Е нема ами како, и за мизерни 2000 ден. мора да се испоти газот...нема рачиња,нема колачиња, нема `рмбање нема ни две илјадарчиња А помагање ми се чини дека не е поим што означува работење од 6 сабајле до ниедно време,право на пауза еднаш-колку да се изџвака корката леб замотана од жената за да ставиш нешто во желудник и прекапан да се вратиш дома ама исполнет во срцето оти си патриот.Ќе работиш него што,не за џабе даваат социјално,тоа не паѓа од небо....ама па добро ги замолиле,учтиво и милно. Да работат да,ама за плата која е пристојна и која на масата освен леб ќе донесе и чинија топла манџиџка и спокоен сон поради платените комуналии, а не да личи на некоја уцена,ако сакаш социјално од 2000 ден и дали се и толку ќе црнчиш у име љубави,ако не, на масата и леб може ќе нема. Не е фер бре луѓе,не е!
А бе се тоа во ред, донекаде можда имаш право, ама јас најчесто се среќавам со социјални случаеви на кои не им се работи ама ИЧ. Со нив што правиме, никој не ги уценува, оти ги сфаќате како уцена понудите за работа? Можностите за вработување се тие, сите знаеме како оди во Македонијава наша насушена, ама и тоа не сака никој да го работи. Еве сум и јас, немам работа( со буџетарска плата), нема каде да работам приватно тука, па не барам социјална помош. Работам што има, што можам, што ми дозволуваат условите. На повеќето работењето во комунално им е понижување, ама не се свесни дека од тоа па има и онакви кои издржуваат фамилија. Па две илјадарчиња за џабе, нема ни во Монако И едно да прашам, зошто центрите за социјални грижи се фатија ко слеп за стап за укинатата парична помош, а не одат да видат кои се, какви се, кои се нивните услови, каде и како живеат, дали се за да раѓаат по десет деца, дали се психички „исправни“. Или само парите се битни
Кате мрзливи луѓе имало и ќе има секогаш, безделничари што се во сериозна врска со креветот иако одвреме навреме вршат прељуба и со фотељата.Мрцини! Ама со мојата филозофија на нештата се коси помислата дека некој кој нема за леб во буквална смисла на зборот би трпел и би седел дома ако му се понуди работа,поготово ако има детски гладни усти за ранење. Муабетот ми беше дека не може ако му дава социјална помош да му ја вади на нос,демек земаш пари од државата и по некое си непишано правило мора да копаш,ораш,малтерисуваш и се она што ќе ти биде кажано.Епа не мора,мора само да се умре! Ако веќе сакаш да направиш нешто на место дај им на тие луѓе работа,нека биде аргатска ама нека биде и соодветно платена,а не да си играш к*р та**к со нив.Срамота е,а богами и греота. И тврдам дека луѓе кои живеат во мизерни услови не би клоцнале нечија подадена рака за подобро утре.Никој не сака со празен стомак да легнува,никој не сака да собира прачки за да се згрее колку без ич,никој...ама тоа е реална слика,такви случаи постојат.И ако веќе не можеш да им помогнеш,не ни им одмогнувај,не им го крати тоа зрнце надеж што им следува!
Ако се потприме само на она што како новина и вест го пласира А1, тешко нас! Ситуацијата на терен е многу поинаква! Можда и полоша од онаа „се укина социјалната парична помош“. Додека социјалните случаеви не се познати на јавноста, умираат и со, и без тие две илјади, раѓаат без ред и поредок, немаат лични карти и изводи, па кога некој ќе умре како скитник, или ќе се убие новороденче од полументеш родители, тогаш, аха, брзо набрзо трчкаат, инаку, за џабе земаат плата тие во центрите. Затоа, не се проблем укинатите парични месечнини, туку теренската состојба, која богами не ни е позната. Ете затоа ви ги наведов таквите примери, кои јас ги познавам во голем број, ете тие кукаат пред камери. А не тие кои навистина имаат потреба од помош
Секако дека не можеме да се потпреме само на она што како новина го пласира А1, но од она што го гледаме секојдневно во приватниот живот, јас лично заклучувам дека реалноста е многу поблиску до она што го пренесува А1, отколку некоја друга телевизија. Ова што Кате погоре го напишала, јас би го преформулирала малку поинаку. Тешко нас, ако бевме оставенни да се информираме само од Сител и мТВ, е тогаш богами ништо немавме да знаеме, тогаш ќе бевме во заблуда дали живееме во Швајцарија или Македонија, ќе се создадеше култ на стравопочит кон лидерот, зошто тој по дифолт само добри и оправдани работи прави(секако според овие две телевизии).
