Има број за пријавување ако не те ослободат. Пријави ги. Ако ти е страв кажи ми мене, еве јас ќе ги пријавам. Те молам НЕМОЈ да одиш на работа.
А што дека некои трудници не одат на работа? Роднина на мм е трудна,не оди на работа,а планира во сабота во кафеана да оди. Па и мене ме вика. Јас и реков не. Епа што да се каже на сето ова!
Се надевам дека нема да се лутиш на советов што ќе го дадам. Однесете ја жената на психијатар. Колку порано, толку подобро.
Не се лутам. И јас го мислам истото. Во кафеаната каде што сака да оди има преку 100 души, секогаш е фул. Ама шта чеш. Плус има дете помало дома. Нека му мисли она.
Прогласување пандемија значи официјализирање на болеста (во случајот вирусот), односно верификација дека постои, а бројката на заболени секојдневно е во пораст, насекаде низ светот или во големи држави со многу жители. Воедно значи посериозно контролирање и преземање мерки за заштита насекаде низ светот.
Ова со AirCare можам да потврдам дека функционира. Штотуку ми стигна известување нотификација од AirCare апликацијата за вест од WHO. Известуваат дека во соработка со нашето министерство за здравство ќе пренесуваат преку оваа апликација најнови известувања и совети. Треба да ја имате симнато апликацијата од Playstore и да проверите дали сте нагодиле да ви стигаат од неа нотификации. Велат дека ако се покаже како успешен овој начин на споделување во нашата земја, ќе го применат и во другите земји. Мислам дека вреди да дадеме поддршка и да го инсталираме app-ов ако веќе не сме.. Барем ќе имаме релијабилни и проверени информации..
Мислам дека Time е проверен извор за да споделам инфо во врска со вирусов и тоа колку долго живее на површини. Според истражувањата на челик и пластика и после три дена сеуште можеле да го детектираат. Еве го линкот до натписот, а во него е и линкот до студијата и нејзините резултати: https://time.com/5801278/coronavirus-stays-on-surfaces-days-tests/
На Канал 5 во некоја емисија лекар објаснува нешто за вирусов. Кој е пред ТВ нека си пушти, јас пуштив за пресот, па и ова го слушам. Некои општи, ама корисни работи. Таман пишав, заврши. Да ти се сневиди. Меѓу другото, кажа да се дезинфицираат мобилните почесто, мислам дека веќе го спомнавме ова, ама нека стои.
А нели @Yowannty сподели дека и стигнала нотификација во Грција од оператор. Зошто така не направат? Зошто да зависат од апликација?
Не знам дали е од оператор.. додуша не знам како функционира ова, прв пат ми стига ваква нотификација. Не ми стои во меил или пораки. Стои само Notification Center. Ама како и да е, и јас мислам дека е добра идеја.
Можеби тоа решение би било подобро, но зошто се користи апликацијата наместо операторите не знам и не би можела да ви кажам. Јас апликацијата ја имам веќе некој период и веќе ја користев за да следам квалитет на воздух каде што се движам, ова ми дојде ко бонус..