Користење на кирилица и правила за пишување на мислење

Discussion in 'За форумот' started by bilkata, Jan 26, 2010.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Joined:
    Oct 4, 2008
    Messages:
    349
    Likes Received:
    1,683
    Користење на кирилица

    Форумот на Femina.mk има вграден модул за веб-кирилица. Ова значи дека можете да пишувате на кирилица дури и да немате македонска поддршка на вашиот компјутер.

    Ве замолуваме да користите кирилица за сите ваши мислења.


    Зошто да користите кирилица?

    • Кирилицата е нашето автентично писмо и дел од нашиот идентитет. Да ја зачуваме!
    • Мислењата напишани на кирилица се полесни за читање.
    • Користењето на кирилица ќе ви помогне во образованието и на деловен план.

    Како да користите кирилица?

    • Ако имате македонска поддршка на вашиот компјутер, користете ја комбинацијата Alt+Shift на вашата тастатура за ја вклучите кирилицата. Како да инсталирам македонска поддршка?
    • Ако немате македонска поддршка, користете ја вградената поддршка за кирилица на форумот на Femina.mk. За да ја активирате, притиснете го копчето Shift на вашата тастатура 2 пати едноподруго (бидете брзи).

    Останати правила за пишување на мислење

    • Користете интерпункциски знаци.
    • Користете голема буква на почетокот од речениците.
    • Разделувајте ги долгите мислења на параграфи (притиснете „Enter“ 2 пати).
    • Користете го копчето „Преглед“ и проверувајте ги мислењата за грешки пред да ги испратите.
    • Не пишувајте со ГОЛЕМИ БУКВИ.
    • Не користете bold, italic, подвлекување или боја за целиот текст на мислењето. Користете ги овие стилови само кога имате потреба да акцентирате мал дел од напишаниот текст.

    Пример како треба да изгледа едно мислење:
    (Извадок од „Папокот на светот“ од Венко Андоновски)
    Пример како не треба да изгледа едно мислење (истиот текст):

    За крај...

    Корисниците што не ги почитуваат правилата ќе бидат опоменувани, а нивните мислења редактирани!

    Сигурно ќе се согласите дека горенаведените правила ќе придонесат за полесно користење и поголема прегледност на форумот. Искрено се надеваме дека со нивното почитување заедно ќе го направиме ова женско место уште попријатно.

    ;)
     
Thread Status:
Not open for further replies.