^^^Тоа е веќе друга тема. И ниту една телевизија кај нас не е ништо подобра Но кога станува збор за сиромаштијата, ниту еден не ја интерпретира онаква каква што навистина е. Јас цврсто стојам на ставот дека на повеќето од оние кои кукаат пред камера не им се работи. Вистинските социјални случаеви не застануваат да си ја кажат својата гола кожа и прегладнетост на А1 или Сител. Молчат и чекаат некој од центарот да ги посети и да им даде ако не повеќе, барем малку надеж дека еден ден ќе биде подобро. Еден ден! Ама и ним не им се работи, нишај врата земај плата, па се најдоа нашите ценети новинари да прават поени на од сиромаштијата грбот
Како бре не им се работи Кате? Ете собирале шишиња луѓето, гледаат да преживеат и баш поради тоа им е укината социјалната помош! Мада вечерва што ја гледав таа на А1 беше претеризам! Зошто родила 7 или колку и да беа деца кога нема со што да ги прехрани?! Само на секс им се мисли! Има луѓе што колку толку барем станбено се обезбедени па пак не се решаваат лесно на тој чекор да имаат дете, едно, а камо ли две!
Па за такви зборувам бе Офи, се што досега видов на ТВ беше малоумни, со по сто деца, и збирале шишиња како не. Јас зборувам за оние кои ги познавам, за социјални случаи кои ги имам во близина, кои ги убиваш од молење и не сакаат перце празово да фатат, полесно било 2000д да им стасува на пошта, за нив. Додека вистинските социјални слуачеви никој не ги познава од јавноста. Ги гледам, зеле на 100 квадрати дворче садат тутун, прашај ги земате ли помош, велат не им даваат, а овие на ТВ се капка во морето, и не се ни споредуваат со нив. Убаво кажав мислам, тие не стојат пред камера, не разбираат од политика, не бараат, нема да им дадат, немаат ама молчат и трпат. И не се појавуваат на телевизија. Такви се ретки кои се храбри, од пуста страв од големците. Не работат центрите како што треба, тоа е факт, ама факт и тоа дека кај нас ситуацијата не се прикажува реално, најчесто.
Јас мислам дека институцииве во државата треба да излезат на терен, да направат една добра чистка на луѓе кои навистина безобразно ја користат социјалната помош (пр. комшииве имаат две коли кои ги возат такси, таткото и синот, мајкава е од куќа на куќа, на оговарање, цел ден со цигарите в раце, тие носат дома скара на кило за ручек, нема шо таа да се лиши од оговарање по комшилук за да готви, а керката е права шмизла)и цел живот земаат социјална. Кога би се исчистиле тие луѓе од списокот за социјална фондот би се зголемил, па би имало барем малку подостојна сума за оние кои навистина едвај ја чекаат. Само мнооогу работа треба, и нормално на терен, надвор од удобните канцеларии!
