Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коприви за косата

Дискусија во 'Коса' започната од morkov4eto, 13 август 2010.

  1. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Имаш различна марка на шампом од коприваа и го има во секоја продавница и многу е евтин само кажи шампон од коприва и ќе ти дадат
     
  2. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Дечки, косата не мириса на чај од коприва ако тоа биде последната вода ? :$ И дали после тоа може да се прсне спреј?
     
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Не мириса ич.
    Секако дека може.
     
  4. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Фаалаааа :)))
     
  5. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    да прашам дали косата ако ја миеш со чај од лист од ореви ке ти се обои и потоа мора да ја боиш????
     
  6. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Треба да се користи млада коприва,само листовите.Се вари како обичен чај и на крајот се прецедува и на крајот од миењето на косата се исплакнува со чајот и мислам дека потоа не се плакне со вода, а мене и косата ми мириса поубаво :) :rock: :*
     
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    7.974
    Пол:
    Женски
    Нема да се обои. Јас многу пати ја имам миено со листови од орев и косата ми е многу мека. Од листовите водата станува темно црвена, но кога ќе се исплакнеш нема ништо на косата.
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве на кои се начини може да ја употребите копривата како третман за зацврснување на косата.

    1. Исплакнувач за зајакнување на косата од коприва и јаболков оцет

    Овој исплакнувач е многу ефикасен и со редовна употреба дава навистина добри резултати.
    Се што ви е потребно да го направите е:

    - една шака листови коприва

    - 2 шољи вода

    - две супени лажици јаболков оцет

    Ставете ја водата на рингла и откако ќе почне да врие тргнете ја од огинот, додадете ја копривата и оставете да одстоти најмалку 20 мин. (јас ја оставав половина час до 40 мин.). Потоа прецедете ја течноста, додадете го оцетот и со оваа смеса исплакнете ја косата по шампонирањето како последно исплакнување.

    Совет плус: јас лично откако ќе ја процедев копривата не ја фрлав туку, по шампонирањето, најнапред го масирав темето на главата со сварените листови од коприва (правев блага масажа со кружни движења), а потоа ја плакнев косата со течноста. Исто така во течноста може да додадете 6 капки етерично масло на пример од рузмарин или лаванда.

    2. Исплакнувач за зајакнување на косата од коприва, рузмарин и камилица

    Овој рецепт според дејството врз косата е сличен на првиот само што како состојка се додаваат рузмаринот и камилицата. Еве што се ви е потребно за да го подготвите овој исплакнувач:

    - 500 мл вода

    - 100 гр коприва

    - 2 гранчиња рузмарин

    - една шака цветови од камилица

    Ставете ја водата во тенџере, и овојпат во ладната вода ставете ги сите состојки и ставете го тенџерето на рингла. Откако ќе почне да врие водата, намалете ја јачината на ринглата и оставете да се вари околу 30 мин. Прецедете ја течноста, оставете да се олади и со неа исплакнете ја косата по шампонирањето.

    За жал јас престанав да ја користам затоа што малку ми ја затемни бојата на косата, така да доколку сте плавокоси знајте дека за нијанса ќе ви ја затемни косата. Кај темнокосите девојки е супер затоа што дава прекрасен сјај на косата освен тоа што ја зајакнува самата коса.

    Поздрав