Постојано се менуваат податоците за кои земји влегуваат во високоризични и средноризични, па еве еден апдејт од денес.
Треба да биде задолжително, бидејќи вака " газдиве" ќе се прават на тошо и нема да дозволат како што изјавувале дека мерката за отсуство на еден родител од работа не важело за нив. Сепак трудниците се ризична група.
Корисно да се прочита https://www.slobodenpecat.mk/narodn...lakanata-da-se-vrshat-so-platezhni-kartichki/
Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени. Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придржуваат до мерките, кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Вака е напишано на страната на министерството.
Дека сите заболени го донеле вирусот во земјата враќајќи се од патување т.е. веќе биле заразени од друга земја. А онаму каде пишува локална трансмисија, значи дека има и заболени на кои второстепено се пренел вирусот т.е. им го пренел некој кој дошол од друга земја.
Јас ќе апелирам да се почитуваат мерките и да не се излегува без потреба. Не е тоа без причина, да не требаше немаше да се воведат мерки. За безбедноста на сите се работи, за нашето лично здравје, за здравјето на нашите најблиски, за јавното здравје. Подобро да се остане 14 дена дома отколку после да има последици. Превентивно е ова и сериозно треба да го сфатиме. Останете дома и уживајте во домашна атмосфера.
На следниов линк ја имате листата на дијагнози на хронични болести заради кои може да добиете платено отсуство од работа: https://vlada.mk/node/20490
Вчера работеа со полна пареа. Прашав за денес, менаџерот ми рече ќе работиме, немаме никаков допис дека не смееме да работиме. Имам блиска особа што работи таму, загрижена сум, ќе ја свртам државата ако треба. Неперотини од луѓе, 200 души внатре, се дават од кашлање, нити раце мијат, нити ги имаат пипнато средствата за дезинфекција за раце кои ги донесоа. @An-na Меркиве ни се само за пред светот да се пофалиме. Еве ако некој мисли дека лажам нека врти на дадените броеви од министерството, ќе ви речат не сме надлежни, ќе ве препратат да гуглате. И друго, исто што пишав вчера. Не се врши контрола на граничните премини. Вчера пристигнато комбе од Белгија, никаква контрола. Ако има некој новинар да чита, нека го дрмнат Филипче на конференцијата за ова.
Ги имам излајкано сите по социјалниве мрежи, еве од прееска праќаат известувања до 18 саатот дека ќе работат у согласност со укажувањата на Владата бла бла.
Postoi li broj kade mozat da se prijavat onie koi se vratile od rizicnite zemji a ne se samoizolirale 14 dena ?
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ Еве тука ги има сите точни информации во врска со вирусот од Министерството за здравство. Тука е и листата за високо, средно и нискоризични земји која постојано ја апдејтуваат.