме каков ќе биди резултатот... Ми кажаа и една домашна маска за коса за свилен изглед, од рицинусово масло (од аптекеа), 1 лаж. мед (од продавницата), еден лимон (од пазар или продавница ... исцеден) и една жолчка (од јајце од фижидерот дома) хаха мала шала, па ќе ја пробам и неа и да вдиме што ќе излезе .... поздравче
баш истово ми го кажаа вчера ама кај сеа да одам да барам коприви и да ги берам? се мислам да ставам филтер кесички и од нив да го направам чајот ама пак во нив нема од коренот
Побарај на зелен пазар -понекогаш продаваат а расне и покрај река - у случај да решиш да одиш да бараш и береш .
Девојки колку често треба да се прави овој третман со копривите,имам пробано само еднаш и не повторив повеќе а читајќи ги вашите коментари гледам дека вие навистина сте задоволни од овој третман па би сакала и јас да продолжам. **ее патем имам и коприви и листови од ореви на кој му треба?
Што се однесува до чајот од коприви, се полева косата со него, претходно исплавена и измиена, фактички последната ''вода'' да ти биде чајот, цедиш и толку - нема плавење! Не е штетен третманот, напротив, се користи за поттик на растот на косата, сјај и ред други корисни работи кои ги зодржат копривите. Инаку имам слушнато дека ја потемнувале светлата коса ? Ениуан? Демант или не, прашање е сега.
Да, баш во темата за побрзо растење на косата пишаа плавите да внимаваат бидејќи може да ти ја обојат косата истото е и со оревите
Нее, јас пробав коприва, па и чај од листови од орев-никаков резултат не добив. (освен дека потемна ми беше косата со тој од орев). Џабе се намачив.
Понесена од темата решив и јас да и дадам шанса на косава со коприви. Покрај реката веќе нема, прецветаа и се исушија за оваа година, па кренав во потрага по шампон од коприва, некст бест. Се сеќавам во Македонија на шампонот од коприва и најевтин беше. Едно време се продаваше во пакетчиња за индивидуална употреба и уште се сеќавам на мирисот. Иди најди бе во оваа Англијава едноставен шампон од коприва! Цел град го преодив и на крај се затнав во една од овие хербалните продавници. Најдев едно шише од 250ml, не е зелен туку жолтеникав, како солна киселина е, и мерише ми на боздел! Го платив тродупло, ако не и четиридупло од било кој Loreal или не знам каков, е сега има да свети косава и да пита доста ли е!
Баш пред некој ден другарка ми ми се пофали дека многу и зацврснала косата од што пиела чај од коприви. Мислам дека со овие природни лекови треба малку повеќе трпение и време за да покажат свој резултат, затоа можеби на некој од вас не му помогнале.
Исто така и брезата ја прави косата цврста и сјајна и побрзо расте. Ја користам бреза ама еве ке пробам и коприва
Aj пообјасни го ова со бреза, како го правиш? А патем сега низ пазар може да се најдат коприви ? За ова нешо слушнав од една баба моја, таа ми рече дека копривата била добра за растот на косата. немам пробано а сакам .
сега и тешко да најдеш свежа коприва мислам дека можиш да најдеш во ,,билна аптека,, како некој чај или слично и тоа да пробаш да го употребиш. Види вака најдобро е напролет да најдиш млади коприви со нараквици собираш неколку млади гранки и како обичен чај вриеш вода и ги ставаш и покриваш со капак после еден час ја цедиш водата и после она регуларно миење на косата ја натураш со водата од копривите последна да бидит таја и се сушиш со потемен пешкир или постар зошто ке го напрајш зелен ! така неколку пати или двапати неделно еден месец па ке ги почувствуваш благодетите кои е многу големи ! Коприва та го јакне коренот спречува опаѓање на косата ја зацврснува и и дават сјај . П.С. незнам дали имат некој шампон од било која фирма или бренд што би ти го дал истиот ефект како плакнењето со чајот од коприви ! со лист од орев????? ами бабами со тоа ја фарбаше косата тоа не е за сјај тоа ти е природна кафена боја за коса !!! А за копривата не си во право ЈАС тврдам дека од чајот од коприва имат ефект !
За сјај потврдено и пробано чај од камилица, најнормално после секое миење на коса, само ке го исипеш чајот , е сега може крпата да ти ја направи лом, ама ако нејќеш да си имаш вишок работа одмиј за крај со уште мал млаз вода.
Wild Cherry нема некоја филозофија со корисење бреза. Јас користам шампон од бреза и ептен ми е добар, ама за кого како
Се мијам со шампонот од коприва и во него ампули. Ми изгледа ефикасно засега, бојата на косата не ми е ни малку сменета, па ќе видиме понатаму не може да е утка во секој случај очекувам резултати во должината на косава
Не, не, не дека се бранам, ама навистина косата сјаеше како на реклами. И да, потемна ми стана, нема врска, одамна си средив со бојата. За чајот од коприва-зависи од влакното. Користам шампон од коприва, и добивам по малку првут, искрено... Косата не ми е густа, а сепак едвај ја чешлам