читам слушам гледам ... И искрено изненадена сум. 28 за 24 часа искрено се малку со оглед на тоа колку неодговорен народ сме. На тв слушнав дека фамилија дошле од Италија во Битола и не се ставиле во домашна изолација туку почнале да шетаат. Па што е должен народов да прифаќа болести заради нив?
https://republika.mk/vesti/makedoni...tivni-merki-od-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Девојки има официјална информација за полициски час од денес од 13ч до понеделник до 5ч? Освен на оваа веб страна, не најдов на ниедна.
КОРОНАВИРУС 86 случаи во Македонија (85 заболени моментално, 1 излекуван) 9 нови случаи. Со тоа бројот на заболени во земјата се искачи на 85. Досега, градови во кои има дијагностицирани пациенти се: Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. http://www.femina.mk/
Препораки за заштита за оние што користат јавен превоз https://www.crnobelo.com/zivot/zdra...a-virus-vo-gradski-prevoz-kolku-shto-e-mozhno
https://nezavisen.mk/putin-naredil-ruskata-vojska-pristignuva-vo-pomosh-na-italija/ По Кина, Русија е втората земја која и пружа рака на папсаната Италија. Путин ја ангажирал војската да им достави опрема и медицински персонал на најзагрозените региони. Браво! Во маката се познава пријателот.
Доколку сакате да пријавите трговец кој не ги замрзнал цените на производите кои треба да се замрзнати, како јужно овошје, брашно, зејтин и сл. јавете се на бесплатниот тел. бр. 191 во Државниот пазарен инспекторат.
Прашање: Освен овие дезинфекциски гелови кои се потешко достапни периодов, што друго може да се користи за дезинфекција против коронава?
А има алкохол по аптекиве? Како да ми се жалеа дека и тоа снемало. Иначе сега читам водород пероксид (3% хидроген) можело да се користи за дезинфекција. Исто и Sodium Hypochlorite (не знам како е на македонски, ама со ова се дезинфицираат и базени). Само треба да се има предвид колкава концентрација да се стави. Иначе и двете не се токсични во умерена концентрација.
Луѓе снаоѓајте се за дезинфекција само ве молам пазете се, зашто хлорот е премногу токсичен во голема количина. Консултирајте се со фармацевти. И дезинфицирајте ги само кваките и таму кај што сте поминале со обувки од надвор. Не мора секој ден, секоја површина да се поминува особено ако сте си дома.
Една битна информација. Ако имате потреба од стоматолог, прво ќе се јавите кај матичниот ако го имате, да ве советува. Ако немате матичен, или ако имате некој итен случај, дали болка, крварење, повреда, и слично, значи нешто што треба итно да се санира, да си знаете дека ќе работат само итните служби во склоп на здравствените домови, во Скопје конкретно во Јане Сандански, Битпазар и Ѓорче Петров. За другите градови ќе има стоматолог во здравствените домови. Сите други ординации и амбуланти се затвораат од понеделник, 30.03. Се очекува да ротираат тимови кои работат во приватни ординации како матични стоматолози, покрај редовно вработените во стоматолошка дејност во здравствените домови.
Незнам дали точно погодив тема немам многу време да читам ама овие ги сретнав на нет во Русија има лек за вирусот
Анат, ова важи само за матичните стоматолози или и за оние кои се скроз приватни? Јас уште сум со проблемот