Во времето на СДСМ имаше социјалци, ама за разлика од сега, тогаш јадеа кавијар и пиеја од најскапото француско вино.. NOT. Ви се молам, и тогаш состојбите беа идентични само што немаше која телевизија тоа да го сними и да ја пренесе приказната. А ви треба ли некој да ви покаже како живеат социјалците и Ромите? Не го гледате ли тоа секој ден на улица? Треба ли да и се дава кредит на А1 за тоа што се довлечкала со камерата пред некоја ромска куќа/колиба и тоа во време на протести и секаков вид плукање по власта? Голема работа напраила. Не си ги мамете мозоците. А1 само прави голема фрка, скандали и непотребна гужва. Сите знаеме какви се работите во државава. Ако во некој период, тутунарите не излегле на протест, не значи дека нив им тече мед и млеко. Ако не сме виделе разгневен граѓанин на телевизија, не значи дека тој не постои. А1 трча по секоја запалена куќа, по секое парталаво дете, по секој размрсулавен нос на улица само со цел да направи приказна и да ги наполнат содржините на вестите, зашто ако ги немаат вестите, ќе паднат на самото дно, зашто програмата им е срање. И Сител е блиску до реалноста, се е до сликите кои ги гледате. И што очекувавте телевизија која е финансирана од власта и која е на сила ставена на местото на сега покојната МТВ, да известува? Мислите дека ако дојдат СДСМ на власт, А1 се уште ќе плукаат по власта?
ех луге, луге и ние станавме ко Америка од една страна гледаш џипови и Ламборџини(кај кафулињата на Ленинова) и низ центар, како и низ цело Скопје и Македонија, а на друга страна гледаш како буричкаат по контејнери и слушаш како им ја укинале на трети социјалната помош... ФЕР ЛИ Е ОВА???? некој да има милиони и да збеснува , да не знае што да прави од пари, а друг да не може да се прехрани... и во државава важи правило: тој/тие што навистина немаат си молчат, а тие што имаат се жалат дека немаат, е тоа никако да го сварам, некако не ми оди
проектот скопје 2014 е голем влог и бара многу пари,па вероватно се обидува да се елиминираат сите "непотребни"трошоци,и се крати од секаде каде што се може а најмногу од места каде нема да предизвика многу штета за државата,на пример..укинувањето на социјална помош и тоа како не е издржана и тоа сите го знаат, но по пат на судска тужба може да се поврати,ама тоа е однапред смислено кој би тужел кога поголемиот дел од корисниците и не знаат за своите права и како да си ги остварат и кој би се нафатил на тужба кога ќе треба да потроши пари за адвокати па тужби,а трошоквите за сето ова се поголеми отколку самата социјална помош.мое мислење нема пари во буџетот па затоа се случуваат вакви работи.
Не ми е јасно како не ги е срам да се појават јавно после се што им направија на луѓето......Едвај 1000 земаат па и тие им ги укинаа......во нашата Македонија за кредење пусти пари се е можно....не ми е јасно што прават со тие пари, па се им се малку......страшна работа ама што да правиме кога сме си прост народ ќе играме како што ни свират
Не ги читав мислењата, само сакав да кажам, и дека и тие што зимаат, им касни. Ова е друга работа ама да кажам, се кочи у државава, ништо не даваат. Бидејќи член на моето семејство е болен од хепатитс Ц, добива надоместок за карта за да оди 2 пати неделно во болница на терапија. Тие пари каснат 11 месеци, сега во февруари, ќе биде цела година. Ветено е дека сите ти е пари ќе бидат дадени одеднаш.
Значи нема шанса да земаат 1000 денари и дури ако е така НЕМА ШАНСА да преживуваат со тие пари. Па дајте бре луѓе ви се молам па сите знаеме дека со 1000 ден. се минува најмногу 5-6 дена и тоа бизарно. Секој се снаоѓа кој како знае и умее, никој не чека само од социјалното и немој да се правиме слепи дека не е така. Крадат бакар и продаваат, собираат шишиња и продаваат, работат било што на црно не пријавени и секако самите не сакаат да ги пријави газдата за да не им биде укината социјалната помош...сите знаеме дека е така ама упорно се затвораат очите пред вистината. Па дали е праведно некој и да работи и да зима социјална помош, а некој кој не е способен навистина да работи да зима минимален износ на помош? Наместо на оние кои навистина им е потребна таа помош да ја зимаат во поголем износ, ненаситниот народ сака да мкне пари од сегде! Како јас и мојата фамилија можеме да живееме со 8000 денари месечно, а тие и социјално и дечки додаток и плус приход по друг основ и ПАК СЕ ЖАЛАТ? Мене ми се допаѓа ова сега со измените и намалениот бр. на корисници на оваа помош...не може некој да води борба цел живот за да ги прехрани децата да трча да работи, а некој целиот живот да го помине чекајки државата да му даде и на крај пак не чинело!
Епа кад никој не сака да ги вработи како сакаш да работат, и секако дека ќе збираат шишиња и ти кога ќе си во ваква ситуација секако дека и ти ќе збираш бидејки не ќе можеш да преживееш со 1000 ден месечно па размисли малку убаво што пишуваш
Размислено ми е мене се што е напишано и баш истото го реков и јас....со 1000 не се преживува па се снаоѓаат кој како знае и умее...не се некои средства но сепак некакви се,за споредба со оние кои не можат да работат и зимаат премали средства другите и социјална и работа еееееееепа не бива така...народот претерува. И уште нешто Оној кој сака да работи а не да легачи дома по цел ден има работа....само за мрзливите готовани нема!
Народот претерува?! Ти кажи ми жити се со реална просечна плата не онаа според владата од 9000-10 000 можеш да платиш сметки, кирија и да се прераниш ? Чисто ме интересира. Тие луѓе за ЏАБЕ не собираат отпадоци и покасно ги предаваат, бабини муабети дека народот има пари и ова му е премногу се ретардирани, работа да има како собирач на јаболка сезонски, како келнерка во кафич и слични работни места каде или е привремено и сезонски или бараат млади искусни плус непушачи или платата која ти ја даваат низ нос ќе ти излезе. Газдите никогаш не пријавуваат со ретки исклучоци ако станува збор за ресторани елитни или бренд фабрики. Самите работници не сакале, не ме смеј, кој бе денес сака да биде без здраствено и без стаж да му тече макар и на 6000 плата?
Социјалната помош факт е дека е премала,на многу и сосема им ја укинаа.А касни од истата причина што каснат и платите на буџетарите,пензиите,сите исплати по основ на здравствено осигурување(боледувања,надоместоци за гриза на болен член и др.) и се‘ друго.Проблемот е што пари нема и нема ни да има дури имаме 40% вработени во буџет со просечна плата од 19.000(мислам дека овој беше последен податок,ако се зголемила не ми замерувајте),а остатокот т.е.стопанството нема ни 6.000 просек,а овие се тие што треба да го полнат буџетот,па не треба да е човек не знам каков математичар да разбере дека овде покривање нема на приходите со раходи.Па,за исплати трупаат долгови од ММФ,Светска и Европска банка,издаваат обврзници,на сите страни и од сите извори само долгови,долгови,долгови,но прашањето е до кога,луѓе???!!! И кој ќе ги враќа тие пари кога ќе дојдат за наплата???!!!Мене не ме плаши фактот што каснат сите исплати,ме плаши денот кога нема да имаат од каде веќе да се финансираат и ќе настане голем колапс,како очајни коцкари се,на кои еден ден веќе никој нема да им позајми.Не ми замерувајте ако се оддалечив од темата,ама дури не се разработи стопанството на здрави нозе,приходи ни за социјална помош ни за апсолутно ништо,ќе нема,а ние идните генерации ќе наследиме наместо подобра иднина-гушење во долгови и Бог нека ни е напомош.
Ама нема потреба да ми кажуваш, јас сум сведок на такви случаеви, доаѓаат и ги молат и одбива...не ме зезај, ги тераа корисниците на социјална помош да работат низ градот да чистат...одбиваа, дома зимале 2000 седеле, таму за 4000 ке требало да ораат низ цел град...епа нема веќе така,цел живот на социјална помош,ден стаж да се немало бре! Работа има за оној кој сака да ја најде...а за сите оние што викаат "за 6000 не одам да работам нигде" не заслужуваат ништо. Има луѓе болни и навистина им е потребна поголема финансиска помош, ама од овие "лебари" невозможно е државата да им помогне!